Нема гајле, јас само да си прашам пошо и мене ме заинтересира што може да значи сонов. Ајде кој знае да го протолкува слободно нека пише. Сепак фала ти Snow-Queen, поздрав и до тебе
ај сеа ја да си прашам, сонував некој си сон ама многу беше нелогичен, нецелосен испреплетен. Единствено што се секавам е дека отидов со братот на дечко ми во мекдоналс, имаше многу гужва набрзинка јадевме и излеговме надвор, следно што ми текнува е дека се бакнавме. Само немој да ми кажете дека е нешо подсвесно зашо никогаш брат му не сум го гледала на тој начин, не сум до толку фрик некој си
Соното е добар знак за се што ќе почнеш.Значи во овој период се што ќе започнеш да работиш ќе ти тргне на добро.
Ќе имаш непријатности, нанечесен начи ќе ти земат пари. поп во црно - мала нсреќа поп во бело - голема несреќа, можност и за смртен случај на познаник,близок,семејство...
Пак јас и моите чудни сонови... значи бевме собрани друштво кај некој другар. Таму беше и дечкото со кој моментално т.е. веќе подолго време се муваме и седеше на троседот горе (на тоа што е за потпирање), а јас на троседот лежев со негов другар под ќебе цело време се бакнувавме и нешто ми покажуваше. И овој со кој што се мувам коментираше нешто дека сум кучка, во тој стил. После со другарка ми тргнавме да одиме кај мене дома и по пат влеговме во еден бутик за облека и купив многу перници во различни дезени и бои. И кога дојдов дома мајка ми седеше на компјутер и кога ги виде перниците почна да ми се дере дека не се убави и ми прашуваше зошто сум трошела пари на такви глупави перници (а мене многу ми се допаѓаа), а тоа нешто како изненадување за неа беше. И другаркава кога си отиде, дојде една комшика и седевме и игравме со топче и ни падна и кога се наведнав да го земам ги упалив сијаличките во соба што ми се и другаркава почна да ми ги вади, да ги одлепува од ѕидот, а јас ја нарекував со погрдни зборови и ја избркав. И после кога се вратив во соба на телефон ја гледав неа како лежи на кревет гола горе, од едната страна до неа лежи нејзината братучетка, а од другата страна нејзината најдобра другарка и они две и ги лижеа градите, а она ми се смешкаше. Мислам со соновиве не знам до каде ќе одам, ептен ми се језиви и не знам како успевам вакви сонови да сонувам.
јас многу често го сонувам бившиот,со кој раскинав пред 4-5 месеци и сега го мразам. Знае ли некој зошто го сонувам?
Се верува дека секогаш кога го сонуваш бившиот, тој таа вечер мислел на тебе.Друго нешто да има некое посебно значење нема. Дури научницете велат дека е тоа некој вид на телепатија. Tenkai твојов сон е поголем, а пошто гледам утакмица, немам време сега да го реализир, ќе ти пишам попосле
Незнам шо ми е финтава у последно време со соновиве....се некои реченици сонувам како некој ги кажува и ако малце се помислам всушност имаат значење....баш сабајлево сонував како сум прочитала реченици на крајот од некој расказ во некоја книга и биле нешто како: немој да се срамиш ако родителите ти се разведат,немој да одиш со наведната глава и да се срамиш од погледите,туку дигни ја главата високо и биди силна....може тогаш ќе ти се отворат некои личности и ќе дознаеш дека не си единствена,дека всушност многу луѓе имаат семејни проблеми... И кога се разбудив одма знаев зошто сум го сонувала сонов,бидејќи јас се наоѓам во таква ситуација и треба да останам силна. Друго сонував,како сум пливала во река,со темно тиркизно-зелена боја,заедно со едно дете кое постојано ми се пушта...што би можело да значи ова?
