Сонови

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од Claudia, 22 ноември 2009.

  1. delvi

    delvi Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2009
    Пораки:
    927
    Допаѓања:
    1.354
    Пол:
    Женски
    да да, тоа ми е на некј начин животна желба,,од остварувањето на тој план ми зависат многу нешта...засега ми е ветено но некако тешко се исполнува ветувањето..се надевам нема долго да трае..
    во секој случај ти благодарам затоа што јас верувам во соништа а ти ми ги толкуваш прекрасно соништата,,,
     
    На Snow-Queen му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.306
    Пол:
    Женски
    Демес сум сонувала
    цвеќиња,пролет,сонце убавини надвор и само што си викам во мислите туу само да НЕ заврне снег, и ете снегот доаѓа. |( :yawn:
    Хелп ми..кој ќе ми протолкува ?
     
  3. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.015
    Пол:
    Женски
    Sara123- Убав период, среќа,радост, и убава вест од личност што ти значи
    Adi888-поради прекин на некоја работа,комуникација,односи....ти ќе бидеш среќна
    ljubam-Ќе имаш некои потешкотии,ќе чувствуваш тежина
    girl-miri-домашни нервози
    rakce69-посета од драг пријател/ка
    teddygirl-со нечива помош ќе си одтргнеш некоја мака/тежина
     
    На rakce69, teddygirl, Sara123 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Lola-M

    Lola-M Популарен член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2011
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    536
    Ретко сонувам конкретни работи, уште поретко ги паметам соновите...
    Ама, ноќеска сонував нешто што ме исплаши и веднаш потоа се разбудив.И да, го паметам сонов до најмал детаљ.
    Црна, мала змија откривам во мојот дом.Се крие под кревет,па во плакар...Јас извадена од памет :x
    Мајка ми ја утепа и ја фрли.
    Не сум ич по вакви работи,ама цел ден сонов ми доаѓа на памет :(
    Ваше мислење?
     
  5. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.306
    Пол:
    Женски

    А да те прашам..од каде го знаеш сето ова ?? :)
     
  6. gossip-girl

    gossip-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    351
    Допаѓања:
    218
    Сакам да сонувам, имам стара книга и по некогаш знам да ја отворам и да видам што сонот ми значи, обично секогаш е вистинито. Секогаш сонувам јасни соништа и знам што ќе ми се слуши, како предупредување ми се.
    Сонував синоќа дека сум била во врска со пријател, си се сакавме, бакнувавме, малку ми беше чудно дури и на сонот ситуацијата, бидејќи во јаве е невозможно, невозможно.
    Сличен сон сонував со братучед дека сум била у врска, истот чувство го имав :worried:
     
  7. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.323
    Допаѓања:
    259.556
    Јас мислам, а и речиси сум сигурна дека сите сонови ми се плод на мојата психа.
    Периодов и е годишнина од смртта на баба ми, па често ја сонувам, а и почесто ја збориме дома.
    Сабајлето сонив, малце сонот е нејасен, толку запамтив, ама како сме биле во куќата каде што живеав како дете, а таму живееше и баба ми, како мајка ми и ја спрема торбата и ја праќа кај тетка ми во Ск на гости, ама баба ми си го заборавила чешалот и сеа не се сеќавам добро дали јас сум и го фрлила, ама мојот чешал или требало да и го пратиме. Отишла во Ск ама тетка ми стално била на работа и во тој дел од сонот не се работело за баба ми. Сонот е прпоратен со свесност дека она е мртва и дека често во соновите се плашам од вакви работи. И кога сум будна се плашам да сонувам вакви работи. И тогаш и ги сонувам, па затоа мислам дека психата ми влијае многу.
    Толкување на сонот или јас веќе си дадов објаснување :^) .
     
