За некоја работа во која си вложила многу труд, не губи надеж со добро ќе ти се врати. Дај боже ...фала ти за толкувањето.. досега се што си кажала се е точно з асоновите, барем за моите
Мечтаењето,идеите што ги имаш имаат голема можност да се остварат,но внимавај на околината што зборува - бидејќи тие можат да ти го уништат планот, а и да ти наштетат тебе лично. Теочекува важна работа/обврска, некоја новост ќе дојде во твојот живот,нешто што ќе ти донесе среќа. Баш ми е мило
или не сонувам ништо или кога сонувам,сонувам толку реално..пред некој ден сонував многу чуден сон,сонував умрен човек постар(што го познавав) и во сонот беше жив и само јас го гледав.. што ли може да значи ова???
Па на сон е убаво да плачеш тоа значи дека ќе се радуваш многу.Јас така знам.Да се смееш не чини на сон а плачењето е добар знак. А бе ме збунивте со сонот за станот шо го купував мене ми рекоа дека тоа значело венчавка,брак. Сега незнам што е точно.
можност од загуба на блиска личност Тоа значи дека си многу одлучна, нема колемо двоумење во донесувањето на твоите одлуки, кајтебе или е црно или бело, нема сиво.Или да или не, нема можеби.
Сонував како во исто време јас и мојата симпатија, влегуваме во исто време во една соба, а јас бев само по бели гаки, а горе носев бела кошула, и затоа и влегов во собата да се облечам нешто, а тој влезе за да си ја земе јакната бидејки беше дојден на гости, за да си оди. Ми ја пружа раката да се поздравам со него, а јас му ја фатив раката погоре. Извадив толку облека од шкафот, едно купче и на крај се облеков бела тренерка. После слушнав како некој ми вика да одам да го испратам, и во тој момент држев клуч во раката??
Оох каков сон сум сонувала. Повторно еден кој е тежок за објаснување (бар така мислам). Сме се шетале со дечко ми во населбава, а по некое време ми рекол дека ќе оди со некоја постара жена да тренираат. Таа дошла со велосипедот, јас сум се поздравила со него и заминале. Потоа сум ги гледала вечерните вести (иако реално тоа е премногу ретко) и сум ги видела двајцата на Охридската телевизија, давале изјави. Го прашале него дали имал односи со неа, тој рекол: Да, и вчера и завчера. Потоа репортерите почнале за друг настан да зборуваат. Јас сум се вџашила, сум била пренервирана до немајкаде. Сум пробувала да го уклучам телефонот да му пишам порака за да се видиме и да заврши нашево, но не ми се уклучувал. И се разбудив, толку.
Ќе разоткриеш некои тајни,кои ќе ти помогнат да донесеш некоја одлука,да добиеш одговор. (немора да значи дека е ова за дечко ти, за било што и боло кого во твојот живот)
Ајде Сноу или некоја друга компетентна форумџика, нека гукне нешто за соновиве мои кои ме растревожуваат во последно време. 1 сон. Седам во некоја куќичка од дрво ли беше немам поима. Ја набљудувам од прозор патеката пред куќата. Чекорат многу луѓе, а меѓу нив го забележувам и брат ми. Во друштво беше со Ферус Мустафов ( ), негов близок другар и една unknown машка особа. Забележувам дека брат ми го поткрепуваат двајца затоа што тешко оди. Не знам што му беше...неговиот близок другар заостанува за да си ја врзе патиката, јас во тој момент истрчав од куќарката кон брат ми, другар му го потчукна малку појако брат ми, тогаш брат ми изгуби свест и падна на снегот, не даваше знаци на живот. Се убив од плачење ... 2 сон. Пак поврзан со брат ми. Доаѓам дома, и по патот накај дома сретнувам 2ца другари пак на брат ми (меѓу кој и веќе погоре спомнатиот), се разминувам со нив на скали, брат ми ги подиспратил, го гледам брат ми во очи и ми рече, цитирам: `Немој и ти да плачеш како нив`. Тогаш видов дека куца со ногата и едвај се движи. Се затворив во соба и почнав да плачам пак. Немаше многу да се загрижувам во соновите ако не беше брат ми, кој што го сакам со цело мое срце и сум загрижена за него. П.С: Опростете на подробностите, што толку детално ги опишав соновите.
