Сонови

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од Claudia, 22 ноември 2009.

  1. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.499
    Ноќеска сум сонувала како мајка ми умрела а телото и било изгорено и покриено со голема кеса, и било ставено во еден чамец кај нас во двор. И сум ги сонувала дедо ми и баба ми како седеле на столчиња во дворот, (а дедо е умрен)...
    И се сеќавам јас сум влегла дома и сум пуштила музика гласна на лаптопот ама мислам дека српска била. :^) И на крај сум ја изгаснала. Се сеќавам сум плачела многу. Дури и кога го тргнале телото изгорено од таму имало како црвени траги од крвта.
    И после таму, јас кога сум била у двор, како да се појавил духот на мајка ми и ми кажала да засадам цветче во боја, и на крај испаднало дека тоа цветчето е цвекло уствари. И јас сум брцнала една мало цветче во земја.
     
  2. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.882
    Пол:
    Женски
    вецер сонував како се дотерував бев многу убава и косата ми бесе убава демек ке сум излезила со вереникот..и потоа излеговме али како јас да сум заборавила несто па се вратив а кога се вратив дворот се бесе вода(поплава) и водата бесе матна(нециста)...а дворот сто го сонував бесе од старана наса куќа...потоа како да сакав да влезам внатре па влегов и таткоми јадесе во подрумот а мајками викасе од горе(ова подрумот и горе од ова сега куќа).....сто мозе да е ова?? :^)
     
  3. xxAngelxx

    xxAngelxx Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2010
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    968
    Пол:
    Женски
    Сонував како се качувам на неколку големи камења, првиот пат се качив и се симнав, а вториот пат си реков во себе дека нема да можам уште еднаш да се качам до крај, и за инат на крај успеав и се качив??
     
  4. lola-86

    lola-86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    729
    Допаѓања:
    198
     
  5. Sundream

    Sundream Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2012
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    47
    Sonuvav macka kako se mazi so mene...no malce bila kako so tutki vo krznoto ama bila mnogu runtava osobeno na sepite... Znae li nekoj sto znaci? :emo:
    ...isto i pred izvesno vreme imav eden jak son. Jas sum hristijanin no sonuvav kako sum bila vo Dzamija. Ni ova neznam kako da go protolkuvam...
     
  6. mamma-mia

    mamma-mia Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    1.039
    Допаѓања:
    2.274
    Пол:
    Женски
    Сонував како на масата имало запалена миризлива свеќа, пламенот не бил многу силен, но сепак цвеќата горела. Во рацете сум носела зелен лимон и сум почнала да го лупам. Откако сум го излупила сум почнала да го гмечам. Капките од лимонот ми паднале во свеќата, а свеќата се разгорела и пламенот ја зафатил завесата. Се сеќавам само викнав Тато, и каде што почнало да гори сум ги ставила рацете и сум се обидувала да го изгаснам огнот. Пламенот згасна, свеќата сеуште гореше, татко ми се наоѓаше позади мене, а на завесата имаше трага како некој да поминал со нож.
     
  7. vesna212

    vesna212 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2012
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    49
    Сонував како одам боса по снег и тоа имаше ептен снег навеано, и што беше најчудно воопшто не ми беше ладно, што ли значи ? :^)
     
  8. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.015
    Пол:
    Женски
    Јас не бев во МКД 2-3 дена, sorry што не ви одговарав, но се надевам дека ќе стигнам на сите до вечер да ви одговорам.

    1 сон...тргнувајќи по својот план/работа, непланирано ќе помогнеш ќе сработиш нешто во туѓа корист за што ќе бидеш многу среќна.

    2 сон...по некој тежок период ќе славиш заедно со брат ти(ништо чудно првиот сон да се однесува за заедничка работа/помош кон брат ти)

    Долг период ќе носиш некој терет, нема да можеш да се одтргнеш од проблеми.А за 5ти Декември,сигурно самата таа дата има значење,но убаво верувам,зошто на сонот е прикажано како лошо.
     
