Сонови

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од Claudia, 22 ноември 2009.

  1. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Јас сонував еден мој симпатија,ама веќе цела недела си немаме пишано и некако гледам да заборавам на него...во сонов се беше исто така,си немавме пишувано ни видено,и еден ден кога сум се шетала чаршија сум го сретнала сме застанале и многу силно ме гушнал...и потоа сме отишле накај мене дома,и сме седеле горе во детската,сме се шлапале (мувале :D ) и незнам зошто наеднаш станал,се налутил нешто и си заминал со колата...јас сум трчала демек да го застанам,ама после тоа сум се смеела,ич не ми било криво шо се налутил.
    Ах да,и мислам на почетоков од сонот,пред да се видам со него,сонував дека една другарка ми истурила јогурт на главата,па кога сум застанала со него,сум се бришела,ама скоро ич не ми се познавал јогуртот :lol:
     
  2. Smurfette.M

    Smurfette.M Популарен член

    Се зачлени на:
    13 септември 2011
    Пораки:
    1.072
    Допаѓања:
    621
    Дефинитивно ова стресно ставање на оцени за тромесечие лошо влијае врз мене...............сонував како сум правела писмена по македонски и не сум знаела што да напишам, всушност тетратката за писмена сум ја предала празна.......
    што би можело да значи ??
     
  3. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.015
    Пол:
    Женски
    xxAngelxx со соновиве долгометражен филм да не снимаше :lol:
    прв сон-успех,добивка,шала на страна,ти препорачувам да играш некоја игра на среќа(бинго,лото,грпка,или квизот џандар збира)
    втор сон-Целсон ти е предупредување....несреќа/опасност,биди претпазлива на некоја веселба,од непријателот
    трет сон-грижи во семејството

    HurremSultan-бегаш од некаква одговорност

    Sara123-те очекува незамислива радост

    BlueEyess-многу пати сум рекла,врз еден поим влијаат уште 10 околу него,точно е дека не е убаво жена бел фустан,ама во твојов случај сонот симболизира веселба
     
  4. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    Сонував сум била во некој ресторант сум отишла до wc и како што се миев раце погледнав во огледалото и го видов татко ми се свртев тој само молчеше и тргна, по него тргнав и јас го следев низ една шума и наеднаш се отвори некоја провалија и тој ми рече тука евреме да се поздравиме и падна во таа провалијата а јас останав и викам нее и плачев... ?
     
  5. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.015
    Пол:
    Женски
    CIA-среќен период во љубовта
    Smurfette.M-сонов повеќе ми личи на психа,отколку на симоблика. Ќе бидеш ставена на тешка одлука.
    Elenuskaa-немир во семејството
     
    На CIA му/ѝ се допаѓа ова.
  6. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Пак јас...ама што да правам кога сонувам ко луда,и да дремнам 5 минути ќе сонувам 100 сона :D
    Ноќеска сонував како сум била на екскурзија во друг град и сум си купувала работи нели од тезгите (тезгиве биле некако по подруми,на темни места,одвај се гледало)...се сеќавам сум си купила фармерки,ама најважното,кое сум сакала највеќе да го купам биле такви гумени топчиња,оние со реси што се,ако ви текнува што кога ќе ги удриш светкаат во натре...е тоа ми било најважното нешто и сум си купила такви две...после тоа вечерта сум се вратила кај мене во град,и таму сум шетала по тезгите,ама сум внимавала никој да не ме познае,дури капа сум си ставила мислам...и сум разгледувала од оние големине прстени што се носат на три прста,ама не ми текнува дали сум го купила оти сестра ми ми викала дека е многу грд...ии то,незнам дали уопште има некакво значење сонов,ама да си го напишам јас :)
     
  7. Smurfette.M

    Smurfette.M Популарен член

    Се зачлени на:
    13 септември 2011
    Пораки:
    1.072
    Допаѓања:
    621
    ...сонував како некои луѓе,што не ги познавам, се возеле во кола, т.е. две коли. Колите оделе една позади друга, но тие што биле во првата кола го знаеле патот каде што треба да отидат, а тие од втората кола не. Наеднаш втората кола ја претркува првата и тоа баш на некое место кај што патот се дели во два, и вторава кола оди на погрешниот пат и паѓа во провалија. После тоа, луѓето од втората кола (двајца мажи и една жена) излегуваат од колата како ништо да не било...
    ова повеќе ми личи на некој филм....
    :?:
     
  8. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.841
    Пол:
    Женски
    Сонував како дечкото што го сакам и една моја другарка ќе ме наместеле да излезам со некој и тој уште во првата минута ќе ме бакнел на уста и јас ќе му сум залепела шамар и тој ќе паднел :wasntme: :wasntme: :wasntme:
     
  9. xxAngelxx

    xxAngelxx Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2010
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    968
    Пол:
    Женски
    Ќути ке станам режисерка... :rofl:
     
  10. bibb.y

    bibb.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    355
    Дали знаете што значи сонов?? :sweat:

    Сонував како сум била сама дома и сум си правела макарони, сум ги оставила во мојата соба на кревет и сум отишла во дневна да си го земам телефонот. Кога се вратив во мојата соба врз макароните имаше исечени прамени од црна коса...

