1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сонови

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од Claudia, 22 ноември 2009.

  1. love23

    love23 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    716
    Допаѓања:
    915
    Јас го сонував дедоми жив, а починат е пред 4 години и како на една полјана сме лежеле на едно ќебе, не паметам дали сме зборувале нешто, а после ни будна ни спијам го толкувам сонот во сон дека сум спиела со него како со маж, многу грозно и морбидно :puke: и не можев да се освестам од сонот жива вода станав :emo: , ако може некој да ме утеши за сонот, мајками вика дека сонот значел беда и сиромаштија помгајте
     
  2. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.015
    Пол:
    Женски
    Ќе доживееш голема радост после тага,иако за добро дело нема да добиеш признание.Предупредување: спријатели се со авторитетите на својот живот.
     
    На love23 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Jaс ја сонував следнава реченица:Тешко е да си жив,а умираш,бидејќи луѓето заборавиле на тебе....ова го кажуваше една жена (глумица),така целата побледена беше,како болна....цел ден у памет ми е реченицава,зошто би ја сонувала,кога воопшто не се осеќам осамено или пак заборавено од некој :?:
     
  4. Idonea

    Idonea Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2012
    Пораки:
    322
    Допаѓања:
    642
    [/quote] Ќе доживееш голема радост после тага,иако за добро дело нема да добиеш признание.Предупредување: спријатели се со авторитетите на својот живот.[/quote]
    :clap: :clap: :clap: snowqueen, штотуку протолкува и мој сон, благодарам :)

    Можеби ти си заборавила на некого? Погледни околу себе,можеби некој има потреба од тебе. Моето искуство со соновите вели дека доколку еден сон онака ме стави во мисла, значи дека истиот носи некое значење. :hai:
     
    На CIA му/ѝ се допаѓа ова.
  5. xxAngelxx

    xxAngelxx Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2010
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    968
    Пол:
    Женски
    Сонував како сум надвор на улица беше ноќ и малку врнежливо и само ја здогледав помегу колите доле испод нивните гуми мојата нова црна ташна. Трчав по неа да ја фатам, ама коливе ја носеа се подалеку и паметам последнава кола кога помина од што ја згази и ја искина рачката и ја дотрчав ја земав конечно, и кога видов дека ја уништи почнав да плачам. Исто сонував како отварам прозорец и гледам надвор се беше убаво покриено со снег(не пагаше) и се беше многу убаво украсено со светилки преубава беше глетката.
     
  6. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.842
    Допаѓања:
    25.775
    Пол:
    Женски
    Пак јас со моите болни соништа.

    Сонував дека сум решила да одам во болница да ми ја исечат ногата, из чиста мира.
    Па после пред да се разбудам се предомислив т.е. на крај на сонот,сепак не отидов.

    Бог да чува. :headbang:
     
  7. Tamar4ence

    Tamar4ence Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 мај 2010
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    4
    сонував... мачки :/ ги бркав цело време :P
     
  8. dolly.doll

    dolly.doll Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    594
    Допаѓања:
    505
    Пол:
    Женски
    E jас па како мачки си лежат со мене :lol: :*
     
  9. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.015
    Пол:
    Женски
    Имаш страв да не изгубиш некој близок пријател/ка


    За некое добро што ќе го направиш, нема да ти се врати со добро.
     
    На Tamar4ence му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.015
    Пол:
    Женски
    Опкружена си со лаги


    Ќе имаш нејасна иднина, но верност покрај себе,ќе чуеш многу гласови.Те очекува патување во неизвесност, поради нстан кој ќе се случи (тага,жалост)
     
  11. barbie1511

    barbie1511 Активен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2012
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    6
    Сонувава како сум имала куче џукела беше и како сме се шетале некаде со кучево и тука имало некои скалички и ко водопад течело од нив и доле имало исто така вода и овде на јтрвами братот стоел и нешто ми викнал за кучето и земал му удрил со некое железо и ја сум почнала да плачам да се преправам и сум го погледнала кучето за да му докажам на дечково дека кучето ме сака и кучево фанало се фрлило по братов на јатрвава да го дави и се удави во водата многу плачев кога се случи тоа.
     
  12. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.015
    Пол:
    Женски
    Ти следува среќен период во добро друштво.
    Да сонуваш водопад значи,дека ќе ги исполниш твоите чести желби(во последниот период, и среќата ќе биде на твоја страна.П.С.колку повеќе си плачела толку повеќе среќа ќе имаш.
     
  13. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.263
    Допаѓања:
    43.991
    Сонував како се гледав себеси во огледало, носев цветен фустан, а во одразот на огледалото, беше бел, како невестински, без ракави, а на главата имав дијадема.