    На LilBaby му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.015
    Пол:
    Женски
    Некоја непредвидлива,неочекувана радост,среќа,задоволство.

    Среќа и радост во љубовта но внимавај таа радост и среќа од страна луѓето да не ти ја расипат.
    Добро здравје и за тебе и за сестрати.
     
    На tweety26 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.015
    Пол:
    Женски
    Биди внимателна некоја работа/план што моментално си посветена на него е нестабилен.Со труд и помош од другите ќе успееш и ќе бидеш среќна.

    Нечини да сонуваш некого гол (нечини за тој што си го сонувала)
     
    На no.name6 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.173
    Си ги сакам соништава мои деф секад имаат шо да ми кажат.

    Сеа само ме занима . Знам што симбол има параглајдер. Сонував дека сум летела со параглајдер, и тоа над море, Све што ме занима е дали знае некој што значи и дали значи моментот дека сум летела над море ?
     
  12. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.015
    Пол:
    Женски
    Се разбира дека има значење, внимание,предупредување,претпазливост.
     
    На WildCherry му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.263
    Допаѓања:
    43.991
    Го сонував татко ми вчера како лежи болен, се мачи, а јас му давам лажица по лажица, мед.

    Не знам што значи, и искрено малку се исплашив.
    Периодов беше тежок за него, но се надевам дека ова со медов значи некаков бериќет што ќе доживее, ако не лично од мене, барем од нешто друго.
     
  14. dryad

    dryad Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2011
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    55
    Верувам во значењето на соновите дури и dr.Freud посветил книга за ''The Interpretation of Dreams'' си ја испринтав од e-book издание. Верувам во моќта на потсвеста, интуицијата и соништата=секој сон до сега ми се обвистинил во смисла на тоа дека симболиката си имала значење за мојот а, дури и за животитие на моите блиски во голема мерка. Не памтам сон кој или не ми наговестил за случки во јавето или не ме предупредил за внимателност околу одредени прашања поврзани со мојот живот. Сонот функционира на ниво на потсвест еден вид пречистување. Во книгата на Фројд секако според неговата теорија се објаснува многу прецизно и конкретно значењето на соништата во смисла дека соништата не се толкуваат на ниво на СИМБОЛ туку, напротив, на ниво на контекстот во кој се појавуваат одредените СИМБОЛИ.
    Такашто многу е битен контекстот во кој се случува сонот.
    Толкувањето се базира врз случувањата во реалниот живот = што е тоа кое сонот ни го пренесува?!
    Во суштина нашиот сопствен мозок или потсвест или психа ни ги пренесува и ни ги открива/дава сите барани одговори поставени во јавето.
    Нам ни преостанува единствено да бидеме перцептивно отворени и подготвени да не се плашиме правилно да ги прочитаме дадените ЗНАЦИ.
     
  15. Smurfette.M

    Smurfette.M Популарен член

    Се зачлени на:
    13 септември 2011
    Пораки:
    1.072
    Допаѓања:
    621
    Сонував како сум слушала музика на лаптопот...гласна беше, но не можев да го намалам гласот. Упорно се обидував...сепак не успеав. После тоа се разбудив...ии..ми ѕвонеше алармот (песната што ја слушав во сонот беше истата со која што ми ѕвони алармот........)
     
  16. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.015
    Пол:
    Женски
    Бидејќи ги примам правилно, т.е. ги прифаќам знаците, сега цел ден мислам на сонот кој го сонував ноќеска. Како ми се клател заб и ми паднал. Од една страна сам ако падне означува смрт на близок, но бидејќи сама сум го извадила-вадење заб пак значи прекин на комуникација со непријатно лице, а пак забот бил снегулка бел-што значи здравје.
    Но сепак оној поим за паѓање на забот од глава не ми излегува.
     
