Ааааа другарка ти ќе си фати дечко а ти ќе се чудиш. (а можно е да се породи или да затрудни во брзо време, многу пати сонот буквално се остварува )
Синоќа сонувам како летам... во шума некако беше, и прелетав како еден рид а на другата страна ме чекаше некој, дали мајка ми или некој друг нзз..инаку така си летав без крилја, што би значело тоа? А пред некој ден сонував како татко ми и еден пријател направиле сообраќајка, е сега не видов ништо, ни како се случило, само видов многу луѓа и татко ми како трча, па од случајна жена дознав како се случила и после дознав дека тие биле..
Сонував како со мајка ми сме биле во продавница за алишта, значи на шопинг, и сме гледале алишта, сум бендисала фустанче и само памтам дека цената била 450 денари и сме го гледале фустанчето. Толку беше сонот. Шо значи??
Сонвев нешто сношти и денес цел ден на ум ми е. Вака Дечкоми имал 2 годишна ќерка, која нормално не беше моја. Девојчето многу ме сакаше и ме викаше мамо, а јас не и бев мајка... А и тој исто така многу ја сакаше неа... Што е ова ?!?
прв сон - блаженство,добро здравје(од некоја болест) втор сон - не на секој план ќе те следи среќа ќе се смириш со некого ќе присвоиш нешто, ќе добиеш нешто долго очекувано, победа...
Сонував како умира дедо ми (тој е веќе умрен неколку години) и го закопуваат без мене. Не ми кажуваат ни кога е погребот, ни ништо. После неколку дена јас почнувам да плачам и ме носат на гробишта да запалам свеќа. Кога стигнуваме таму гледам дека е многу кално и има една рекичка со вода до колена која ќе треба да ја поминам. Сестра ми носеше високи чизми, па ја премина реката ги соблече чизмите и ми ги фрли на мене да ги облечам и да поминам. Водата не беше матна, не беше ни ептен солза чиста онака средина некоја.. Толку се сеќавам..
-Набрзо ќе имате некоја веселба во семејството.(савадба,нешто слично).Голема радост,среќа.Ќе ти замине некое драго лице. -Биди внимателна од озборувања, можност некој да ти нанесе штета веднаш ќе ја искористи против тебе. Но и покрај тоа ќе бидеш во контакт со таа личност. -Ќе доживееш длабока старост.
Уф дали мене може некој да ми протолкува еден сон ? Патував во една земја со кола, а таму имаше војна и насекаде бомби летаа. Мислевме дека ќе умреме сите во колата ама поминавме некако. Потоа кога стигнавме до еден град, кажаа дека се наоѓаме во Косово ама не бев сигурна за тоа. Имаше огромна џамија а ние бевме во дворот, џамијата блескаше ама сепак пак во сонот не бев сигурна дали е џамија. Подолу имаше голем центар и плажа. Пред плажата имаше жени кои имаа бурки на себе со некакви светки и бисери. А тогаш ја видов и мојата другарка од Швајцарија која не сум ја видела скоро една година. А најчудното беше што се разминав со еден човек кој потсеќаше на Али Ахмети, ама лицето целосно не успеав да му го видам ама мислам дека беше тој. Имаше едно ритче па од тука две деца се стркалаа а јас успеав некако да им помогнам и да ги извлечам. И заборавив да спомнам, на почетокот на сонот со мајка ми се разделивме, таа на една страна јас на друга заминав колата за да патувам.
Те очекува важна работа, полна со неизвесности, и таа те засега конкретно тебе.Во таа работа те очекува убави новости но и кавга, биди внимателна од незгоди.
Ова од вести гледање ти останале многу работи Јас цела ноќ сонував ѓубре, барав начин како да го фрлам ѓубрето и бирав поубава и пошарена кеса за тоа цц јас инаку во реалност не го фрлам ѓубрето а не цел сон само за тоа, се преоптеретив
а ова што значи...си седам дома и ми ѕвони некој на врата,излегов,што да видам..мојата симпатија и симпатијата на другарка ми(тие двајцата се другари),веднаш се јавив на другарка ми ,таа дојде.седевме кај мене дома,се смеевме нешто,ова она.и потоа ни текна да одиме во eден ресторан(во тој ресторан симпатијата на другарка ми секогаш ги носи неговите девојки....)јадевме..и потоа се разбудив малце е глупаво,може некој да ми каже што значи?
Пари и среќа Ти претстои кавга со пријател/и,по таа кавга ќе чувствуваш тага. По оваа тага, ќе имаш убава забава со друштво.
Јас да ви кажам право ќе почнам да им обрнувам повеќе внимание на соновите. Како што ги согледувам работите некои работи и навистина излегуваат според тоа што сум сонувала. Баш сега пред некое време ми се утврди истото. Не се за занемарување богами.
Цел ден викам ќе го напишам сонов и никако да ми текне....сонував како сум седела во собава,сум работела на компјутер и наеднаш ми се исклучил екранот,па како со снег ми се направил и ми се појавил дух на екранот,со превртени очи,многу страшно. И сум сакала да викам ама сум била како без глас,сум почнала да плачам и првен сум истрчала надвор па сум се вратила во собата и сум почнала да мафтам со рацете за да го избркам духот.Незнам дали го избркав или не. Ај молим вас,што може да значи.
Сонував како братучет ми (кој има 1ипол година) бил кај мене на гости и сум го шетала насекаде, во куќата, во дворот, па дури и кај некои од соседите
сум влегла во книжара,нешто такво..и сум барала пенкало..али продавницава била ептен празна ништо немало во неа..имало 1 рафт и на него канче во кое имало неколку виљушки..потоа сум се свртила кај касата и сум и побарала пенкало на продавачката и ми дала пенкало и ми рекла 15ден. :/