Сонував во една куќа како се било чисто,метеле...и имаше една огромна цреша во дворот со многу убави цреши па си собрав неколку ама ме искараа па ги фрлив.
Сонувам како да паѓам во дупка и наеднаш ќе срипам и ќе станам, ова ми се случува многу пати. А сестра ми спие, а мене не ми се спиеше и чачкав нашто на тел. и сестра ми зборува нешто и јас и викам шо зборуваш ма? и она ми вика јас за мене си зборувам не за тебе . Се помочав од смеа кога ми го кажа ова
^незнам, и мене многу често ми се дешава така осеќам како у дупка да паѓам,со ногата се сезнувам....којзнае што е,стес,кошмар...
Сонував како бев на предавање на факултет, и во тек беа некои гласања за претседател на студентиве од моја генерација,но бидејќи не ги можам многу-многу ни на сон,станав да си заминам, кога одеднаш го слушнав моето име, како јас сум победила, па требаше да се вратам да одржам говор. Еднаш како не сонував нешто нормално.
Многу често сонувам кучиња. Незнам зошто ама сите соништа со кучиња ми се кошмари, како да имам набиено некој страв од нив. Сношти сонував како некое куче ми лае преку оградата, ми ржеше, па дури и ми зборуваше нешто, како дека не е тоа криво што мми лае, туку дека така му наредено. Јас го мавав со камења а тоа малку се повраќеше наназад и пак доаѓаше блиску накај мене ама не ме напаѓаше иако имаше можност.
сонував како одам по калив пат, гаден пат пат полн со гомна во црвени штикли и никако да стигнам до одредено место ...
сонував снег како има мн снег и нокно време се сетаме со друството ми се појавува од некаде машко детенце мало околу 2 годинки тука сииграм нешто со него,после со еден другар си одиме накај дома и као зима од една продавница мајца а од бутикот се зимало бесплатно и ми ја подарува.
Сонував како сум била на базент со другарките и сум се бањала,сунчала...2 пати додека сум поминувала покрај базентот некој ме подбутнал и вториот пат сум се свртела и сум му рекла да пази малце и овој нешто ми се развикал...наеднаш почнало многу да врне и сум се стрчала да си ги најдам другарките,они седеле под некоја стреа...и кога сум влегувала таму заедно со уште една другарка,2 коли се залетале низ вратата и ќе не изгазеле за малце.И сум погледнала во небото,за да видам дали има уште облаци,и на некое место подалеку цело време удирале громови,многууу молњи имало.
Другарка со која се скарав пред 2 год а пред тоа бевме неразделни 16-7 години во последно време ја сонувам многу, како повторно да се зближуваме и да се дружиме-што значи тоа?
Сонував како моите другарки направиле некоја беља.Сум ги лажела ја нешто полицајците само за да не ги затворат.Но потоа дознале дека лажам и ме пикнале и мене во затвор.Што значи тоа?
Сонував како сме си седеле со мајками и одеднаш сум се породила машко дете, а мајка ми ја пресекла папучната врвца и го облекла .Сум се израдувала дека е машко и дека сопругот ке биде ептен радосен.Потоа со бебцето во раце сум се шетала и сум чекала автобус.
Цела вечер мислам дека сонував како си ја гледам раката со прстенот од мажот ми и до него бурмата. Ахххх колку убаво стоеа и двата заедно
Добро што е со мене? Ноќеска сонував како сум јадела нутела дури и вкусот можев да го осетам. Пред некоја вечер пак сонував како сум јадела чизкејк и тогаш исто вкусот можев да го осетам. Ех оваа диета што ми направи .
anabel-a шеќерот ти е паднат Шала на страна и покрај тоа што си на диета, касни една лажица мед, не дебели тоа.
Сум сонувала многу црни змии и требало да пазам да не ме каснат ама една како да се договараше со другара па ми го попречи патот и другава ме касна малку. И само памтам дека имаше до патот еден голем ресторан и се викаше Вротсок или Вратсок нешто така врска немам.Глуп сон.
Уау, сонов. Значи сонував дека од дома ме пратиле да одам на Битпазар во една продавница кај што се продавале само машини за перење, да купам за дома. И како во сонот сум мислела дека сум отишла веќе еднаш, ама не сум ја нашла таа машина и као сеа по втор пат. И во сонот, тој продавачот беше различен, така чичко во четириесетите, пеесетите беше и таков се смешкаше, многу беше услужлив и се тоа. И ми рекол ете, дојди да ти ја покажам онаа машина таму и сум отишла јас во другата просторија и овој ме фатил за раце и пробал да ме силува. И јас онака се чувствував дека немав сила да му се спротивставам, безнадежно го мавав некако со едната рака го клоцав а тој само ми се смешкаше и ми викаше немој, чекај само малку.. И накрај некако сум се ослободила и сум фатила да трчам по улицата за да побегнам. Ама некако чудно трчав, неможев со полна брзина, уплашена бев.. Накрај избегав, овој мислам не ме ни следеше.. Ве молам некој ако знае што значи сонов, страшно ме вознемири.