леле сношти сонив пожар како гори станот,го спасувам детето и низ прозор се слегнуваме низ позарникарски скали
Oва е од некои соновници на интернет, па и на фемина. Пожар во вашиот дом-Некоја блиска личност или вие ќе правите свадба во блиска иднина. ПОЖАР - ќе добиеш вести Пожар-голема радост; колку е пламенот поголем и посветол - толку поголема ќе биде вашата радост
Ами ај сеа пак да си кажам шо сонував Сум дошла во Скопје, арно ама градов празен .. И нема везе не ми сметало онака сум си кулирала и сум си слушала музика, и ми текнало да почнам да вртам по луѓе да сме се виделе, ама на никој ништо не му стигнало .. И ми текнало да идам кај еден другар дома, сум поминала улица иако нишо немало сум чекала да поминам :geek: ама сум требала да поминам и од кај еден стан и сум видела една баба како готви нешто и тоа нозете разголени онакA сум отворила врата на кујната сум ја видела и одма сум избегала а она почнала нешо да вика ...
Бев во куќата на некои роднини, сама таму, и не знам како се најдоа мали парченца од чоколадо, завиткани во ал. фолија во мојата рака, преполна ми беше раката со нив, и сум ги украла демек. И некои деца што ги знам (во сонот) тропаа на вратата, и јас се брзав да ги скријам некаде
Сонував како дргарка ми многу плачела за бившиот и ме молела да ја смирам со него.Што значи ова треба да ги спојам пак или... А татко ми пак сонувал како многу мачиња шетале низ нашиот двор.
Ќе направиш глупост прв сон-Ќе и бидеш од помош за некои работи на другарка ти, поради кои таа ќе биде среќна втор сон-многу непријатели,за коине е ни свесен
Сонував дека ме пуштаат од болница за дома, и наеднаш во мојата соба каде што лежам ми влегоа неколку девојки и почнаа да ги фрлат мојте работи, се нервирав а неможев ништо да направам како да бев парализирана, викав а немав глас, неможев да мрдам... (и така се разбудив во некое лошо чувство)
Сноу квин еве поточно што сонувал татко ми даили ке биде истото толкување: мали мачиња самошто биле родени едвај оделе на кај него, а он со стап ги истепал сите, а после почнале и поголеми да идат и некој од них успејал да ги отепа ама некој му избегале..Истото толкување ке биде ти благодарам многу
Беда и неверство поради непријателите....може да се и лоши последици,лошо чувство од не вистински пријатели Ќе избегнеш некоја опасност.
Обично не ги паметам соништата, и често тие се некои апстрактни со појави, лица и настани кои тешко се поврзуваат... Ама овој од утрово го паметам до последниот детаљ. Значи во сонот бев сигурна дека ќе има земјотрес... Банално или не, јас целосно ја чуствував таа вознемиреност, напнатост или некоја загриженост повеќе за најблиските отколку за мене. Станувам и одам да ги известам моите, но мама уште спие и никако и покрај целиот хаос, (а јас постојано ја влечам и молам да стане) - никако не реагира... Е сега следно нешто беше тоа исчекување да се случи. Сите се гледаме, а јас се склопчувам, ја покривам главата и го чуствувам подот која полека се бранува. Почнува се посилно да се ниша целата соба (беа тоа многу јаки и силнипотреси од една на друга страна) ама некое разурнување немаше... Што мислите што може ова да биде? Знам дека сништата доаѓаат како последици на настани, желби, чуства (скриени или не) во текот на секојдневниот живот и обично не верувам дека она што го сонуваш ќе се случи сигурно, ама гледам дека има девојки кои си разбираат од нивната симболика, анализирање и толкување. Па...
Не ги заборавај своите должности или ветувања кон бога. Да не си се зарекла нешто а да не не си го остварила?
Не, А пак друга ми кажа дека земјотресот означувал голема промена која ќе ме снајде во животот за некој период. Ајдеее...
Snow те молам кажи ми што значи сонов, сонував како сум невеста и држев во рака долг вел се свртев накај мајка ми да ја прашам дали да го ставам на глава, и таа ми рече да, и јас го направив тоа и сите околу мене ми кажуваа колку сум убава. После тоа пред мене видов три други невести, а јас бев една од многуте што седеа на столчиња, имаше многу луге, а тие трите беа качено ко на бина. Едната го фрли својот бидермаер и некоја девојка го фати, а после другата невеста го фрли накај мене и јас го фатив??
Невеста е една од потешките знаци за толкување, на неа влијаат многу работи.Пред да ти кажам што и како мораш да ми помогнеш со некои детали...долг/краток вел, боја на венчаница, дали ти си била среќна,атмосфера...