Јас неодамна сонував одвратен сон, што дури и сега имам гадење ако влезам во лифт. Во сонот бев заглавена долго време во еден премногу тесен лифт. Викав за помош, додека не дојде една жена. Ја молев да ми помогне, да викне некој, ама таа ноншалантно ме одби, велејќи ми дека така ми требало, така си било наредено, како да сум си заслужила. Почнав да ѕвонам на мобилниот, ама ми се гасеше. Наеднаш почнав да снемувам воздух и да се гушам. Тогаш ми заѕвони мобилниот и се разбудив. Барав што е значење на лифт во сон, ама само стои дека е нешто поврзано со кариера.
Сонвав дека сум била на факултет, и сум ошла да полагам колоквиум, професорката била многу строга, и ме паднала оти сум го чкртнала тестот, и после то многу плачев, толку беше сонот
Сонував како сум била кај другарка ми дома..и татко и дошол пијан дома и сме се сликале со него -.- ???
Братучет ми сонувал синагога и двајца рабини (накитени со златни ланци ) во неа како седат и чекаат да почне литургијата, имало некоја жена налик Богородица, чекал и му се здосадило излегол надвор да ги побара родителите мислам рече и еден од рабините дошол по него и му рекол: Зашто си отиде ајде дојди почна, тој се препирал и не сакал да оди ама рабинот бил настојчив, така завршил сонот. Ај ако некој го разбира сонот да ми го протолкува ептен е чоекот у бунило, загрижен е, не му се допаднал. Пробав јас да го одгатнам ама не сум сигурна.
Значи, ова е сонот на мајка ми што многу ја интересираше што значи.. Сонувала дека живеела заедно со татко и, мајка и, вујко и.. значи како порано што живеела а всушност мајка и т.е баба ми е мртва сега, почина пред една година и нешто. Во сонот таа ги вршела сите работи, перела, чистела, пеглала и откако се завршила наеднаш и се појавила баба ми (таа во сонот мислела дека е жива) и мртва ладна и рекла а мојата кошула да ми ја испереш. И мајка ми многу се изнервирала и рекла вас сега ви текна, јас цело време чистам, перам се ви средувам, зашто само што завршила со работа а и се изнервирала зашто во сонот знаела дека мајка и а и сите други можеле сами да си исперат, испеглаат ама се барале од неа. И толку, се разбудила. Што може да значи ова?
TheCandy880-ќе донесеш важна одлука Sara123-беда Katojiikutaka- вистински пријатели во вистински момент Elenuskaa- убави мигови во љубовта
Сонував дека сум се карала со мојата најдобра другарка, нешто као она била кај мене на гости и си забораила нешто кај мене и после ми доаѓа и ме обвинува дека ја сум го украла нештото (не ми текнува што беше), знам многу викавме една на друга, дури и почнав да плачам и така се разбудив. Знае некој што значи ова?
passion.for.fashion- прв сон- работа полна со неизвесност во врска со домот/семејството,на крајот ќе има радост втор сон- озборување starfish- ќе надминеш препрека со туѓа помош
Во последно време постојано ја сонувам мајка ми бремена, или пак како дома со татко ми носат бебе. Две деца сме ние дома, а моите ниту имаат план за трето, ниту пак нешто слично. Кога бевме мали ми беше многу страв да не случајно ни ''донесат'' уште едно братче или сестричка, па си мислам дека од тука произлегува и сонов, ама нема да е на одмет некоја да ми објасни што би можел истиов да значи.
