Вака сонував како сум влагла во некоја зграда и во неа имало крадци и веднаш не избркале надвор. Но некој наеднаш извика мртво момче на паркингот доле во зградата, кога се стрчавме го видов дечко ми како лежи мртов со распукана глава и насекаде крв, се уплажиш и се разбудив кој ќе ми каже што значи сонов. Веќе два дена ми е во глава и се ежам од самиот сон
Сонував неколку саксии за цвеке една врз друга и како ги земав една по една така одма никнуваа цвекина по две или три во секоја саксија во разни бои,и еден дечко дојде и на едената саксија го напиша неговото име,Владе, а не го познавам. Потоа незнам како сонував како се тепам со една жена ја корнев за коса
Сонував сум била невеста во краток бел невестински фустан и сме чекале да дојдат по мене, а имало и уште 3 невести ама тие биле жени на другарите на мажот ми па таков бил редот тие да дојдат кај мене облечени во невестинки фустани. А и почнало да врне и малку ме намокрало. Шт може да значи тоа?
Сонував како ме плескале за газ Не смејте се сега Бев на нешто како некоја прослава кај братучеда ми и сите седеа на голема маса и не можев да поминувам кој маж стигни ме фаќаше, а не ги знаев кои беа. И се лутев им се придеравав, тие како ништо, пак си тераа на старо. Кога се разбудив се осеќав сексуално измалтретирана
Сонував како маж ми ми барал нож и јас носев еден, ама ми беше многу страв да не се исече. Земав еден поголем и исправен нагоре му го дадов. Толку беше од сонот, ама многу живо ми текнува на ова. Некој за толкување?
Сонував како јас и моите и уште 2 другарки како одиме на свадба кај една другарка која е мажена и чека бебенце ја сонував во венчаница па тука нешто оро сме играле таа била мн срекна а јас се некако намуртена како нешто да ми тежи а на една од другарките и се скинале хулахопките и сме тргнале да купиме со нејзе и усте една другарка ама успат на таа што и се скинале хулахопките ја утепале.
Сонував дека сум трудна 8 месец,ама ич не сакав,дека сум млада и сум си рекла ај 8ми месец сум,можеби ќе го родам пред време па...ме разбирате.И нашколо со толкав стомак сум се шетала.И кога завршиле часевите сум се симнувала по скали за да си одам накај дома и сум видела некој продавал ружи,каранфили и сум застанала за да купам,ама сум се предомислила и сум заминала. Знам дека ако сонуваш дека си трудна значи тешкотии,а овоа со руживе каранфиливе има ли некакво значење
Побарав нешто на српски, и еве што излезе.. Žena kad sanja da je trudna; uspjeh, ostvariće joj se želje... TRUDNICU - sanjati Tumačenje: Dobićete izuzetno prijatne vesti od jednog poslovnog prijatelja. Sanjali ste: TRUDNICU - sanjati svoju trudnoću Tumačenje: Ostvarenje davnašnje želje uneće radost u vaše srce. Trudna žena u snu je znak neprijatnosti, ali u snovima žena koje sanjaju da su trudne vidi se uspeh u ostvarivanju cilja.
^^ Фала многу,јас па пак си мислев некои непријатности ми значи сонов,некои потешкотии,ама добра е,не значело тоа
продолжен живот на дечкоти, и убава љубовна авантура ви претстои. Кога ќе треба да донесеш одлука за некој пат,за работа или било што друго, ќе го избереш потешкиот пат. ќе прекинеш со некого некоја соработка,комуникација.... навистина не би знаела да ти кажам Некој пат ќе те нанесе да имаш голема среќа во љубовта.
Пак јас, и моите глупи соништа. Како ме бакнал мојот бивши, и јас сум избегала. Притоа сеуште сум била во врска со сегашната ми љубав, и сум гледала како да го заташкам тој глупав бакнеж. Притоа овој бившиот ми го нашол бројот што не знам од кој извор го нашол, али нејсе ... тој дел од сонот изгледаше толку реално, што ме фати паника искрена што не се разбудив тогаш. А остај што потоа ја сонував мојата почината баба како е жива, и цела фамилија сме се чуделе дали е она, и таа рече: `Да, јас сум`. Знам дека треба да ја посетам, веќе неколку месеци не сум била на нејзиниот гроб, а таа беше најблиска со мене. Де Сноу, што значат?
За сонот со баба ти,ете веќа се знаеш значи си се зарекла дека ќе отидеш и никако да најдеш време....епа отиди сега А за ова првиот сон, не се секирај, нема никаква врска со твојот бивши овој сон ти симболизира, некоја твоја незавршена работа/должност кон некого или за нешто, дека ќе ти се појави во скоро време и твое ќе биде да ја завршиш заостанатата работа,притоа нема да имаш никакви последици. CIA Извини што не ти одговорив, зошто видов дека има одговор од dryad и затоа не ти пишав. Еве ти го моето толкување: Внимавај каде одиш,што правиш, затоа што таму каде што мислиш дека е се во ред или најбезбедно,таму каде што можеби пријателите ти велат дека е се ок, има нешто што нечини, каде што ти несакајки можеш да бидеш повредена без твоја вина. претпазливост од околината.
сонував дека сум многу убава дотерана и бев на факултет и сите девојки ми завидуваа сто мозе да е оваа???????????
сонував како излегувам од дома и кога гледам во двор поплава не се поминува, а плус и времето врнежливо такво никакво е сега прочитав негде дека не е убаво и баш се нанервирав
Ами овој пат, сонував дека сум требла да си земам некоја свеќа од оние миризливите , арно ама дошол другар некој и сакал да ми подметне да земам некој си апарат за сликање, и на крај пак сум си избрала свеќа и тоа со мирис на лаванда
Ќе бидеш преморена од некоја обврска, и целата работа ќе ја работиш без желба. ти претстои многу убав и бурен период.
Таман вчера се пожалив дека не си ги памтам соновите во последно време, овој го запамтив. Сонував како во раце држам листови, резултати од некакви испитувања. Според нив многу тешко ќе сум можела да останам бремена - заборавив колку посто беа шансите се пишеше на тоа, и ако тоа се случело ќе сум имала женско дете. Немало никакви шанси да родам машко.. Значи не бев мажена во сонов, онака овие резулатати излегоа од нигде-никаде.. Некој?