    Во сонот трчав во круг околу една шума, како наредени дрва за седење имаше и луѓе што се молат. Со машка личност, на која не се сеќавам на ликот, седевме и ние, имаше како некоја си молитва, поим немам, и цело време ми викаше: Пссст, не се моли гласно, ќе ги вознемириш луѓето овде!
    Го носев истиот цветен фустан, но целиот беше како во кал, од седењето на дрвата.

    Појма немам што може да значи, важно луд сон, сега се сетив на него, гледајќи некои фустани по форумов :lol:
     
  14. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.015
    Пол:
    Женски
    ^ Ете ти го одговорот :lol: се шалам

    Ти претстои венчавње,ситуацијата во која се наоѓаш ќе се среди,иако имаш лошотија околу себе, како што реков дефинитивно свадба за брзо време,веселба.Голема добивка ќе имаш, тешко пронаоѓање на излезот од моменталната ситуација.Ќе имаш некаква корист од машка личност.Не им придавајте толкаво значење на невољите,спознајте ги личните недостатоци.
    И изнаиграј се на свадбата.
     
  15. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.855
    Допаѓања:
    163.416
    Ши вака сега. Многу се концизни показателите во сонот,нема дилеми. Имаш желба да ја затскриеш твојата вистинска природа од лицето на светот. На моменти сама со себе се доживуваш преобично за да излезеш пред сцената на светов кој сметаш дека секогаш бара нешто повеќе од тебе. Треба да воспоставиш контакт помеѓу твојата вистинска личност и онаа која сакаш да му ја дадеш на светот, зошто во спротивно доживуваш сивила кога си под закрила на твојот дом. Пробај да ги испреплетеш твојата детска невиност и навиност,едноставност,со твоите весели елементи од личноста која сакаш да му ја подариш на светот. Не знам зошто се трудиш кога и онака не заслужува воопшто. Трчањето во круг во шума значи дека твоите емоции по некои полиња некако да секнале,па се однесуваш по автоматизам,не знам кога си го сонувала,зошто велиш сега си се сетила,можеби и сексуалните апетити ти се поголеми од она кое го или не го конзумираш.Од друга страна пак се чини дека грозната надворешност со која катадневно се среќаваш ти ја црпи енергијата која ја понираш и шириш без да остане трошка за тебе,па на крајот мора да го изнајдеш правиот начин да бидеш задоволна самата со себе без потреба на светот да му приредуваш бродвејски шоуа,туку ете,внатрешниот баланс да ти биде твоето самозадоволство за да имаш доволно и за себе и за светот и за саканите(конкретно,молитвата).
     
    На Shelea и bittersweet им се допаѓа ова.
  16. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.411
    Допаѓања:
    143.182
    Јас сонував како сум се вратила дома од некоја прошетка со семејството, и одеднаш од некаде во домот излезе некое девојче, на околу 7-8 години, со кафена коса со шишки, облечено во жолта вреќа за спиење, и се затрча накај мене. Јас сакав да ја избркам од каде што дошла, и од некаде излезе цело нејзино семејство - мајка, татко, ми се чини и помал брат или сестра. Не можев никако да ги избркам, ми кажаа дека не сакаат да си одат, ќе си отидат тогаш кога ќе сакаат да си одат. Си легнав да спијам (во сонот), и кога се разбудив, до креветот беше таткото на девојчето во сина блуза и наочари, ме тресеше, а јас се обидував да викам, ама немав глас. Ова со викањето многу, ама многу често го сонувам, секогаш кога треба да барам помош, немам глас. За време на сонот се чувствував одвратно, немоќно, како да не можам да одлучувам сама за својот живот.
    Сфатив дека не можам никако да ги избркам, и се помирив со тоа дека ќе бидат тука, ама имав огромен немир во душата. После некое време, решија да си отидат, и ми рекоа дека ако сакаат ќе се вратат тогаш кога ќе сакаат. Иако семејството беше четиричлено, највпечатливи беа таткото и девојчето, другите беа споредни фигури.

    Го сонував пред речиси една недела, ноќта пред свадбата на другарка ми.
     
  17. HeelsLover

    HeelsLover Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2011
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    655
    Пол:
    Женски
    Сонувам како сум била богата но како сум работела и работела се посиромашна и посиромашна сум станувала и на крај сум одела на улица како сирак |( :P
    Што значи ова?
     
  18. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.015
    Пол:
    Женски
    Очекувај некоја опасност околу себе,бидејќи колку и да се трудиш-се е џабе.
    На крајот сепак ќе прославуваш/или ќе присуствуваш на некоја веселба.
     
  19. Cence

    Cence Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    794
    Пол:
    Женски
    Ќе ми каже мене некој што значи сонов ? :)
     
  20. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.015
    Пол:
    Женски
    Не е дека не сум го видела постов, ама неможам баш да го дефинирам :?:
    Не би сакала да ти кажам нешто погрешно.
    Поздрав ;)