Да, значи.Некој заедничи план,работа....нешто заедничко што моментално планираш со другарка ти, нема да ви успее.
Уфф во последно време многу сонувам. Понекогаш неповрзани работи, а некогаш цели приказни. Вака, последно на што се сеќавам е дека сонував како сум на голема прослава, со многу луѓе, меѓу кои и мои познати, најдобрите пријатели. Но не ми обрнувале внимание, а јас цела вечер сум ја преседела во еден ќош, сама и разочарана. Потоа, сонот продолжува кај дечко ми дома, заедно сме а одеднаш му се јавува бившата, си прават муабет пред мене, ништо не ми кажува и весел и насмеан си оди кај неа. Се моли Snow-Queen да помага.
Те очекува убав период со весело друштво,надежите кои ги имаш моментално ќе ти се остварат(поврзани со дечко ти)
Сонувавкако сме украле со дечко ми некој огромен сребрен приврзок од синот на некој сопственик на некој позната компанија (Нестле ако не беше). Цело време после се обидувавме да се однесуваме како ништо да не се случило и да се прикриеме, затоа што бевме на некоја екскурзија огромен број на млади луѓе и сите бевме сместени во ист хотел. Јас цело време имав грижа на совеста и многу се мачев, цело време мислев како сум се променила на полошо, дека никогаш немам ништо украдено, а сега крадам нешто свесно. И се разбудив тогаш, го погледнав дечко ми и вика дека сонувал нешто многу лошо. Го гледам целата збунета и го прашувам што сонувал и тој ми вика дека цела вечер сонувал како не брка полиција затоа што сме убиле човек. Испаднавме криминалци на годината
твојов сон е прв дел на филмот, а неговиот втор дел, лелеле колку слатко се изнасмеав Па и Нестле....хахахха точно и прецизно Ќе се срчкаш со дечко ти, ќе имаш одредени неуспеси во низа. Но воопшто не се секирај, тоа ќе биде краток период по него имаш многу веселби и среќни моменти во љубовта. Сонот на дечко ти: нека внимава и биде претпазлив од двосмислените работи.
Сноу-квин, тоа со Нестле е затоа што ми се јадеа нестле коцки од Специјал. А инаку точни и прецизни сонови сонуваат луѓето што имаат развиена потсвест. Исто така тие често сонуваат дека сонуваат или дека се будат од сон. Јас еднаш 3 пати сонував во сон, т.е. сонував дека сум сонувала дека сум сонувала
Некој ќе те изневери(мислам дека ќе биде женска личност), во смисла ќе те прелаже, ќе ти вети а нема да оствари...
Пред неколку дена сонував многу лош сон што не можам да го заборавам. Сум стоела на тротоар и сум гледала како поминуваат колите,така брзо,залетано. Поминало едно мало дете околу 4-5 години и се возело на нешто слично на тротинет, де по тротоарот,де по улицата. Сум го искарала да не вози по улицата и по неколку секунди го удрило кола и побегнала. Глетката беше ужасна.Кошмар. Не можеле да ме смират,не сум престанала да плачам. Што би можело да значи овој кошмар?
Пред 2 вечера сонував како сум била дома и зборам на телефон со бившиот. Правам неколку чекори и како да влегувам во школо и одеднаш го гледам татко ми и исклучувам. А бившиот на телефон ми ја пуштил песната Знам тај смешак и ми ја пее, тој пее па јас пеам. И се разбудив. Што значи?
За одредени работи омилена си во друштвото, но не на сите им се допаѓа тоа.Ќе те очекуваат итни работи, и за многу од нив кога ќе ти биде најтешко ќе побараш утеха кај татко ти.
Сонував дека една другарка починала и дека низ светот сите разбрале. Се отепав од плачење ама на крај испадна дека е жива т.е. лажна смрт. Некој да почини и тоа што сум плачела значи среќа. Ама што значи лажна смрт?
Јас пред два дена го сонував еден проф. и му реков се гледаме утре на факултет( требаше четврток да почнеме) и ми вика ама зошто утре, од понеделник почнуваме. Кога ќе проверам ко‘ станав асистентот објавено дека од понеделник стварно почнуваме
Сонував како стојам на мојот балкон сама, и ми дуваше ветер на лицето не многу, и слушајки го оџата како ја пее утринската молитва, се насмевнав и погледнав нагоре кон небото кое беше темно тмурно некако, со облаци и одеднаш ми испадна црвено срце на небото <3, ама тоа беше секудна и потоа се изгуби??