Сонував како падам во кал, онака одам секаде вирови и кал едвај одам постојано паѓам и некако стигнав до куќата на комшиите и пуштам од чешмата во дворот и почнав да си ја одмивам калта од фармерките.. што може да значи??
Сонував како навечер гледам на небото ситни огномети правеа интересни кругови и многу беше убава глетката. А потоа стоев исто навечер сама на балкон, и ја гледам мајка ми како доага накај мене со некоја стара валкана баба, и таа баба ме бакна и гушна со едната рака, а мене ми се згади од тоа?
ViktorijaMari-ќе се чувствуваш непријатно,поради нешто што ќе треба даго прикриеш (тајна) xxAngelxx-краткотрајна среќа,убавина,поради јад,гриж,лутина
Сонував како бивши мој со кој што идев нецели 3 год ми се јавил да ми каже дека се жени и дека ќе има дете па да не го барам веќе.А јас иронично сум му одговорила нека ти е со среќа и јас имам некој покрај мене што ме прави мн среќна.А во реалноста со типов немам никаква комуникација, п аниту сум го побарала некад.
Ух,значи колку се гнасам од црвците...сонував како требало да копам ровови во земјата и кај мене имало многу црвци,долги тенки темно црвена боја биле
Сонував како сум во некое друштво. Луѓето не ги знам реално ама во сонот се познававме. Имаше една девојка што имаше потполно ист златен прстен како мојот. Значи и двете ги носевме на раце.. Толку се сеќавам.
glow...поради некоја твоја постапка,другарка твоја ќе створи погрешно мислење за тебе,но не се плаши ситуацијта ќе се разреши и се ќе биде во ред
Да верувам во тоа дека непротолкуваниот сон е непрочитана порака, токму тоа ми се случува. Сите сонови (добри и лоши) ми се остваруваат и секој сон значи нешто со помош на хороскопот на фемина читам секој сон што значи
А што значи да сонуваш како бубачки ти влегуваат во уста,и тенка мала змија влегува во уста а ти ја напаѓаш ,и на крај со тешкотии ја вадиш од устата?а околу тебе исто куп змии поголеми леле ама ноќ со кошмари имав
^ Лелее и јас пред некоја вечер сонував како ми влегла оса во устата и ми застанала на јазикот, и никако не можев да ја извадам
сонував како цело време барам некоја бела капа, као качкет или нешто слично, не знам чија, не знам ни дали е моја, дали барам да купам, битно цел сон ја барав таа капа. И така барајќи ја, во сон ми се појави дечкото кој што ми се свиѓа, сврзавме некој муабет кој што водеше кон бакнеж, ама наеднаш ликот се смени, бакнежот беше со некој друг, а овој дечково ме глеаше од страна. До крајот на сонот се јадев себе си, што ќе правам, што ќе помисли, и наеднаш на една маса видов голем убав бел саат за на рака, и си помислив еј што убав саат си купил (за дечково мислам). Абе кај ме збунува и ме мачи вака у реланост и на сон ми праи збрки у паметов
Tamar4ence-по тага ќе има големо подобрување на ситуацијата во која се наоѓа,набрзо и доаѓа радост Elenuskaa-среќа,задоволство,ќе се приврзеш за нешто,за што ќе бидеш многу радосна.