  17. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.770
    Допаѓања:
    23.801
    Пол:
    Женски
    Значи јас сум си позната по чудните сонови :D

    Синоќа сонував како мајка ми ми кажувала за некое момче што сакало да ме види, а јас не сум сакала да одам и како во сонот се каам и сум си викала „можеби сум му била навистина потребна“ и во сонот чувствував како некоја должност и благо сожалување кон него. Инаку детево наводно било од многу добро семејство (не дека нешто значеше тоа во сонот, но ете да кажам се` што видов).

    И сум ја прашала мајка ми демек каде можам да го најдам момчево и таа ми вели во училиштето тоа и тоа неврмајнд. Мене ми беше чудно што седи во основно училиште а дечково беше мои години можеби.

    И ништо одам јас во училиштето, ама некако чувствувам дека нема да го најдам човекот. И ми се појавува еден човек со црна коса, отприлика мои години, можеби малку помал не знам, не можеше да му се прочита од лицето и веднаш сум знаела дека е тој и сум му викала „Извини што не дојдов порано, но не можев, ми се лутат од дома и се сомневаат во мене затоа те избегнував.“ И тој ми вели како нема везе и си продолжуваме со разговорот, го прашувам што му се случило зашто ме викал толку упорно и демек се појавува мајката од човеков со уште некои луѓе и демек за мене нешто лошо мрмореле и ме гледале чудно. И јас му викам на човеков „Зашто мајка ти и луѓево ме гледаат така чудно?“ и тој ми одгоцоара „Затоа што зборуваш...само ти можеш да зборуваш со мене сега, никој друг не може да ме види, не сум веќе жив и затоа не те ни барав веќе.“ И само што го рече тоа, го снема детево и се разбудив жива вода. Колку само се исплашив, неверојатно реално ми делуваше се` во сонот и косата ми се крева на глава кога ќе се потсетам.

    Би сакала да знам што ли значи...
     
  18. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.015
    Пол:
    Женски
    За некој план,работа...или нешто слично во животот ќе потегнеш некој суров потег,за кој нема око да ти трепне.За тој потег многумина ќе те прекоруваат, но по извесен период истите ќе ти честитаат.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  19. dryad

    dryad Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2011
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    55

    Не би знаела како најправилно да ти го протолкувам сонот ама, подобро не се опседнувај.
    Логикава ми е следна:
    ако си извадиш сама заб кој е расипан или краен заб 7ца 8ца тогаш би прекинла комуникација со некоја непожелна особа од твојот живот.
    Сама да си извадиш здрав бел заб повеке ми асоцира на непотребно отстранување особено ако не се работи за некој од крајните заби. Плус можеби треба да си повнимаваш на здравјето штом бел заб значи здравје, размисли на кој начин можеби си наштетуваш на сопственосто здравје???
    Секако се` што треба да се случи едноставно ке се случи па, клише или не... еве мене животов прав хорор ми бил на моменти... во други ескалирал ама медиум и баланс да постигнам просто никако. :rock:
    Кога сонував како ми пага двојка горе лево а, дедо ми беше болен и човеков почина во рок од месец дена.
    Е сеа ја нит сум Видовњак Дали нит Клеопатра :x али си постојат сигнали кои ни ги испрака потсвеста и за кои ние самите го имаме најдобриот одговор такашто не ни треба да консултираме туги мислења,да ни солат памет.
    Моево мото е као the answers lie beneath.... hahahaha totaly creepy
     
    На Snow-Queen му/ѝ се допаѓа ова.
  20. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Јас сонував како надвор,кај брегот на Вардар (тука ни е куќата,веднаш до Вардар) имало како расцеп на неколку места,знаете како после земјотрес,кога распукува земјата,ете имало такви 2-3 длабоки пукнатини.Јас требало да си влезам во двор и кога сум трчала накај дворот,како зад мене да пропаѓала земјата,ама сепак сум стасала до дворот.И дека околу мене имало такви две пукнатити и знаете,како земјата да била поделена на 3 дела,а јас сум била во средина.И кога сум почнала да трчам,некој ми рекол,не плаши се,делот каде што стоиш ти е најсигурен.
    Имаше уште нешто ама никако не ми текнува :?:
    што би можело да значи :?: