Фала сно квен, мала дигресија:нокеска пак сонував како сум во продавница повторно и повторни цевли овој пат балетанки...ама немаше мн избор зелени знам гледав и немаше многу на рафтот...нови...не ги купив не ги пробував ама ми ве пред очии.Всушност што значи чевли да сонуваш?мн често ги сонувам еве.... поздрав и фала на толкување ако имаш сознанија за ова пиши
сонував како дедо бил лош и бил во затвор(а јас подобар човек од него мислам дека не постои) ((жив е)) и нешо јас со тато сум била на некој роденден,незнам точно шо било,битно бев на гости...и дедо од затвор му се јавил на тато и ме побарал мене..и сум дигнала слушалка и ми рекол дека на 20 јуни излегува. што значи ?
Леле каков кошмар,аман,не можам мирно ни да спијам.Сонував дека одам на испит,таман сум почнала да одговарам и тој професорот сакал да ме баци,почнал да ме заробува а јас сум го истуркала,дошле и го тргнале.После некаде низ градот,блиску кај шо живеам тој излегол и ме нападнал,ме врзал и ме однесол негде,па некако сум успеала да се одврзам ,да викнам полиција и потоа да избегам,а него го пикнале в затвор! Ухххх безвеза сон...
Јас сум сонувала како бившиот дошол кај мене и ми вика ајде ке те носам на гости кај мене и кажав на мајка ми дека се смиривме и направи баклава и јас му викам па еве и мајка ми прави и почнав да јадам..што значи ова девојки?
Јас сонував секси сон само што штета,личноста која беше во сонот се обидувам да ја заборавам...сонував како сме биле заедно во дискотека,јас сум седела до него,ама потоа сум се префрлила на другата страна од сепарето,спроти него...он дошол до мене и нешто почнал да ми се пушта,да ме допира по рамениците, вратот у таа област ... И овој лепотанов ми рекол дека сум имала мали гради (иначе си имам јас мали,не викам не )...и сум му рекла па ти бе што сакаш на моја возраст балони ли да имам И ме прашал а колку години имаш и сум пробала да ги сокријам годините,да не му ги кажам (дека сме повеќе години разлика затоа) Значи кои луди соништа ги имам,да не ти се верува
Сонував дека со другарките сум одела накај една дискотека и на патот имаше многу ама многу ситни парички по 50 ден, имаше и по 1,2,5 и 10 ден.. Се сеќавам заедно со другарките се наведнавме да си ги собереме и јас си ги наполнив џебовите со ситни пари... Што значат сега ситни пари на сон??
ситни пари мислам дека беа богатство нешто ако не се лажам... А расипан заб? единицата горна како дупче да ми имаше најгоре на забот :/ а и знам на мајками нешто и велев извади ги вилиците ако ти сметаат, се жалеше таа дека и се наткревало :/
Сакам да ве прашам можеби некој ќе знае да ми каже што значи сонот што го сонував, можеби дека имав температура сношти неможев да спијам аууу цела вечер се превртував, ама едни страшни сонови што сум сонувала леле, чудо невидено значи сите можни бивши во еден сон ги сонував и не сум знаела што да правам со сите ми се јавувале со сите сум закаживала состаноци не сум знаела што да правам, а со овој сега што ми е дечко како низ магла така сум знаела дека постои но мислам дека и тој сум го гледала како бивши некој....аууу чуден сон с с с
Мојов сон е малку чуден но не ми е прв пат да го сонувам. Епа вака се наоѓам во тивко место,темница...полна месечина,и одеднаш се кревам во воздухот едноставно “летам“ ама не такво летање,него едноставно издигнување во воздух..лебдам.И оддеднаш доаѓа црна кола и слегува човек од неа,и тогаш се будам...
Девојки на сите ќе ви пишам, но колку ќе стигнам ноќеска толку,другите утре, за да ѕирнам и во другите теми на фемина новитетот е среќна иднина, претпоставувам надоврзување на претходниот сон.
Побарав во новиот соновник но токму тоа што сонував нема па да ве прашам случајно некој да не знае.Значи многу ама многу мала куќа со многу низок таван, собите 2 на 2 и пренатрупена било...многу мали масички колку да нема празно место воопшто (само за пречење биле) и сум седела внатре со некои луѓе што ги познавам но цело време сме молчеле и како да сум се гушела од теснавата...Што би можело да значи оваа?
Ќе присуствуваш на некој состанок/собир/на кефе, и тој некој ќе те лаже. Внимавај тие лаги да не ти донесат несреќа,самата себеси несвесно да не си наштетиш.
Имаш некоја непријатна задача/обврска која чека на тебе.Ќе имаш загуба во куќата,но се ќе се заврши со добро,и ти претстои среќа
Сонував како имам дечко(а немам). Не му го видов ликот, не беше некој кој го познавам. Шетавме некаде, нешто како паркче. Е сега моментот е: Не се држевме директно за раце, туку тој имаше на рака каивче(како тие за кучиња ) и јас го држев каивчето и така одевме еден до друг значи, не го влечев.. Некој?