Сонував три кучиња сите беа врзани со ланец околу куќата на вујко ми и едно бело со црно беше тоа се исправи на двете нозе и јадеше некое друго животно цело крваво беше...
Девојки се работи за 3 сонови, прилично лоши, се плашам дека навестуваат нешто и сум загрижена . Јас го сонував следново- мали змии излегувале, една црвена, друга зелена итн. и додека да дојде татко ми една сум извадила и од грбот, значи околу мене била ама сум ја фрлила. Потоа дремнав 5 минути и ја сонував баба ми која е почината како седи со нас на маса, собрани сме и јас и сестра ми, претходно сум јадела слатки, убави чоколадни. Прво сум правила муабет со баба ми која е жива за да станам за работа и у муабетот се вмешува и почината баба која вели ако треба она цела рака ќе даде за да станам за работа и седнала до мене и ми рекла дека убав бил материјалот на пиџамите и јас сум станала и се разбудив. Другиот сон е на сестра ми. Ја болело некој од крајните заби и по пат накај болницата престанало да ја боли забот, но во болницата и ја скратиле косата и и ги скратиле и шишките. И третиот сон го сонил вујко ми. Нему му ваделе некој од предните заби, со анестезија, не осетил болка во сонот. Но тој заб му бил болен и му се клацал и си мисли дека и затоа го сонувал. Но јас сум загрижена. Тројцата сонувавме вакви сонови во ист ден. Се плашам. Вака по соновници видов што значат работите ама оделно, но сакам да ми протолкува некој кој добро го знае значењето на соновите.
Веќе неколку дена по ред сонувам сличен сон со како сум на авотбуска станица и чекам авотубс но секогаш го пропуштам кога ке дојде и потоа продолжувам со чекањето Што значи ова ми досади да чекам по автобуски станици
Помош! а бе често сонувам последниов период...сонував дека купувам стан,мал беше...што значи? А плус го купував од 1 другарка уствари душманка скарана сум со неа,немам контакт,ја избришав од животов.Таа и дечкои го продаваа станот за многу евтино мислам дека беа 1000 евра и се договаравме да го купам,бевме во станот внатре.На сонот не бевме скарани. Ај ве молам некој нека ми каже.Благодарам.
Драги феминки,еве ме повторно .Би сакала да ми протолкувате два сона,многу ми е важно и чудно се осеќав. Првиот сон:сонував дека братучедката на мојот бивши ќе се мажи(веќе е мажена),и отидов на прославата на терасата,имаше многу народ ,таа беше облечена во венчаница ,но кратка до колената.Наеднаш јас зедов да се шетам по терасата,отидов во новото ве це,кое било големо и убаво,и овде се присетив на мојот бивши. Потоа се разбудив,и пак си легнав ,и замислете пак сонувам сон поврзан со мојот бивши . Вториот сон:требало да бидеме кумови со семејството(кои патем исто така се венчани,ние бевме кумови) и исто свадбата требало да се одржи на терасата на мојот бивши . Полека почнавме да се спремаме ,јас се облекував во истиот фустан што го носев тогаш на свадбата,и го замолив брат ми да ми стави гердан на вратот,но тој не можел да ми го закопча и јас сама сум си го ставила.Касневме на венчавката и невестата неколкупати ни се јави,веќе било 9ипол вечерта. Отидовме влеговме во куќата на мојот бивши,но младоженците биле некаде надвор,и овојпат терасата беше потесна имало некое коритце потпрено за зидот,се свртев околу мене и тоа беше се. Ве молам одговорете ми ,овие сонови ме загрижија . Ви благодарам за вниманието и однапред ви благодарам
Ноќеска сонував како од кај една комшика сум земала 4 книги(и се тоа чик литература ) и неколку цд-ња со најнови филмови. Сум била радости у младости
прв сон - Ќе се налутиш,раскараш со некои пријатели кои ќе сватиш дека се подмолни. Но по тагата те очекува радост. втор сон - навреда и загуба на нешто драго трет сон - разрешување на моменталната ситуација
Ај пак јас...сонував како сме биле на кафе со едно дете со кое ќе испаднам во сабота,ама не сме биле сами,туку со друштво...потоа додека сум се шетала (нели од кафево,па малце прошетка) сум ја видела другарка ми како она седи во некој кафич и нешто цвет држеше во рака,дали јас и го дадов или она веќе го имаше,не ми текнува,ама ми текнува дека кога сум се свртела да си заминувам,како ѕид се направило пред мене,полн со цветови како што држеше другарка ми во рака,бели мислам дека беа...ептен имаше такви цветови околу илјадници и повеќе.Што би можело да значи ?
Јас сонував како патувам до некој град и минувам низ пат кој порано не сум го видела.Значи,ептен тесен пат а од страните зелени полјани и сум се восхитувала на гледката.Вториот дел од сонот,сонував како сум имала бебе.Значи,го гледам во колевка и одеднаш почнало да плаче.Јас не сум знаела што да направам за да го смирам и тука ми заврши сонот.На соновите убаво се сеќавам во моментот кога ќе се разбудам,вака заборавам некои детали.Ме интересира што би можело да значи ова?
јас цесто ги сонувам овие 2 сона... 1-како да има некое маско сто многу ме сака и прави се за мене и секогас е со мене(знаци ме сака како сто сакам да е навистина таа лјубов да имам момце сто така ке ме сака)..но никогас не мозам да му го видам убаво лицето се несто неубаво се гледа... 2- а овој и тој цесто го гледам сонов..како еден заб од горнава вилица ми е намалце да падне али ретко ми боли повеке кога сонувам само онака без болка само како да ке падне...и сум се пласила бидејки е напред и се гледало-оти ке ми бидело гадно и неубаво
Девојки ме интересира, сонувате ли „во боја“? Ги гледате ли сите бои, има ли сонце во вашите соништа? Јас на сите соништа што се сеќавам се во полусветлина или полутемнина. Како на рано зазорување, или доцно замрачување. И нешто што сум приметила, никогаш не го сонувам сонцето. И никогаш не сум сонувала живи бои, еве највеќе светло и бои што сум сонувала било вакво нешто Другите соништа ми се многу мрачни, скоро секогаш е ноќе во соништата, или ако е ден, тогаш е облачно и многу многу тмурно и се е сиво. Само кај мене ли е вака или кај сите?
па не дека ми паднал како да ке падне,како на малце да е за да падне не дај господ за тоа... а другиов сон сто мозе да е
За некоја работа во која си вложила многу труд, не губи надеж со добро ќе ти се врати. Ќе доживееш некакви непријатности.
Во последно време 2-3 вечери уназад ја сонувам мојата најдобра другарка што ми беше, но со неа не контактирам веќе година и више.Еднаш ја сонував како сме биле излезени и сни репиле дека вака не иде и дека мора да погазиме некои работи и да се смириме.Се прегрнавме и толку беше.А вчера пак ја сонував како од факултет (инаку не студираме на исти) со други колешки сум била кај неа.Односите не ни беа нешто нај но сепак имавме некаква кумуникација.Што можи да значи?
Посета со непознати луѓе,среќа, свадба твоја или на некој близок. По извесен период моменталните проблемчиња ќе бидат разрешени.Но тоа разрешување донесува нови обврски. Чесно ќе одработиш некоја должност.