    Многу се уплашив и се разбудив. :|
     
  11. crazy.butterfly

    crazy.butterfly Активен член

    Се зачлени на:
    11 март 2012
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    1
    Јас сонував дека имало мали кученца и мајката јас сум ги хранела од мајката,а таа мала била.После едно голема ама слабо куче седело кај мене и јас сум го прибрала улично било и сум му дала да јаде џигер исецкан со леб и јогурт.Обично не фаќам месо,многу се гадам,не ни јадам.Онака кучето со црни светкави очи ме гледаше и впечаток ми остави,така ко мило сирото беше.Ако знае некој што значи :)
     
  12. Galadriel

    Galadriel Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2012
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    7
    значи најчесто ја сонувам мојата мртва мајка која неодамна ме напушти.додека беше во кома 3 недели јас воопшто не ја сонував.пшсоле смртта не можам да кажам дека ја сонував,но кога наближуваа 40-дена почнав да и го чувствувам нејзиното присуство,неможам да го обајснам тоа но сеедно ме набљудува додека спијам.и еве 8 месец поминува јас секој втори ден го сонувам тоа.неколку пати сум ја сонувала дека ја гледам, кога не нзаам дека е мртва, кога сум била дете и сме биле некаде заедно целото семејство на одмор, 2 пати точно пред да и изнесеме ред но тоа беше како кошмар,тие два сона ги имам разбрано. и неколку пати сум јас оснувала комлетно значи гледам дека е таа но знам дека е почината.некои велат дека не е убаво да саонуваш мртов човек.но 2 години пред мајак ми да ме напушти си ја сонуваше сопствената смрт.а јас истото го сонував пред 2 месеци таа да почини. дали некој можи знае да ми го каже значењето на моите сонови?од мала имав добиено уплав не седев сама дома, и кога почнав да се справувам со мојот страв,си отиде моето најскапоцено суштество,па сега не можам да бидам дома сама ни 5 минути,добивам напад на паника,мислејки дека исто како во соновите од некаде ке ми излезе.
     
  13. lady.com-mm

    lady.com-mm Активен член

    Се зачлени на:
    13 март 2012
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    5
    Galadriel најважно е да не паничиш и да не дозволуваш да те надвладее стравот...Јасно е дека си изгубила нешто многу вредно но дали си информирана за тоа дека некој работи колку повеќе ги мислиш толку повеќе ти се случуваат ,значи вака ако си ти преокупирана со мислење за некој си сон што значи или сл тебе психата се повеќе ти прогонува и добиваш навечер некој психички напади кој во твојот случај се нарекуваат сонови...Понекогаш има многу голема вистина во соновите но ти обиди се твојот ум да го преокупираш со други работи па може и ќе прстанеш да сонуваш,Би ти кажала и уште некој работи кој се побрзани за оваа твоја ситуација но неможам да се отворам на форумот тука толку..Сепак пробај да не мислиш многу на тоа а Мајка како Мајка секогаш ќе ти недостасува понекогаш дури и добро ќе ти биде да ја сониш! поздрав :)
     
  14. Zaliha

    Zaliha Активен член

    Се зачлени на:
    2 април 2012
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    0
    Барав на нет каде можам да толкувам сонови па ве прочитав вас. Ќе може ли моите сонови што ми оставиле впечаток да ги протолкувате ? Првиот сон, го сонев мојот мртов дедо како со баба ми заедно која е жива и мојот братучед со кого немаме добри односи, не ни зборуваме со него а во сонот зборевме , седевме заедно на една трпеза и јадевме. Јас дедо ми не го допрев, ама многу плачев кога го гледав плачев така тивко без глас. Со братучед ми зборувавме во сонот иако и во сонот очекував да се скараме не се скаравме.
    Вториот сон веднаш по овај, се бакнував со еден дечко кој не ми се допаѓа нешто посебно а го знам многу малку ама во сонот многу страстно се бакнувавме и немавме секс ама имаше оргазам. Нешто како секс на суво. Се надевам бев јасна. Благодарам многу. :)
     