  8. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Значи ќе ми се случи или ќе видам нешто и обично сонувам потоа многу подраматичен, преувеличен, невозможен сон, ама еве сега ме интересира што значи.
    Бевме деца, група на луѓе и познати и непознати и воглавно се поделивме како на физичко што се делиме во две групи стоевме едни спроти други ама да играме само, чувствував заедништво меѓу нас, заедно бевме сите само игравме, како фудбалски тим што се дели на пола на тренинзи, а пак е тим. Стоевме на планина, како на карпа ама рамна беше како на видео игра, и едни спроти други паралелно и бучава беше а меѓу нас имаше дел од голем ѕид кој бил закопан во земја кој наеднаш се крена во голем сив бетонски ѕид како оние што ги чувале и заградувале замоците од минатото и не раздели. И со другите не знам што бидна, ама нас не фати паника, се вртевме насекаде лево-десно и почнаа да ни надоаѓаат луѓе од сите страни, да трчаат накај нас, во опсада бевме! И беа облечени како воини, и извикуваа ВОЈНА, ВОЈНА, ВОЈНА! Ние преплашени почнавме да трчаме, да бегаме, и јас како кога сум будна мислев во сонот да бегам и да трчам-секако ќе ме стасаат и ќе умрам, ако не бегам и ако останам може да останам жива, и го фатив дечко ми за рака и трчавме заедно и мешаница настана огромна гужва, бучава што ја ствараа сите, нашите бегајќи, а непријателите викајќи ВОЈНА, ВОЈНА, ВОЈНА! И потоа не знам што се случи. Ама знам на почетокот на сонот се мешаа сцени од салата физичко и височината кај што бевме.

    Мислам дека е поради случувањава во последниве денови што ги даваа на вести, или премногу гледам Величествениот султан :D

    Ме интересира значењето на сонов. :?:
     
  9. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.015
    Пол:
    Женски
    до вечер ќе ви ги пишам одговорите, сега се брзам немам време, само на Sara123 да и одговорам. Одсекогаш многу ме интересирале соновите, имам доста читано, за начинот,значењата,симболиката, повразувањето на нештата,кој сон се толкува кој не,кој има значење кој нема....итд.Далеку од тоа дека сум експерт,сето тоа е читано и слушано.Што знам си кажувам, но пак мило ми е,што многу форумџикими пишале дека е точно, и тоа ме радува.Сигурно на некоја и сум утнала,но сепак не сум професионалец во тоа,како што реков се е од љубопитност и желба самата што сум читала.
     
    На girl-miri и HurremSultan им се допаѓа ова.
  10. laryla

    laryla Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2012
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    230
    Многу чудни сонови.Сонував повеќе сона,свесна сум,ама се сеќавам само на 2.
    1.-По патот до дома има скали,скалите се преполни со облека и чевли,и се тоа бесплатно.Јас и мојата најдобра пријателка чекориме по скалите,но како да немаат крај.Одеднаш,скалите почнуваат да се рушат и татко ми не спасува. :^)
    2.-Сестра ми и кажува на мајка ми дека сака да има односи со бившиот.Мајка ми и вели да го направи тоа,а сестра ми со трчање ја напушта просторијата. :^) :lol:
    Ај ве молам протолкувајте,многу ми е чудно. :^) :)
     
  11. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.306
    Пол:
    Женски
    Епа супер,продолжи да ни ги толкуваш соновите.И мене ми погоди.Инаку и мене ме интересира за соновите ама ете не сум имала можност да дојдам до некои книги и такви работи.. :)
     
    На Snow-Queen му/ѝ се допаѓа ова.
  12. priti

    priti Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    83
    Uf сонов е насабајле сонуван не е ноќе. Малку хорор звучи, ама чудно е тоа што не се уплашив нити се плашам. Рано в зори дури нема уште сонце јас и моите родители се расправаме нешто дома ама тоа онакви наивни расправии. И отспротива во дворот на комшиите случајно погледнуваме дури се расправаме и гледаме една комшивка која не ја ни познавам, само во сонот била облечена како Албанка, (значи Албанка комшивка, и куќата спроти била албанска :^) ) си седи така во дворот со една друга жена во црна мантија која и гледа на карти. И јас си викам добро не и е језиво? И си гледаме така кога таа непознатата жена со црна мантија и капуљача што и гаташе на албанката ја подига главата накај нас и нешто бледо ни светна само јас не видов убаво и му викам на татко ми што е онаква бледа, а тој ми вели каква бледа таа нема лице. И се тргнавме оттаму тројцата и продолживме да се караме во дневната цел ден дури гледавме телевизија. А мене ми забранија да излегувам надвор заради таа 'жена' или што беше. А мајка ми дури легна на кревет и како болна лежеше дури се расправаше со мене. Што ќе е ова сега? :| Или можно е дека вчера читав нешто за тарот картите па ми останало во главата :?:
     
  13. priti

    priti Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    83
    И уште овој. Го сонував брат ми (тој е помал од мене а во сонот бил постар :^) поголем беше, како да не беше тоа неговото лице), ми удри шамар, јас останав како стресена а после тоа ме гушна.
    Знам дека гњавам... ако не е тешко :) :)
     
  14. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    Што е на сон бакнежот и солзите?
     
