Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сонови

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од Claudia, 22 ноември 2009.

  1. anickata

    anickata Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    716
    Допаѓања:
    73
    Овој сон симболизира љубов кон самата себе, прифаќање на самата себе и страст. Удобно се чувствуваш во твојата сексуалност и женственост. Доколку во сонот си ја одбила девојката тогаш го претставува твојот страв од одбивање на твоите сексуални нагони.

    епа не ја одбив девојката :lol: фала ти многу трендафилка :*
     
  2. Elizabethh

    Elizabethh Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2010
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    10
    Според мене,соновите се нешто како хаотични слики во потсвеста предизвикани од претходниот ден,или некои твои замисли во главата.
    А дека можат да значат нешто,тешко..
    Поточно,можат да значат се додека веруваш дека ќе значат ;)
     
  3. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Мене пак не знам што ми е станато, неколку пати со ред кога ќе заспијам сонувам една иста личност. Личноста ја сонувам во скроз различни ситуации, но во сонот кај што сум јас, таму е и таа.
     
  4. zvezdakoska

    zvezdakoska Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    777
    Допаѓања:
    60
    Да, со ова до некаде се согласувам
    Ама со ова не. Имало многу соништа кои ми се исполниле, па дури и се случиле онака како што сум ги сонувала. Па јас мислам дека носат некоја порака :*
     
  5. Elizabethh

    Elizabethh Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2010
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    10
    Баш и тоа мислев.Се е до верувањето,барем според мене. :)
    :*
     
  6. Elizabethh

    Elizabethh Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2010
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    10
    Можно е таа личност потсвесно да ти шета низ главата.Некоја личност ако ја познаваш или слично. :)
     
  7. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    499
    Понекогаш посакувам да не сонувам. Ми се случува на пример недела дена да имам кошмари кога и да заспијам. Потоа се будам вознемирена на сред ноќ и буквално ми е страв да си легнам иако сум мртва уморна... ужас! Често ми се исполнуваат значењата, редовно проверувам во соновник, а некогаш ако сонувам светци или нешто поврзано со религијата, обавезно одам во црква и палам свеќа. На тој начин се чувствувам смирена.
     
  8. stefanijata

    stefanijata Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    139
    Пол:
    Женски
    ам...јас во последниве дена се го сонувам бившиот дечко.... зошто тој учеше во мое школо... и сеа веке не учи можеби од септември веке никогаш нема да го видам ја многу плачев и се потресов дури ... и се овие дена го сонувам..... прво сонував како ке се мажам со него и сите биле таму... пред некој ден сонував како сме биле у школо последен ден... и пуштиле музика и прво сме се гледале цело време па после ме земал и почнал да ме гушка и да игра со мене :|
    вчера го сонував у школо во училница наставничката предава а он влегол и седнал до мене и само ме држел за рака и сме се гледале и сме кутеле...како и да е се што сонувам со него има врска со школо т.е во школо само... ме мачи ова многу ако некој може да одвои време и да ми каже ://
     
  9. eleni23

    eleni23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2010
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    23
    Ве молам кој знае што значат соновиве нека ми каже :
    1. Сонувам како трчаат коњи во крдо низ плоштад на некој град и сите луѓе на плоштадот бегаат од страв, само јас не се плашам и коњите застануваат пред мене како од почит незнам, важно кога стигнаа до мене застанаа ме погледнаа и продолжија после да трчаат.
    2. Секаде каде одам во сонот наогам по некое пердувче
    3. На забава еден дечко ми се пуштал ама јас не сум сакала со него, а тука бил и дечко ми но седел на страна и сум го избркала дечкото што ми се пуштал ( инаку ми е колега) ама после дошла неговата девојка и сакала да ме гори со цигара, но јас сум и ја земала и сум ја изгорела неа.
    Ај ве молам пишете ми ако знаете. инаку често сонувам но овие во последно време ми се повторуваат.
    Многу ви благодарам. поздрав
     
  10. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.688
    Допаѓања:
    8.737
    Пол:
    Женски
    Коњите што трчаат и никој не може да ги смири означуваат углед.Тоа што застанал пред тебе значи дека си горделива.
    Пердувите означуваат некоја голема добивка и одлични приходи.
    Момчето што ти се додворува означува некоја скорешна свадба или скорешен успех во некоја работа.
    Горењето со цигара значи некое разочарување.
     
