vitomir-снег како снег е непријатност,но дали си гледал како паѓа,или си видел само дека е се покриени со снег,газеше ли снег,чистеше снег...? Macoola-внимавај да не направиш некоја непромисленост и да си го уништиш со тоа планот/работата,поради тоа би имала разочарување,затоа биди внимателна и искористи си ја шансата soncenceto.matea- ќе се налутиш некому поради некаква загуба,внимавај на опасности, годинава добро ќе ја запаметиш....очигледно се работи за нешто озбилно Shpagetta- непријатности и разочарување(лично)
Синоќа сонував како мајка ми ми го извади ланчето кое го носам златно со крст голем и така подебело е да не ми го украделе и ми стави друго многу потанко со помал преврзок. Што значи тоа?
Веќе повеќе ноќи сонувам ист сон. Славиме ние, масите наместени како за домашниот празник што го славиме и јас секоја вечер ја барам светилката да ја запалам и се разбудувам се во 4 часот по овој сон.
Сонвав дека сум се преселила во друга куќа, и после мајка ми заминала на работа и на постојка чекала автобус и сум тргнала по неа по пижами, после сум возела точак, а до нас имало механичар и ич нејќел да го возам јас точакот и му го зел на брат ми, после сум плачела дека нејќам да живеам таму. И толку беше сонот.
Мајка ми ме сонила какко дечко ми ми подарува букет цвеке, а исто така јас на нему сум му дала друг букет цвеке?? Што би можело да значи??
hehehe-ќе добиеш сомнежи vitomirкако што веќе реков ќе доживееш непријатности,ќе бидеш тажен и во неизвесност Zaljubena111-кога некој сон сонуваш повеќе од 3 пати,истиорт се остварува Adi888-Промена на текот на настаните, во работата, во некој план... aquamoja-колку букетот бил поголем,толку поголема стеќа во љубовта vesna212-внимавај на опасностите околу тебе
ја имам најголемата фобија од змии и многу цесто ги сонувам но пред некој ден сонував бела не многу голема змија и не мие било ни малку страв па сум му рекла на мм да ја тргне дека ке влегла во некоја кутија по креветот во спалната...после некое време сум му рекла на мм ....виде сега влезе зосто не ја тргна кога ти реков..... преку глава мие веке да ги сонувам тие змии.... blagodaram odnapred za odgovort....
Ги сонував сонцето и месечината, ама не само што месечината беше во облик на срп туку и сонцето а мислам дека во сонцето имаше човечка глава е сега дали беше во месечината или сонцето не сум скроз сигурна ама мислам во сонцето беше и зборуваа меѓу себе, траеше ептен кратко, знам дека збореа. Јак сон
Сноу значи неверојатно е колку работи што ми ги кажа да ми се погодија Вака на брзина овие ќе ги раскажам 1. Сонував како во весник сум прочитала дека сум бремена од позната личност Глупост жива 2. Ја сонував бившата на дечко ми како се дотерува за него (ниту мислам на неа, ниту сум љубоморна на тоа што било, не знам зошто ја сонувам девојкава по втор пат ) 3. Сонував како мои блиски роднини се расправаат помеѓу себе, јас им викам за да ги смирам а не успевам
здераво сакав да бе прашам сто значи овој цон...цонував дека дрзев едно бебе во раце (женцко) ...бебето плачеше многу ама кога му ја кренев главата се смееше многу и беше едно многу убаво бебе....и исто така сонував змија ме касна ама не ме боле но ми блееде ногата и не можев да одам со таа нога ??
sabatini- предупредување no.name6- ќе ди биде страв од некој или нешто HurremSultan- среќа во работа и добра заработувачка priti 1-ќе споделиш некаква твоја тежина со некого,за да ти се олесни 2-новост,во вашата врска,изненадување 3-разговор во пријатно друштво,собир п.с. мило ми е што ти биле точни соновите ViktorijaMari- некоја моментална желба нема да ти се оствари barbiegirl123- ќе те прати среќа, ќе ти се пружи шанса да поправиш некоја работа што не била како што требала да биде
1 сон Сонував како трчаме неколкумина, ама јас ги прејдов сите и бев прва, потоа од друга патека ми се појави еден школски другар и тој трчаше и потоа видов еден автобус кој беше преполн со кесиња со храна и јас бев како испаничена, брзав да си го најдам моето, ми се чини бев на екскуризија. После тоа влегов во една соба со многу кревети, имаше полно девојчиња внатре, и јас и кажав на жената што одредуваше кој каде да спие, дека сакам да останам со колешките да бидеме сите три во соба, демек немало место за мене тука, седнав и ми рекоа да извлекувам карти па според тоа ке видиме дали ке останам во оваа соба. ја памтам едната колешка ги држеше картите во раце и извлеков 6ка 7ца и видов џандар исто. 2 сон Видов поп со седа брада а околу него имаше полно момчиња, јас ги видов и влегов во еден голем балкон и доле видов едно прекрасно сино море(мирно беше) беше многу сончево, паметам имаше светлина голема од сонцето и одеднаш доага од балконот една црвенокоса девојка и се фрла во морето и плива, после видов ајкули внатре во морето, а таа одеднаш излезе од длабочината на морето со три делфини околу неа, потоа се најдов во една соба која беше преполна со машки, а јас бев седната до еден тип, мислам дека имаше зелени очи, и почна со едната рака да ме гушка и да ме стиска, а мене ми беше незгодно поради тоа. 3 сон сечкав веке излупени компири со мајка ми на маса, а до нас имаше бел шпорет на дрва, а јас ја почувствував топлината од него, а брат ми лежеше на кревет и гледавме некое мало црно дете како игра кошарка, после отидов во купатило и на огледало си го видов вратот како ми беше исфрлен од нешто, како ситни акни беа незнам баш што. Сноу ти благодарам однапред.
Сонував дека требаше многу луѓе да патуваме некаде далеку, сме имале нешто важно таму да завршиме ама не излажале и ни забраниле потоа да одиме. Јас избегав и одев низ една шума, па имаше и многу луѓе што по тој пат решија да одат. Забележав еден дечко кој идеше по мене а го знам дечково и нешто ме исплаши или изнервира и го удрив со телефонот во окото. Од гужвата го изгубив после и продолживме да одиме по еден пат што беше многу опасен, ама го поминавме патот. Беше многу високо и се беше затворено со дрвја ама сепак поминавме неколкумина. Не се сеќавам навистина како заврши сонот.
Може некој да ми каже што значи да сонуваш жена во бело? Целиот сон е се наоѓам во една магловита зелена шума и има една жена како Amy Lee од evanescence многу ми личеше али не и го видов целото лице и одеше а јас по неа и ја губев од видик али подзастануваше за да ја стасам и застана и откорна некои тревки и ми ги даде на ова соновникот тука вика дека жена во бело е смрт на блиска личност значи се преплашив ве молам кажете точно што значи на интернет нема многу информации фала однапред и поздрав
Заборавив уште еден сон да спомнам. Сонував една бивша другарка која штотуку се разведе, ја сонував со нејзината ќерка и мајка беа кај мене на гости и многу беа весели и насмеани. Ама чудното беше што нејзината ќерка која има неколку години ја сонев како бебе и ја држев во раце и бебето насмеано беше. Snow-Queen фала многу се надевам дека не замарам многу.