  15. smiley-94

    smiley-94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    426
    Допаѓања:
    321
    јас бев легната и тоа свртена на една страна и дојде некој и ме бакна до левото око ,а ликот не му го видов? што ќе да е :D ?
     
  16. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.905
    Таман еден период не сонував страшни сонови, еве еден нов што до сега е најлошиот сон што некогаш го имам сонувано.

    Јас и еден мој, да речеме другар (до пред некое време ми беше многу близок), сме киднапирале едно девојче кое потоа одеднаш се смени и стана една другарка од клас со која многу се дружам, а она воедно се знае со другаров во реалноста. И сонував како во една куќа неа ја врзуваме со јажиња и он ми вели „пази на неа додека да ја земам колата“ и излегува надвор и доаѓа пред куќата со кола, инаку куќата беше на некое запустено место. И внатре беше мајка ми, тој возеше, мајка ми седеше на совозачкото место, а јас и другарка ми позади. И некој ми прати порака на мобилен, нешто на српски беше пораката и застанавме на едно место кај што имаше една гаража и излезе тетка ми (која инаку живее во Србија) од гаражата и јас и мајка ми излеговме и отидовме кај неа и по некое време дојде и другарот (а во сонот ми беше нешто ко дечко, маж, не знам), а јас се вратив назад во колата и пробав да ја одврзам другарка ми, таман ја запалив колата и тргнавме не стигна другарот ја отвори вратата ме извлече надвор и ме бутна на земја. Почна да ме мава, да ме шутира, ме навредуваше, ми се дереше, ми кажуваше погрдни зборови, а другаркава дојде и почна да му збори нешто ама ја мавна силно и она се онесвести. А јас цело време бев свесна што се случува, не заврза со јажиња и не силуваше. Цело време го молев да престане, дека не е добро тоа што го прави, а он ме држеше за вратот и ме стегаше и ми викаше да ќутам инаку ќе ме убие. Што е најтрагично мајка ми и тетка ми цело време гледаа што се случува, ама само се смееа злобно.

    Навистина лош сон, многу ми е грозен и многу ме потресе. Бидејќи и другарка ми и другарот премногу ми значат, а во ваков сон ги сонувам. Да не зборам за мајка ми и тетка ми. Има ли некое значење? :(
     
  17. senjorita-v

    senjorita-v Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    1.915
    Допаѓања:
    11.135
    Пол:
    Женски
    сонував како сум била кај еден другар на гости ...славел дипломска и ја на одење сум му подарила прстен не нов туку мој ...он го земал и толку
     
  18. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.880
    Нешто сонојве последниве дена ме давет.

    ЗНачи вака беше. Бевме кај дечко ми дома му и беше сам. Јас требаше да си одам за брзо. Во еден момент му заѕвона телефонот и доби нечив повик кој страшно го изреволтира. Псуеше се нервираше дури почна да плачи. И само ме гушна и ми рече „морам да заминам за Австралија кај сестра ми.“ И се разбудив сабајлево :^) :^)

    а тој нема сестра иначе
     
  19. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.499
    Јас ноќеска сонував како една змија цело време ми се испреплетувала околу нозе. Јас каде и да застанам таа ќе дојде и ќе ми се бутне во мене. И јас таман ќе и избегам она повторно ќе дојде и ќе ми се испреплете околу нозе пак. И така цело време. :^)
     
  20. gossip-girl

    gossip-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    351
    Допаѓања:
    218
    Сонував како сум се предозирала со антидепресиви, вкусни беа, башка :))) никогаш во животот немам пробано, но не и на сон.. Си ги испив поштено цела рака, малку водичка да ги подбутнам и толку, не знам шо ми се случи, се префрлив на друг сон.
    Значење некакво некој да не знае ?