Пред некое време сонував ептен страшен сон... Сум била во некоја нова куќа и се влегувало од лева страна, имало ходник во форма на круг и две соби. Јас сум седела во кујна и кујната гледала накај ходникот и имало едно мало прозорче како во сендвичарите, поточно како шалтер од банка. Во ќошот имало кревет и мајка ми спиела на него. Јас сум ја бришела работната површина во кујната. Имало и на тањирче направено еден колач што го правевме со мајка ми минатото лето и било ставено на прозорчето. И влегол еден човек го зел колачот го превртел и тој делот со вишна ми го расфрлувал низ површината и јас нонстоп сум бришела. Мајка ми се подразбудила и ми рекла демек што е што се случува и јас сум и рекла дека не е ништо и да спие. Во тоа време низ градот се зборувало за сериски убиец кој сечел глави. Човеков ми рекол да го запомнам 5-ти декември. Во моментот некој заѕвонел на вратата и јас сум се стрчала и сум му рекла на човеков демек сега на сите ќе кажам кој си и што правиш. Тој ми рекол:„Немој не го прави тоа ЗАПОМНИ ГО 5-ТИ ДЕКЕМВРИ“. Јас сум се уплашила и сум рекла добро добро нема да кажам, но тој веќе со големи чекори излегол од собата... Се разбудив препотена цела и после неможев да се соземам и многу плачев. Ве молам што побрзо протолкувајте го сонов.
Ноќеска сум сонувала како сум била повторно во основно. Знам само дека дојдов последна на часот со едно девојче и кога ја видов класната што ни беше многу ја изгушкав а сите ми се чуделе.На крај жената се расплака и почна да ме одбегнува...чудно.
Во последно време спијам многу лошо, се будам по неколку пати и сонувам по 2-3 чудни соништа секоја вечер. Прво го сонував татко ми како бил многу бесен,некако не усшеав да разберам за што; потоа како сум била крај базен и третиот сон беше нешто со масар, во некој кинески кварт (јас како да бев во туѓо тело) и за да избегаме од немирите морав на неколку луѓе да им ги пресечам рацете и нозете за да можат да ѓи спаковам во кутии и да ги пренесам на другата страна на мостот O.o..одвратно.. Сонот што ме остави во мисла беше тој со базенот. Сакав да се одморам од нешто и сум отишла во некоја вила покрај која имаше огромен базен (цело време водата беше чиста, со убава сина боја и можев да го видам дното). Знам дека беше квечерина. Прво базенот беше полн со луѓе кои играа некаква игра. Ми требаше подолго време да се кандисам да влезам во него и кога влегов постојано требаше да внимавам да не се судрам со некој. Ми беше страв да стапнам, мислев дека е предлабок, но испадна сосема спротивно. Видов дел кој беше "послободен" и со пливање се упатив на таму. Додека да стигнам базенот веќе се испразна и немаше други луѓе, ни во него ни околу него. И само што се израдував дека ќе можам на мира да пливам, потонав и почнав да се давам. И ова е чудниотдел: се појави уште една јас надвор од базенот и ме извлече од водата. Почнав да мавам со тупаници по градниот кош и стомакот на "давената јас"и потоа со ногата, за да може да излезе водата од устата. И така правев неколку пати, и не успеваше. Се завртив во паника и ја видов сестра ми како лежи покрај базенот и дека од неа излегува водата. И знам дека требаше да се удирам самата себе за да ја спасам неа.
Сонував како лутам по улиците бесцелно со еден пиштол во рака,како да бегав од некој..Потоа се најдов во една планина и како што ја гледав природата еден орел почна да испушта звук ама силен и се наближи над мене многу ниско и ме гледаше готов да ме земи со нозете ама ништо,потоа се најдов незнам како во прегратка на една непозната особа и многу плачев и му реков-неможам повеке вака да лутам сакам да се вратам дома и таа ми одговори-готово е се помина...толку беше.
Сонував една моја комшика гола, како стои пред огледало во купатило, се гледа и си го гали стомакот, а од вратата ја гледаше мажот и.