Ај една мала анализа молам. Значи сонував мислам некои 15 сона и буквално во сите се утепав од плачење. Секој сон беше различен, со луѓе што ги знам ама сите мене ме обвинуваа за нешто и ме навредуваа. И јас така си плачев, си плачев. И сега си се прашувам дали и на јаве ќе си плачам, па да ве прашам вас форумџиски Фројдовци.
и јас знам дека матна вода е лошо Колку што си си плачела, толку среќа те очекува во престојниов период Пази се од лицемерните пријатели, некој од нив ќе се накити со твојот труд/твоја заслуга
Седев и покрај прозор си ја чешлав косата ама така мирно страшно, ми доаѓаа девојки ми изрзуваа Љубов во сон, само јас ги гледав додека они се приближуваа и само со поглед ги одбивав. И после се сеќавам дека имаше страшна врева во просторијата кај што бев, ама јас останав мирна..
Уште сум малце потресена од синоќешниот сон. Сонував дека сум се преселила во нов стан и сум се спремала за спиење. Кога ги соблекував хулахопките приметив дека цели нозе од колената надолу ми беа прекриени со огромни испакнатини, како плускавци, топченца бели и гадни, ко обвиткани со бела кожа беа. И почнав да стискам едно, со надеж дека ќе излезе нешто, ама го откорнав до пола и ми се виде голото месо и пак го поклопив. Другарка ми беше до мене и ми збореше нешто да престанам да ги чепкам и да им намачкам *не знам што* и ќе ми поминеле ... Што значи ова?
Сонував како некоја зграда-болница,како стојам пред влезот,па заобиколувам околу болницата,па одам по ходници-се некои лавиринти и се дивам колку убави доктори има Па како јас со кратка коса(инаку имам долга)облечена во зелена униформа си шеткам по ходниците со еден доктор и како треба јас да оперирам некоја жена,а јас незнам ниту салата каде е . Луѓе ,хорор ,после ваков сон,жива вода се разбудив. Среќа што се разбудив пред да земам скалпел во раце,Бог знае што ќе сум направила-што на сон,што на јаве.
Синоќа баш се потресов од крајот на сонот.. едендел од сонот не ми текнува, а другиот дел сонував како имам црно куче и си го чувам кучево во соба, му дадов да јаде и ја легнав да спијам, после некое време се будам и го гледам како кучето го истурило јадењето и му ржи на некое мало суштество, не можам да објаснам што беше тоа, не го ни препознав, малце ми заличи на марсовец и потоа пак легнувам у кревет и го глеам суштествово како ми се качува на кревет и се приближува накај мене... почнав да дишам ептен забрзано.. срцето ми чукаше 200 на саат.. и некако ко да не можев да се разбудам... знам дека сакав да се разбудам ама така 10-15 секунди не можев и си викав во себе разбуди се разбуди се и наеднаш ги отворив очите. Ептен ме потресе сонов и коа се разбудив ми беше страв па си се преместив у дневна да спијам Знае некој што може да има значење сонов ?
Сонував како седам со некој и го терам да ми го исече палецот и показалецот , тој одбива и јас земам нож и ги сецнав малку, ама не ги исеков целите и знам дека многу крв ми течеше. Паралелно со ова цела ноќ сонував дека се возам во кола и автобус со огромна брзина и непознати луѓе. знае некој што значи ?
Ај некој нека ми кажи што значи сонот?? стварно ми е битно оти не изгледа добро.. сонував дека јас и другарка ми сме живееле сами кај мене дома, и било ноќ и сме истерувале духови со темјан. И другиот сон синоќа што го сонував. Сонував дека сум се спремала да одам на летување некаде заедно со една другарка. И сум и се јавила ноќта во 10 часот и сме се договарале да тргниме во 11 ама онака набрзина се се случило и таа се спремала исто и јас ама ми рече дека не можела таја да вози (како демек ке сме оделе со кола и ние ке сме возеле) а јас сум и рекла дека не знам да возам пошто сум малолетна. И се појавила една жена.. мислам дека беше нешто како славна личност ама не ја познавам, и таа ни рекла дека ке не однеси. Чуден сон.. :/ ве молам некој ако знае што значат???
-Дечкоти ќе бара некаква утеха од тебе -Ќе доживееш три убави работи, ќе имаш голема радост и чест -Ќе бидеш во некаква си неизвесност, но кратко време ќе трае.
Ќе бидеш емотивно повредена. Колку тргаично на сонот си ги гледала нозете,толку лошо и ќе го пребродиш тој период.
Напредок во животот ќе имаш, ќе пронајдеш нешто многу вредно и никој нема да може да ти го одземе тоа. Некоја желба нема да ти се оствари иќе имаш парична загуба.
Лажно пријателство, внимавај премногу внимание му посветуваш на некого и му веруваш, а тој истиот се обидува скришно да ти наштети.
Многу чудни сонови сонувам во последно време а ретко се сеќавам во потполност што сум сонувала . Сонував како сум играла балет .Што би можело да значи?
Мојот вчерашен сон, лудница! Сонував како со еден тип, висок, смеѓичок, така добро граден како сурфер (нити малку познат, ниту пак личеше на некој од реалноста), одиме пешки по плажа, со нозе во песок. Се смееме, се љубиме, трчкаме. Јас, длабоко во себе чувствувам немир ем задоволство. Ме крена во раце, ме врти, абе ко на филм, ко на спот на Џеј Ло. И одеднаш, ме фрла во грмушка, демек на шала, на смеа. Јас, легната таква, во збунка, гледам дека под грмушката има неколку зајчиња, извадени од памет. А лево од мене, онаков животински бокс, за мачиња. Не ми е јасна симболикава со мачките и зајчињата, уште повеќе зошто толку згоден типац ме мазеше и чуваше, па ме фрли во грмушка Со оглед на тоа какви нервози и неврози претрпев вчера, сешто може да значи ова
Набрзо свадба (немора да значи твоја),убави новости Ќе имаш успех, и поради тој ќе бидеш озборувана.Па затоа внимавај на туѓите лаги и не верувај им многу.И ќе потрошиш многу пари.
Јас сонував едно дете,кое сакам да го видам,како ум го сретнала со братучед ми тука кај нас во маало,и сум се стрчала да го гушнам,ама сум го видела со цигара во раката и сум застаната,сум го изгледала и сум се тргнала на страна...не памтам дали подоцна се гушнавме со него,ама памтам дека со некоја девојка сум се тргнала настрана и многу сум плачела бидејќи детево било со цигара