сонував катаклизма голема,поплава со вода и бегам јас и сестра ми а моите веќе биле загинати,целата разочарана бегам по некои планини за да не ме стигне водата а наназад кога сум погледнала видов голем окена од поплавени куќи кои веќе не с егледале од местото каде што живеам,се било вода,страшно? често сонувам природни катаклизми
Јас сонував дека сум стоела на една тераса и сум гледала во бистро езеро и сум сакала да се самоубијам ама не сум имала храброст да го направам.Повеќе пати сум погледнувала во езерото и сум пробувала да се фрлам но не сум можела. Што би можело на сон ова да значи? Многу морбиден сон.
Во овој период на работите кон кои се фокусирана,ќе ти бидат успешни и по план.Покрај тоа и многу грижи ќе ти престанат-на краток период.Ќе доживееш и озборувања, кои ќе те повредат, и ќе ти донесат грижи.
Што значи да сонуваш како зборуваш со мајката на бившиот по телефон? Ладен муабет.. Друго, што значи да сонуваш како метеш бели црви?
-Омилена си во својата околина,продолжи така - Ќе се ослободиш од тешката и напорната рабора,воедно нема да може никој да ти наштети,сите штетни личности околу себе ќе ги одтргнеш.
Дефинитивно,имаш некои работи/проблеми/задачи/обврски кои сакаш да ги избришрш/игнорираш/заборавиш, но едноставно колку и да се трудиш тоа е залудно,бидејќи совеста не ти дава мир. Тоа што во сонот си го губела гласот е вскушност, твојата немоќ/страв или нешто слично, оружјето со кое треба да ги решиш тие некои работи/проблеми/задачи/обврски. Тоа што тие заминале, но ти потенцирале дека ќе се вратат е всушност знак дека ќе добиеш шанса/излез/решение ....затоа искористи го,во спротивно ќе се вратат(односно повторно ќе имаш тежина)
Сонував како сум брзала накај факултет и на една раскрсница(а на неколку метри подолу од раскрсницата се славело нешто како во некој ресторан некој објект не беше јасно во сонот што е,ама таму славел некој мој бивши,кого во сонот не го познавам а инаку по националност бил ром) и на раскрсницата ме сретнала братучеда ми а јас сум била забрзана на кај факултетот некако како бегајќи зошто сум чуствувала вознемиреност од прославата по долу.братучеда ми ме застанала и ми рекла СРЕЌЕН РОДЕНДЕН,и јас сум и рекла: -па зарем денес не е 2 фебруари рано е,за неколку дена ми е роденден?Сум погледнала во телефонот и сум видела дека всушност сум била грешка и навистина била датата од мојот роденден.Сме се поздравиле и сме се разделиле. Подоцна во сонот ми доаѓа слика како се враќам од факултетот и пак се сретнувам со братучеда ми и таа ми дава плико од тој мојот бивши што славел доле(каде претходно ви спомнав)а тој во сонот всушност се женел,и во пликото ми пишело: -да ти биде жал што не си со мене зошто сум ром!Јас сум пола ром, мојот татко е ваша националнот,и тој е бел како вас!!!! Сум го затворила пликото и сум погледнала кон прославата а во душата сум осетила тага. Што би можел да значи сонот,јас симам долга врска и никогаш сум немала дечко со друга нациналност и не сум загледувала воопшто некогаш кој каква вера е нациналност или сл,баш напротив имам и пријатели со други погледи...... Затоа и сонот ми нејасен
Во врска со реченицата како што рече, веќе самата си сватила некои работи, едноставно речи си себеси јас знам јас можам јас умеам, кога самата цврсто ќе застанеш на својот збор и кога самата ќе се трудиш да си помогнеш тогаш и другите ќе ти помогнат.Бидејќи ако самата мемаш надеж, тога уште помалку, не очекувај другите околу тебе да ги завршат твоите важни потези во животот. Вториот сон: ќе извршиш некоја сигурна работа со помош на машка личност.
Да не си гледала 2012, денот после утре или нешто слично Ќе имаш грижи,загуба, сестра ти ќе доживее некаков неуспех, моооогу грижи и тешкотии во животот.Лош период.