Сонував како се карам со дечко ми, и на крај сме раскинале. Тој излегол од собата, ја треснал вратата толку силно што сите sидови се тресеа. Што значи сонов?
Добро бе мајку му стара, ако соновите се состојба на идот, мојот ид е премногу заебан, пардон мај френч. Сонував како сум се самоубила, се сечев по лицето, вагината, стомакот, бутовите, градите... На крај се исеков на пола. Наеднаш се ставам во друга улога, на набљудувач на местото на убиството и си ги гледам органите во розева кеса, обична, пластична онаква. Се тргам од шупата каде ми беа органите и го барам дечко ми а него го нема. И ондак то. Некој по компетентен да протолкува?
И на братучетка ми и се појави св.петка во сон нешто и рекла нз шо и братучетка ми отишло во црква св.петка да запали свеќа и да однесе зејтин и истаа вечер пај и се појавила св.петка во сон и и рекла фала што ме посети чудна работа
Пак го сонувам Крушево, и пак најдобрата другарка од детството таму. Значи пак се заредија соновите поврзани со Крушево. Еден период со месеци едно по друго го сонував, отидов таму и соновите престанаа. Сега пак ... ко божем јас не сакам да отидам. Почнав да верувам во соновите кои велат дека ако сонуваш некое место подолго време дека треба да го посетиш. До толку ли сум поврзана со Крушево ?!
обично сонувам глупави сонови,но поглуп од овој неможеше..го сонувам неколку пати и искрејно страв ме фаќа.. сонов..како се пред мене црна темница,значи се буквално црно прст пред око не се гледа,а некаде понапред бел осветлек круг,како дење..требало да отидам кај кругот зашто таму живееле баба ми и дедо ми тетка ми и тетин ми..сум отишла и имало некој дебел гајтан на улицата пред мене (црн) а колата на тетин ми била дигната во вис и ја послел со струја..таман сум дошла пред осветлениот круг сум погледнала нагоре имало онаква electric current ball знаете со плаво и розево ко шо е само ова било огромно и ја сум била внаре..наеднаш за да поминам сум го пречекорила црниот дебел гајтан и сите во дворот што биле свикале..и ми рекле дека сум била во голема опасност,дека можело да загинам ако сум направела уште еден чекор....2 дена по ред го сонувам истото..во меѓувреме мама ми се јави(сега пред 15мин) и ми рече во недела дека прочка да идеме кај баба и дедо во таа куќа...леле многу ми е страв луѓе,никогаш не сум се плашела вака...дали сонот имаше врска со нешто ? дали да си седам дома во недела и да не идам кај баба и дедо...цел сон ми е пред очи и ми иде да плачам кога кје помислам :/
Што значи да сонуваш *стара симпатија* како на фејсбук нешто објавил со мое име, а се немаме во пријатели(на фб, во сон ) И една трета женска личност,моја познаничка,го адднала чим видела. А да,тој бил на одмор,па слики од одмор демек гледам кај него...
Мислам дека нема некоја посебна поврзаност со твојата бременост, освен ако не носиш близначиња па да е тоа знак. Инаку вака сонот значи некоја голема прослава со блиски пријатели. Имаш некој огромен проблем-терет од кој се трудиш да избегаш
Ќе ти се пружи шанса за патување, но ќе се двоумиш поради другите обврски. Среќа и задоволство во наредниов период од животот
Го сонував мојот починат дедо како ми се покажувал,после дошол ист како него и се омажил со баба ми .Феминки може да ми кажете што значи ова?
те очекува некој ризик во животот, биди доста претпазлива зошто бистра/чиста вода не е убав знак Ќе доживееш некоја незгода, и премногу ќе се трудиш да избегаш од последиците.
Што значи сонов?се сонував дека сум трудна и бев во 4 месец,ама немав стомак.И кажував на 1 другарка и рачунав дека треба да се породам крај на април или почеток на мај.Така испаѓаше на сонот.А стомакот ми беше даска.
Јас сонував како сме живееле во стан,а до нас имало еден преубав огромен хотел со базенти и триста чуда...една вечер сме отишле со братучетките таму и имало еден богаташ ни давал пари и ми дал 30 евра железни и плус уште 7 ден (железни исто). После сонував уште еден сон,како требало да одиме кај некој другар да гледаме кошарка,ама не сме отишле,туку сум отишла некаде сама мислам дека сум се санкала...и не ми текнува на друго нешто.
прв сон - во наредниов период ќе имаш големи трошоци втор сон - во наредниов период ќе имаш брзо темпо на живот Имаш или ќе имаш некоја тежина, но кратко време ќе трае.
Ќе доживееш непријатности, за кои самата си виновна.Последиците се лично од тебе. Среќа во љубовта, и остварување на ново пријателство
Ве молам некој ако знае да ми го протолкува сонов. Сум била во улицата кај што живеат дедо ми и вујко ми, и сега веќе починатата баба. Ама некако беше чудно,осветлено како да се наоѓам во некој друг свет. Сум зборувала со вујко ми, а тој во сонот бил видовит. И сум му рекла е сега штом стана видовит, да ми одговориш на неколку прашања. Имаше и уште една женска личност, мислам мајка ми и го поттргнав на страна за да не слушне. Му реков, кажи ми дали ќе влезам во ринг. (за бокс ова) И он ми рекол нема, ќе имаш некои љубовни проблеми. После сум му рекла е ај за да видам дали стварно си видовит, кажи ми како се вика тој и тој, еден човек што во вистински живот му го знаеме само надимакот, и он ми кажал и име и презиме. После пак сум го препрашувала зашто нема да влезам во ринг, ама он само ме гледал и ништо не ми одговарал.. Уф, језив ми е сонов некако. Барав на нет ама ништо не најдов.
Не е ништо страшно, сонот ја симболизира твојата моментална ситуација, бараш одговори во врска со одредени работи во твојот живот, одредени работи ги криеш од личности кои можеби би можеле да ти помогнат. Здравје и долг живот
Се вели ако најмалку 3 пати сонуваш еден ист сон,некои настани навистина ќе се остварат. Некој постар пријател/ка повторно ќе се врати во твоето секојдневие.