Дечко ми сонувал како сме се тепале, т.е јас него, како што видов тепање значело дека некој ке се вмешал во нашата врска. А јас сонував како сум била кај тета, сме спремале нешто, сум досецкувала руска салата велеќи дека нема да стаса.... А целиот мебел по сите соби бил преместен и грубо натрупан...... :/
Некој од твојата т.е. вашата околина (близина) сака да ви наштети(на целото семејство).Најверојатно се подмолни пријатели.Кога ќе дознаете за кого се работи многу ќе се налутите, но ќе успеете да се одтргнете од тие (не)пријатели.
Немој да се надеваш премногу за некои работи, бидејќи нивното неостварување ќе ти донесе преголемо разочарување.Дури и одредени луѓе ќе ти бидат неблагодарни. За сето ова ќе бидеш преплавена со тага.
Сонував како сум била кај некое езеро и се фрлал крстот и како ја сум го фатила имало тука многу попови и потоа не сликале сите заедно и не имало во весник.Од тука сме отишле во мццрква на ручек и имало една голема маса каде сите биле попови и јас со нив.Што значи сонов?
Еве ти го и твојот сон, за да не ме банираш пак Те очекува патување во неизвесност си. Ќе имаш некаква кавга и разделба поради лажно пријателство.
Ќе имаш големи пријателски собири, наредниов период ќе преовладуваат пријателите во твојот шивот. барби и јас имав ист ваков сон-како сум го фатила крстот, ни самата незнаев да си го објаснам, баш и овде го пишав во темава.Џабе ќе ти пишувам нешто,кога незнам дали е навистина така.
И јас истото го направив, однесов литро зејтин, оставив пари, си земав вода, дека дента баш водици беше, си запалив свеќа и толку.
Јас завчера сонував многу бубачки, толку ги имаше што неможев да ги испотепам. Нешто како бубашваби беа, само големи. И плачев кога видов дека ги има низ целата куќа.
Две вечери по ред сонувам како го тепам татко ми. Ама го тепам, пуздер го правам и ко не ми трепнувам.
Сонувам дека се наоѓам во пустина, вечерно време. Значи околу мене буквално немало ништо, само јас сум седела во колата и сум се чудела како сум се нашла таму. После тоа сум тргнала со колата по песокот, и после тоа се најдов на автопат. Многу чуден сон, како навистина да ми се случуваше.
Некој лек за да не сонувам толку? претарав периодов, само сонувам нешто..дури и турскиве серии почнав да ги сонувам, а не дека сум ги гледала дента, на пр. синоќа величественит го сонував, цели настани... а не го гледав филмот дента.. Долги сонови што не ги памтам сите, преку глава ми се веќе..:/
Те чека период со грижи и опасности, но благодарение на самата себе си со упорност многу брзо ќе ги надминеш.