денес сонував како некој човек плачел бидејќи жената му умрела и тој мене ме обвинувал.бевме на еден мост и тој држеше пушка и два пиштоли.јас бев облечена во венчален фустан и тој ми кажа:предади се и кажи ми дека ја уби мојата сопруга или ќе те убијам.беше ќелав и беше во раскинат костум.неговата сопруга лежеше мртва до една експлодирана кола.се беше во крв и парчиња од колата.едниот пиштол му падна наземи на човекот.јас му реков:јас ништо не направив!и со штиклата му го фрлил паднатиот пиштол во реката.и тој ме застрела.почуствував голема болка во стомакот.и после уште еднаш ме застрела но во главата.многу ме болеше ко стварно некој да ме застрелал.потоа сето тоа исчезна се појави ковчег,многу луѓе и поп.попот ме седна на ковчегот ме фати за вратот одпозади и за очите и рече:ангелите да те следат по патот кон рајот.таму ќе имаш мир секогаш и во вечни векови,амин.мене ми се сврте и се мистана бело пред очи и наеднаш се стана црно.како да заспав.(мислам дека сум ја сонувала својата смрт) може некој да ми го протолкува сонот?(утрото кога се разбудив .. од креветот пот извираше)
Вчера сонував сон кој целосно се оставри,повеќе како привидение некое. Но,не се однесуваше лично за мене,туку за другар ми и не беше од некоја особена важност,па не му обрнав внимание.Речиси го заборавив.Кога почна другар ми да ми ја раскажува случката што ја доживеал,и тоа поприлично детално,едноставно не можев да поверувам.Во сонот што го сонував исто ми раскжуваше и тоа ми се чини истите гримаси ги правеше и се беше баш како што сонував.Ова ми се има и порано случено неколкупати.
сонував како си ги сечам ноктите и не ми беа многу долки но на крај кога ги исеков како да сум исекла 500 тини нокти имаше еден куп едно до друго ги ставив во весник и не се сеќава дали ги фрлив..ако некој може да ми каже што означува овој сон??
некаде пипува сиромаштија некаде штета, од сиромаштија не ми е тсрав од штета леле кај баш сега одма ми се поврзаа некои работи
Во првите страни зборувавте за соништа со светци... мајка ми има доста чудни работи сонувано ми има кажувано неколку од кои најчуден и најјезив ми беше кога сонувала некоја икона.. преовладувала црвената боја со Исус итн...и ја интересираше дали постои такво нешто и отиде во црква да праша некој поп...му ја опишала иконата и попот и донел една икона што мислел дека би одговарала на описот... кога и ја покажал мајка ми ќе се онесвестела..истата од сонот .. Преображение се вика иконата... и си ја купи веднаш и сега ја имаме дома веројатно има некакво значење
Значи, во сонот си сечела нокти-само нокти ако сонуваш значи сиромаштија или штета по другото толкување, ама ти си ги пресекла,што значи си ја одбегнала штетата која би можела да те најде! Не се нервирај, сонот не е лош, позитивни знаци дава
Сонував дека мајка ми била трудна. Прво сме мислеле дека е болна од нешто, ама после испадна дека била трудна. Ениуан?
сонував како дечко ми ме побарал за жена коа ми го дал прстенот не сум му одговорила ништо но кога дошол дома да ме бара од моите сум му го вратила прстенот и сум му рекла НЕ сеа ме копка што може да значи
Многу ве молам да ми пишете што значи сонов кој знае Дечкото што го сакам се женел за постара жена со 3 деца и последниве 3 ноќи цело време го сонувам сонов и се почнувам од таму кај што застанал претходниот сон за свадбата, како сериски филм и после се будам цела испотена и вознемирена. Ај ве молам пишетете што значи Барав по соновници ама се различно пишува ако си на свадба а не си во брак среќа, ако гледаш свадба несреќа Е сега јас во сонот не знам дали сум поканета ама цела свадба ја гледам со се подготовка на невестата, и таа во сонот ми вика ете знам јас дека ти го сакаш ама јас сега ако не се омажам никогаш, а ти млада си ќе имаш многу шанси. Многу ве молам се шекнав од страв а посебно што од кај ќе заврши претходниот сон таму ми почнува следниот сон, следната вечер како на цд да ја гледам свадбата па 1-во цд, 2-ро це итн, само и јас како да сум таму Многу ви благодарам
денес сонував нешто прекрасно, неодамна раскинав со дечкото со кој бев во врска 4 и пол год. сонував како сум со него на брод, како се бакнуваме и како сме среќни, водата во морето беше толку бистра и прекрасна, а јас се чуствував толку среќно и возвишено. сто значи???
Здраво девојки! Јас сум нова на форумов и еве би сакала првиот пост да го оставам во оваа тема Јас обично сум личност која што сонува почесто и верувале или не голем дел од соновите ми се оствариле после одредено време. Некогаш дури тоа што ке го видам во сонот, ми се случува истото во реалниот свет. И затоа што верувам во претскажувањата на соновите, се одлучив овој сон да го споделам и со вас, па можеби некој ке сака и да ми каже што отприлика може да значи. Значи сонував дека сум во некоја непозната околина и наеднаш сретнав еден црн, висок дечко. Моментот кога се видовме беше посебен, се гледавме очи во очи неколку минути и јас почуствував пеперутки во стомакот и некоја црвста поврзаност со него. После запознавањето поминувавме многу време заедно, онака пријателски, но имаше некоја голема хемија помеѓу нас, и некогаш толку голема , што само се гледавме во очи долго време и не кажувавме ни збор. Дојде и моментот кога останавме сами јас и он, некаде, незнам ни јас точно каде, и лежевме некако еден до друг гледајки се само во очи. Наеднаш јас почнав да му ја допирам црната коса и тој момент, тоа чувство никако неможам да го заборавам. Во тој момент почуствував дека тој е тој вистинксиот, телото почнаа дури мравки да ме лазат од пресилни чуства. И тогаш наеднаш се разбудив, и тоа во истата позиција, во која што бев во сонот. Најчудното е што чувството е толку силно, што сеуште чуствувам нешто во мене, нешто необично. Сега би сакала да прашам дали некој од вас, би знаел да каже некое толкување на ова. Ви благодарам многу Поздравче
^ Знам дека ако сонуваш машко, ќе се омажиш наскоро ама нема врска,можеби е некое предвестување за нова љубов,во секој случај внимавај кој се движи во твоја околина,можеби ќе го препознаеш од соништата Е сега вака,јас да прашам- дечко ми ме сонувал на забар,сме биле заедно,а јас сум била на забарското столче. Дали ми поправале или ваделе заб и тој не знае. Што би било тоа?
Muchacha » Eve jas da kazam deka i majka mi taka go sonuvala na son tatko mi, togas ne go ni poznavala, go zapoznala posle 3 godini od sonot, i majka mi znaela deka toj e toj vistinskiot za nea, bidejki bil istiot od sonot, pa mislam deka i kaj tebe ke bide nesto takvo, da se nadevame, bidejki navistina si zaljubena vo tipot od sonot. Pozdravce