.. јас нокеска сонував како сум трудна во 7 месец со стомак голем и сум требала да се мажам со тој сега што ми е маж ама тој ме тепал во сонот и сум била цела со крвови... и сум се криела и бегала од него... Snow?
Сонував една отворена фиока, и во неа имаше бела облека, и неколку женски гаки(мои), наредени едно под друго, беа розеви со бело??
напорно вложување на труд.....се спремам деновиве да почнам да решавам задачи за натпреварот по физика....да се откажам од натпреварот?
Чудни сонови имав сношти јас , сонував многу различни и неповрзани работи најпрво сонував плажа и вода ама темна вода , со ветровито време. потоа сонував како со такси сум го барала брат ми на едно место а тој бил на некое друго место и накрај сонував како сум се смеела,т.е сум исмевала некое девојче, заедно со една непозната особа сум била и заедно сме ја исмевале нешто..... што би можело да значи ова
Сонував како јас и маж ми треба да се натпреваруваме во трка и треба да трчаме до одредено место,до селото Дамјан и полека тргнуваме да трчаме и ние први и среќаваме многу убава голема куќа со еден пит бул и доберман кој истрчаа по нас и почнаа да не лаат и кога се одалечивме од куќата во дворот стоеше една девојка или жена не успеав да видам. Потоа како трчаме влегуваме во една куќа на еден негов колега а таму пуно со народ како некоја слава потоа пак продолжуваме да трчаме и јас му велам ајде побрзо ние сме први да не не стигнат. (а не сме стигнале до целта) до тоа село. Што би значел сонот? Друг ден сонувам, како јас маж ми и ќерка ми одиме по една патека (црн пат) и од левата страна само големи карпи, а од десната провалија со езеро, и како да бегаме од некој како некои луѓе кои не прогонуваат, сакат да го фатат на маж ми.
Ја сонував золва ми како ми казала дека е бремена и ми станало многу криво некако незнам зосто но не сум показувала сум и цеститала сме се изнасмејале за несто и се разбудив.......однапред ти благодарам сноуу
Sundream-некоја лоша вест,ризик/опасност ќе ти донесе голема тежина Smurfette.M, јас само ти го кажав симболот на сонот,онака како што сум знаела,дали е тоа 100% така дали ти треба сега да направиш нешто,или тотално нема да му дадеш значење на сонот незнам. Навистина не би си зела за право да ти кажам дали да одиш на натпревар или не. П.С. ако отидеш ти посакувам среќа HurremSultan-Го сонев бившиот, истиот што го спомнав за друг сон претходно. Со сестра ми поминувавме низ нашата улица а тој беше седнат на земја и пиеше, пијан беше па како да бегав од него како да ми даваше некои страшни знаци. Стигнавме до куќата на тетка ми и таму ме стигна и ме удри така изненадно. Не памтам кај ме удри знам дека ме удри.[/quote] xxAngelxx-радост и веселба во семејството hrcace- грижи поради несигурен план/работа, поради неизвесноста за во иднина
Сноу конечно ми се исполни желбата на професионален план...онака како што ми го протолкува последниве неколку сонови испадна така како што ми кажа..многу сум хепи имаш една голема гушка и киска од мене
Леле незнам што беше со сонов синоќе.Значи вака.. Сум била во некоја празна просторија со моите две пријателки.Стоевме и јас ја подбутнав едната,а таа ме предупреди дека ќе добие мозочен удар.Следниот пат пак ја подбутнав и доби мозочен удар,и течеа крвишта од сите страни на главата,језиво беше.Одеднаш се префрлив во Венеција со мајка ми и татко ми.Го видов дечко ми,тој ме викна и отидовме да јадеме крем со вкус на мед. После сум се здебелила и никако не сум можела да ослабам.Се појавила пријателката со „мозочниот удар“ и рече еве сега да ти вратам... Што е со сонов незнам,ај плис протолкувај ми Сноу,неможам ништо да разберам.
Сонував сум била на операција на заб,некој катник,десно,имаше мноооооогу крв,па сум била отечена,па болеше.....хаос.... ако може Sow-queen да ми го протолкува?фала....
Јас сонував како се запалила дали мојата куќа или на некој друг,не ми текнува и знам сум сакала да ги спасам книгите,ама ништо,изгореле...и после сум видела дека останала само таа книга што моментално си ја читкам...ах да,и најмногу ми било криво за книгите оти не биле мои,туку ми биле позајмени.
delvi баш ми е мило делви, уште многу успеси да имаш Chivas-пријатни новости,кои ќе те израдуваат тебе и луѓето околу тебе causevsku777 грижи, потешкотии во семејството...истата симболика ја имаат и двата сонови што си ги сонувала sabatini- радосни новости во семејството
simonice- ќе успееш да се одтргнеш од некој непријатности, ќе си го возвратиш "долгот",со тоа ќе ти се сменат некои текови во животот(на подобро) CIA-кавга и загуба на пријател/ка laryla-со чесност ќе добиеш добра заработувачка
Сноу сонот испадна тоцен....хахаха исто како сто и сонував золва ми навистина е бремена .....ти благодарам навистина се прекрасни новости
Машково мое значи постојаноооо, сонува како јас сум била со некој друг, ме видел, сум го изварала... ....Синоќа пак сонувал исто.. А јас синоќа сонував, незнам, како без врска....... Вака: Сум била трудна, а сме биле со машкото мое, кај тета, т.е јас сум била во кола, а тој кај тетка ми седел, муабети....ми почнале болки... Сум се породила, машко било, убаво детенце, зборело по малку сме биле на гости кај моите. Јас мн сум го сакала бебето. Послем незнам, како сум се криелааа со се дете, и сум му викала на машково мое, како да одам дома, како кога незнаат дека сум била бремена, имам дете сега. Не сме земени јас и ти, како да се појавам... вааа хаос ми е сонов.... Како одеднаш да дојдов 9 месец... Инаку кога се разбудив, се ме болеше, малаксана бев, грбот цел ме болеше, зголбови на раце, нозе. Измерив температура, немав...
t.i.n.k.e.r.b.e.l.l дечко ти у психа да не му има влезено леле ако ме вара,леле ако ја загубам... твојот сон - ќе чуеш невистини за себе, ќе ти биде мака, ќе ти дојде некој потежок период во животот
И јас тоа му го викам, од што толку мислиш, се плашиш, за тоа и само тоа сонуваш!!! Да, се плаши да не ме изгуби.. го знам тоа. Знае ако малкуцка погреши нема 2 или како ке ми дојде 3 та шанса!!! Инаку фалааа, за толкувањетооо!!!
пред некој ден имав многу грозен сон и на соновникот не ми наваѓа- сонував дека имам левкемија (да чукнам од дрво) дека косата ми одпадна дека сум многу слаба грозни сонови а немам поима што значаат помош плииис