сватете дека соновите не значат тоа што го сонувате, пример сонувате дека сте бремени и дека бремена ќе останете, ви паднал заб, и дека навистина ќе ви падне заб, значи не се замарајте со тоа што сте го сонувале. Треба барем некој општ поим на зналење на сонот да го знаете примет бистра вода - не е убаво...и слично,тогаш е ок да си имате размислувања, вака за џабе се потресувате Конкретно твојов сон нема ама апсолутно никаква поврзаност со бременост, сонов симболизира дека треба да забавиш со брзиот темпо на живот, и со некоја работа што премногу се оптеретуваш, треба малку полабаво,ти треба одмор,релаксација...
Аман бре луѓе,цела ноќ сонувам дека сум бремена и плачам поради тоа а околу мене никојј нема Што ли ми кажува овој сон
Абе знам дека скоро секогаш е скрос нешто друго, нема врска тоа. Туку се нервирав додека сонував, сум се мачела и се разбудив со главоболка.. Фала на толкувањето..
^тоа е скоро секогаш така, ако некој сонува некој тежок вознемирувачки сон,кога ќе се разбудиме или ни е лошо,или сме препотени,или главоболка што велиш... ќе имаш 4 убави новости, некои од нив ќе бидат за тоа дека некој ќе се мажи, а некои од нив дека чекаат бебе. ќе имаш некаква грижаили расправија со маж ти(но не голема) наскоро свадба, твоја или на некој близок(доколку си мажена), но околу тоа ќе имаш некои грижи.
ќе имаш некоја тежина, доколку во сонот си имала само дознаење дека си бремена а не ти се гледал стомакот тогаш ќе биде помала тежина, доколку ти се гледал стомакот-колку поголем стомак толку поголема тежина ти претстои жалост, некоја тага грижа,загуба, тежок период на некој твој близок поради кој и ти ќе тагуваш за некој твој успех,работа или нешто друго, некој од блиските пријатели ти завидува
Сонував 3 сонови, од кои само 1 памтам и тоа не баш целосно. Со неколку другарки сум отишла да купиме чизми во бутик. Само што, незнам точно за кого биле чизмите. Мислам дека сум ги купувала за другарка, а можеби и за мене. Што би можеле да значат и двете работи?
вака незнам од кај да почнам преплашена сум, се прекинав да не го досонувам сонот и пак го повторив после тоа исто така без крај..... ми се јавува татко ми и ми го бара бројот од мајка ми за да го пишеле на никролог и викам лелел што се случи ми рече дека не е ништо но сепак се чекало да се случи нешто, требало да ја посетат другарите и пријетелите на моите а таа не била дома, јас трчав накај дома да видам што како е и никако да стигнам, криво ми беше што не и кажав некои работи на мајка ми и се разбудив потоа пак заспав и истото го сонив повторно, дури и датумот ми се вртеше во глава леелее викам 10 март утре погребот на 11 март многу бев преплашена , битно не стигнав до дома и немаше ништо! што значи ова??? во меѓувреме другарка ми ми ги бараше патиките да ги проба, не ми се нови но беа чисти!! ве молам за одговор!!
Како што гледам во темава,последниве денови повеќе сме што сонувале дека се бремени...што би можело да значи тоа ?
Сонував дека при прошетка сум нашла пари, како лисјана кога ги метат и ги собираат на купче така беа и париве и сум ги пребројала. Што значи сонов?
Сум сонувала како сум прашала две девојчиња дали сум ослабната, и ми рекле и две НЕ! И Јас сум одговорила, ДОБРО ФАЛА! Толку било. Вториот сон, сум била на роденден кај една другарка и сум и купила огромен балон коњ. И незнам што се десило со негo, a на нејзе најмногу и се свиѓале некои црно со розево патики на поклон донесени. И натака не сјечам се
Сонував како трчајки влегувам во спортска сала и сум играла кошарка со некого, потоа во соблекувална сум му кажала на некого- како да не тука ке ги оставам патиките и ја видов мојата кеса за патики и ја земав и ги ставив патиките внатре, инаку патиките беа бели. Само што излегов од салата, некое момче застана пред мене ми зборуваше нешто, ама не запамтив што. Потоа продолжив со професорот да одам некаде?? Неможам да најдам никаде што значи кошаркава и патикиве.
Пред некое време сонував како мојата мачка се фрла од прозор(13 спрат) и на крајот преживува. Цел ден се стресирам за ова. Најлошо е што не знам ни што значи. Ако некој знае нека пише.
1сон. прееска накај 16h предремав малце..ии нешто сонував како сум гледала на нет дека сабајлето имало земјотрес..се будам,глеам на вести 7 земјотреси имало :О 2сон. пред некој ден сонував скапоцен камен колку тупаница и требало да го кријам да не ми го види некој..сум го ставила во ташниче едно мало и сум шетала низ град..после кога го отворив ташничето целиот беше издробен на мали парченца(кристалчиња) :О
Вака синоќа другарка ми ме сонувала мене со бебе незнам дали било мое или само сум го држела.. Инаку бебето се викало Викторија.. Што значи тоа?
Плодна година се шалам Длабока љубов голема радост те очекува од денес па во наредниов период имаш голема добивка-среќа, тоа ќе ти донесе голема радост.
Во Соновникот на Фемина пишуваше дека ако купуваш чизми, партнерот ќе те изневери. Сега ме збуна .. ова со длабока љубов на што се однесува?
Синоќа сонував еден прилично одвратен сон, и баш сакам да знам што имате да ми кажете.... Имав црви во уста, долги и бели и цела избезумена ги вадам од уста и еден како пијавица ми се закачил на грлото и го тегнам јас, и едвај го извадив и почнав крв од уста да плукам, прилично многу! Мислам дека беа во јадењето што го јадев и одпосле ги видов...И кога ги видов јадењето како да исчезна и се претвори во песок.
Ти самата рече дека не си била сигурна за кого ги купуваш, а и да си ги купувала за себе, покрај тебе си имала 3 женски личности (3-среќа,женски пол-исто среќа) а чизмата означува длабочина, штом не си била сама(осамаена во шопинг на чизми-што би значело невера),сигурно е спортивното длабока убаво љубов, бидејќи имаш два поими на среќа. прв сон- некој одговор што те мачи,или што нестрпливо го чекаш,напрзо ќе го добиеш(најверојатно позитивен) втор сон- по неостварена желба, ќе ти дојде некоја голема радост, дупла среќа
Сонував дека ќе одам во црква и ќе сум речела Господе прости ми зарем и потсвевсно стигна да ме прогонува .........
pupi.girl па денеска е недела оди во црква и запали си свеќа за здравје.Можеби затоа си сонувала зошто како се вели шест дена работи, седмиот посвети му го на Бога