  11. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.338
    Допаѓања:
    5.884
    Ехх и јас да си прашам..а што ако се сонуваат мртви луѓе?има тоа некое значење или не?

    Сонувам разни сништа но ги заборавам |(
     
  12. nice.girl9090

    nice.girl9090 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2010
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    69



    МРТОВЕЧКА ГЛАВА
    непријатности.

    МРТОВЕЦ
    свадба за брзо време; ако се видите мртви - беда; ако носите мртовец - напуштете ја започнатата работа; мртовец да закопаш - среќно ке ги решите вашите грижи.

    МРТОВЦИ
    да ги видиш и да разговараш - радост после тага.

    МРТОВЕЧКИ КРЕВЕТ
    несреќа.

    МРТОВЕЧКА КОЛА
    неочекувана радост; ако возите мртовечка кола - ве очекува унапредуваље; ако трчате по неа - голем губиток; сиромашна мртовечка кола - трошок.

    МРТОВЕЧКА ПОКРИВКА
    жалост, смрт на блиско лице.
     
  13. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    Ме потсети ова за мртовци на дедо ми. Некое време од како почина го сонував како ме гледа од дупка која продира низ облаците и огромна светлина околу него. Само сум му викала дедо дедо и ништо не ми одговарал туку ме гледал преку светлината на облакот. Што ли би можело да е ова ?
     
  14. eleni23

    eleni23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2010
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    23
    mnogu ti blagodaram sonovive gi sonuvam po nekolku pati, a sum slusnala deka ako son se povtoruva ima nekoja poraka.

    Uste ednas fala mnogu i se najdobro
     
  15. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Ухуууу. не да шета. Екскурзии прави :D :D
     
  16. Mila04

    Mila04 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    189
    Допаѓања:
    68
    Го сонував бившиот дечко, кој иначе сега сака да се смириме, со долга коса, во репче му била фатена, брада имал и работел како ѕидар :tmi: и како ми се приближува станува се погрд и погрд, дури и се исплашив!!! :o Дали сонот сака да ми каже воопшто да не почнувам ништо од почеток со него, бидејќи почнав да размислувам на тоа... :worried:
    Ве молам за мислење! :*
     
  17. girl23

    girl23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    32
    Ајде и јас да си прашам на оваа тема.Ја сонував мајка му на саканиот,..жива и здрава е жената фала му на бога но од каде пак неа да ја сонувам.Во принцип сум страмежлива и не сум во контакт со неа, поточно избегавам такви фамилијарани ситуации.Сонот ме напна денес, зашто се разбудив и после пак сум задремала и си продолжив да си сонувам од моментот каде што застанав. :^) Јас се наоѓам дома во дворот, ама како да сум се сонцала испружана целата, а жената поминува со црни наочари за сонце и застанува...и почнува леле па ти си, па што правиш, ајде станувај...срамота, бла бла бла..ја сум збунета во сонот ама многу реално го доживеав,..си ги вади очилата пак ме гледа ми прави некоја фаца...и пак си продолжува по патот па и си пее некоја песна...
    Може глупо ви звучи мене ептен ме напна..така да ако некој знае значење на сонот нека помага.. :* фалаааа
     
  18. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.338
    Допаѓања:
    5.884
    Вчера сонував како јас сум стоела кај зградата и мајка ми и татко ми го преминувале паркот и од таму некој човек имал пиштол и нишанел и он само да пукне јас се разбудив .. има некое значење сонов?
     
  19. Ema.Sk

    Ema.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2009
    Пораки:
    1.323
    Допаѓања:
    4.778
    зграда - подобрување на материјалната ситуација
    Ако шетате низ парк - безгрижен живот
    Непознат човек - корист.
    ако видите пиштол - непријателство

    :*
     
  20. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.338
    Допаѓања:
    5.884
    Фалаа милааа