  15. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.015
    Пол:
    Женски
    CIA-биди внимателна и поодговорна на работата на која си моментално фокусирана

    Smurfette.M-за нешто што се нервираш и напорно вложуваш труд, на првиот знак дека неоди нешто како што треба,подобро ќе ти биде да се откажеш

    pupi.girl-ќе лажеш за да се одбраниш

    bibb.y-неискрени пријатели
     
  16. Galadriel

    Galadriel Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2012
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    7
    Galadriel најважно е да не паничиш и да не дозволуваш да те надвладее стравот...Јасно е дека си изгубила нешто многу вредно но дали си информирана за тоа дека некој работи колку повеќе ги мислиш толку повеќе ти се случуваат ,значи вака ако си ти преокупирана со мислење за некој си сон што значи или сл тебе психата се повеќе ти прогонува и добиваш навечер некој психички напади кој во твојот случај се нарекуваат сонови...Понекогаш има многу голема вистина во соновите но ти обиди се твојот ум да го преокупираш со други работи па може и ќе прстанеш да сонуваш,Би ти кажала и уште некој работи кој се побрзани за оваа твоја ситуација но неможам да се отворам на форумот тука толку..Сепак пробај да не мислиш многу на тоа а Мајка како Мајка секогаш ќе ти недостасува понекогаш дури и добро ќе ти биде да ја сониш! поздрав :)[/quote]

    се согласувам со тебе апсолутно со се што ми кажа.јас никогаш нема да ја преболам тоа е големата вистина, но тагата за да ја надминам ми помага тоа што доста долго време студирав надвор од Македонија и ретко си доаѓав дома,па сега некогаш си мислам дека сум во времето коаг бев студентка, а и тука е моето кученце кое таа ми го подари за дипломата.кошмари сега немам но убаво ми е да ја сонувам,само по таков начин чувствувам дека е до менене ме напуштила.истото го сонува и сестра ми,но со разлика од мене таа нема страв.добив уплав на 6 години,но ова веќе преминува во патологија,си го велам на себе си истото тоа што и ти ми го кажа,но ми оди мн тешко.сега за сега им викам на татко ми и сестра ми привремено да ме оставаат сама дома, имам страв но голема ми е вољата да го победам. поздрав голем до тебе и ти благодарам за твоите совети
     
  17. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.499
    Јас ноќеска сонував како јадев чизкејк, дури можев и вкусот да му го осетам..
     
  18. lady.com-mm

    lady.com-mm Активен член

    Се зачлени на:
    13 март 2012
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    5
    се согласувам со тебе апсолутно со се што ми кажа.јас никогаш нема да ја преболам тоа е големата вистина, но тагата за да ја надминам ми помага тоа што доста долго време студирав надвор од Македонија и ретко си доаѓав дома,па сега некогаш си мислам дека сум во времето коаг бев студентка, а и тука е моето кученце кое таа ми го подари за дипломата.кошмари сега немам но убаво ми е да ја сонувам,само по таков начин чувствувам дека е до менене ме напуштила.истото го сонува и сестра ми,но со разлика од мене таа нема страв.добив уплав на 6 години,но ова веќе преминува во патологија,си го велам на себе си истото тоа што и ти ми го кажа,но ми оди мн тешко.сега за сега им викам на татко ми и сестра ми привремено да ме оставаат сама дома, имам страв но голема ми е вољата да го победам. поздрав голем до тебе и ти благодарам за твоите совети[/quote]

    Нема за што да ми се заблогодаруваш за советиме ,мило ми е кога на некој можам да му помогнам...а и заклучив дека си доста храбра личност,мило ми е што посакуваш одвреме навреме да бидеш сама така многу полесно ќе се привикнеш и ќе го совладаш стравот...Како што гледам имаш 22 години така да верувај и времето многу ќе ти помогне околу тие работи...Со среќа и поздрав :)
     
  19. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.015
    Пол:
    Женски
    crazy.butterfly- среќа,радост со пријателите

    Zaliha
    прв сон- прослава,радост
    втор сон-среќа во љубовниот живот

    anabel-a- дефинитивно ти препорачувам да си купиш еден ;)
    сонот е здравје
     
  20. HurremSultan

    HurremSultan Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    119
    Го сонев бившиот, истиот што го спомнав за друг сон претходно. Со сестра ми поминувавме низ нашата улица а тој беше седнат на земја и пиеше, пијан беше па како да бегав од него како да ми даваше некои страшни знаци. Стигнавме до куќата на тетка ми и таму ме стигна и ме удри така изненадно. Не памтам кај ме удри знам дека ме удри.