qqq- ќе бидеш оштетена поради туѓа вина interesna - штомсонувал светци, не го толкувам сонот,само би му преорачала нека отиде во црква, нека запали свеќа, и нека остави пари на СВ.Богородица blueeparadise - некому ќе биде од корист п.с. нека го посети гробот на баба ти
Adi888-ќе успееш да се извлечеш од некаква непријатност од друштвото,тоа ќе биде среќа за тебе Mishela- тежок период во семејството
Ајде сега едни мои сонови.. Вчера сонував три сона, многу испреплетено беше. Прво, сонував дека сум била негде со друштво и јас сум заостанала позади а овие иделе напред. И сега за да ги стигнам сум почнала да трчам, а они не одеа многу брзо а јас онака запнав да трчам а никако да ги стигнам. И во моментот кога ми биле многу блиску, тргнале да преминат улица и јас сум си рекла ај преку ова (како ѕидче од бетон и во средина трева) ќе претрчам да ги стигнам побрзо ама пак не сум можела. А они ни ме викале, ни се вртеле, ништо. А јас не знам зашто ама не сум сакала да викнам по нив. Веќе сум почнала да се изморувам, сум немала сили и сум трчала по една уличка кај што од страната има амбуланта (тоа всушност кај мене во населба е) и сум погледнала налево и имало како некое огледало, што ли битно сум се гледала како трчам и сум викала ајде можеш ти, ајде уште малце, ама незнам како трчав, а како да трчав во место.. Накрај се откажав, они веќе беа напред и влегоа во друга уличка а јас останав таму. А, да кога трчав сретнав еден човек што е татко на мој школски и ми се насмевнал ми рекол, каде трчаш толку? И јас сум му рекла, аа по другарките да ги стигнам и он ми се насмеал пак и ми рекол еех, какви другарки имаш ти.. и продолжил. Тоа е првиот сон. Вториот сон, сум седела во некоја соба со едно девојче од населба што сме познанички само и контактираме онака, ама јас не сакам баш да сум во нејзина близина, да се дружиме да речеме. Она е сега прва факултет, ама во сонот била четврта средно како и незнам седела она на едно столче и цртала нешто, шкрткала во тетратка и имало демек некоја другарка нејзина од клас, и ја убедувала ајде бе да избегаме од час, да не идеме на тој и тој час а она упорно викала не бе, како да избегам, одбиваше цело време. И јас сум рекла дее бе, еднаш си средно, голема работа ако избегаш еднаш. И оваа се насмеала другаркава и и рекла е колку неоправдани имаш или изостаноци и оваа рекла 11. Епа ете глеаш, голема работа, ајде еднаш, и пак одбивала.. Толку. Третиот сон, го сонував дечкото што многу ми се свиѓа, онака во последниве денови ми се засвиѓа ептен, цело време мислам на него, језда ми мавна две корпи хахаха. Е сега, сонував како сме збореле на фејсбук, он нешто ми пишувал, ама онака најотворено па како сум била убава нешто, па како од иста населба комшии сме биле ова она не памтам баш, ама знам дека се така отворено ми зборуваше ама се ми се чинеше дека ме лаже, дека не ме свиѓа ама во сонот ми беше многу убаво и се чувствував како тоа да се случуваше во реалноста. А инаку вака не контактираме, ни во живо, ни на фејсбук само еднаш ми пиша пред 2 дена, ама демек грешка било. Е толку.. Инаку Сноу Квин, знам дека станав напорна веќе ама па многу ме интересира.
Не е проблем blueeparadise прв сон - ќе имаш проблеми, ќе бараш помош, но никој не ќе ти помогне Втор сон - ќе ти биде потребна помош Трет сон - за третив сон повеќе би рекла дека е психа....доколку сум грешка, тогаш е симбол на исчекување-најверојатно поврзано со претходните два
Сонував како сум била на некое патување нешто како ескурзија и како сум влегла во некоја продавничка и сум купила сокче од оние во тетарпак пакување и кога сум влегла во хотелот не сум знаела во која соба сум и со кој сум во соба а имало многу гужва пред рецепција. Кога стасав пред рецепција имаше лист со имиња и клучеви со бројчиња од собите сум го гледала клучот и сум викала ова сигурно мора да е за мојата соба, без да проверам дали таа соба е стварно моја.
Сонував како сумтребала да одам на работа,инаку имаме сопствен дуќан,и наместо таму сум седела во парк со синот и другарите.Они се веселеле,пееле и тогаш сум се сетила дека е Нова година и дека треба да одам да го отворам дуќанот затоа што ќе има многу работа.Кога сум стигнала таму гледам тие до мене затвораат и ставаат многу роба во својот дуќан-инаку во реалноста тоа се луѓе кои многу ми имаат наштетено,ими велат дека сега е доцна ,никој веќе не работи,за џабе сум дошла.Помош при толкувањето.
Сонував многу чуден сон и би сакала да знам што значи Излеговме со братучедка ми и дечко и во продавница за чевли и јас пробував некои патики многу ми се допаднаа но немаше број, ми беа големи и ги не си ги купив....на излегување од продавницата се скаравме со дечкоѕо на братучедка ми и тие си заминаа со колата, а јас одев пешки, по пат поминував низ некои големи и убави ресторани и разговарав на телефон и од нигде никаде го сретнав мојот поранешен дечко кој е починат и се потресов останав изненадена во сонот, заедно со него стигнавме дома кај мене тој се капеше, се пресоблекуваше и стигнаа и братучетка ми и со нив се поздрави и мене ми текна дека на починатиот брат му се пресели во Скопје и му реков ќе одиме на гости на едно место изненадување. Се облековме и отидовме кај неговиот брат. И неговиот брат го најдовме врзан со крпа излегуваше од капење, и кога си го виде братот почна да плачи, поточно сите тројца заедно плачевме и се прегрнавме и се разбудив...