Велот беше многу долг, а ја мислам дека одев полека по некоја црвена патека, бојата беше нормално бела, исто и на другите, да, бев срекна и возбудена....
Уффф ти благодарам многу Сноу, помислив дека значи нешто многу лошо! Инаку сите твои толкувања досега биле точни, па да се надевам дека и ова ке биде.
баш ми е мило што сум ти кажала точно сонот е добар воопшто не се замарај,затоа и те прашав за одредени детали,зошто не би сакала да ти пишам нешто што незнам што значи-во тој случај би ти одговорила дека незнам...далеку од тоа дека јас сега знам се и сешто-хехехе не сум баба ванѓа пу пу далеку од тоа,и јас тоа што го кажувам сум го прочитала и чула, но мило ми е што е точно
Луѓе, сонов што го сонував е од пред една неделаа, но ми остана во мисли и уште го мислам......Сонувам како сум на некое непознато место, околу мене змии, многу змии и ме касаа неколку од нив, гледам да избегам, но немам каде, како безизлез да е тоа место, плачам, викам, а никој нема да ми помогне.......уффф страшно Што би можело да значи?
^ Биди внимателна,од подмолни пријатели ќе си расипеш некои добри односи кои би те одвеле до нешто подобро во иднина.Само биди внимателна, со малце среќа ќе успееш да ги одминеш.
Сонував дека сум го изгубила палтото и ракавиците. Се вратив да ги барам ама некој веке ми ги земал. Што значи ова?
Само што заспав, осеќам како тонам во сон и некој глас ми го извикува името, ама нежно тивко ко да сака да ме разбуди, не отворав очи за да го препознаам гласот, ама не успеав, знам само дека беше машки. Отворив очи и нормално во 4 саат сабајле, никој немаше од домашниве кај мене во соба. Што може да значи или без врска е?
Денес се случи нешто многу чудно. Ама сонот го сонев преку ден, зашто јас си спијам така до кај 1 часот и имам слушнато дека тогаш соновите не важат само не знам дали е така. Иначе сонев еден бивш, не ми беше дечко ама сме излегувале со него ај муватор ќе го наречам. И го видов во сонот ама не памтам дали зборевме мислам дека не. Кога се разбудив на фејсбук ми имаше пратено порака. Значи додека го сонев пораката беше стигната. И да, после во чаршија го сретнав со еден мој душман. Во шок бев, не знаев дека се другари. Е сега ме интересира има ли некакво значење сонов било какво или веќе се случи тоа што требаше ? Јас многу се плашам зошто ми се појави на сон а потоа го видов со човек кој многу ми има направено зло во животот. Да не бидне нешто лошо ?
^тоа кој зошто како се појавил,воопшто немора да значи дека ќе биде лошо, п.с. и јас го имам слушнато истото дека соновите преку ден се повеќе психа,преживување и нешто слично....дека не давале знаци.
Цела вечер ја сонував директорктата, сме биле на коференција и таа побарала од мене да и спремам говор во врска со државата, па јас не сум можела з атолку кратко време ништо да смислам, но ми се јавила по 5 мин и ми рекла да спремам говор за семејна традиција и тука сум добила инспирација. Два -три пати ми ѕвонела, дури и тел бројо сум и го запишала знам беше 070 875- 775 така нешто беше. Па ме замолила додека го држе говор да и ги чувам внуците од сестра..
пробај сврти на тој број хахахаха-се шалам сонот е супер, ќе бидеш многу среќна, ќе имаш некоја добивка, и остварување на желба
^ и да знаеш дека aко е некоја желба тогаш е на некој план,работа,должност....во тој смисол. А не на пример желба сакам да одам на однор
Сонував како сум му кажала на татко ми дека сум бремена и цела преплашена од тоа како ќе го прифати тоа а тој тоа го прифатил мн смирено и дури и се насмевнал.
сонував-во мојата стара кујца имасе многу лујге и јас и реков на мам кога лицево ке го правам(депилазиц) и таа ми реце не знам задуре ке се мазис незнам кога....а јас ми изгледасе дека лицето ми бесе мазо и светесе на некој наци..па се мислев дали сум го правела депилација или не.. сто мозе да е ова??
Сонував дека сум трудна, исплашена и плачев, и некои личности ми се дереа во сон.. како сум можела и ред други работи..
Сонвав дека умрел другар му на брат ми, и сите многу плачевме, и после сонвав како сум се нашла кај некоја река печеше многу сонце и само то знам
Хаха ок, јас многу сериозно ги сфаќам соновите затоа и многу се плашам некогаш. Иначе фала што се трудиш да одговараш.