Сонував многу чуден сон и би сакала да знам што значи Излеговме со братучедка ми и дечко и во продавница за чевли и јас пробував некои патики многу ми се допаднаа но немаше број, ми беа големи и ги не си ги купив....на излегување од продавницата се скаравме со дечкоѕо на братучедка ми и тие си заминаа со колата, а јас одев пешки, по пат поминував низ некои големи и убави ресторани и разговарав на телефон и од нигде никаде го сретнав мојот поранешен дечко кој е починат и се потресов останав изненадена во сонот, заедно со него стигнавме дома кај мене тој се капеше, се пресоблекуваше и стигнаа и братучетка ми и со нив се поздрави и мене ми текна дека на починатиот брат му се пресели во Скопје и му реков ќе одиме на гости на едно место изненадување. Се облековме и отидовме кај неговиот брат. И неговиот брат го најдовме врзан со крпа излегуваше од капење, и кога си го виде братот почна да плачи, поточно сите тројца заедно плачевме и се прегрнавме и се разбудив...
WildCherry , периодов што следи ќе се расфрлаш со пари BettyBoop3- ќе добиеш убава новост-ќе се израдуваш
Хммм..И јас сонував еден чуден сон.Најпрвин сме биле во некој макет со едни другарки.Но во маркетот дошле едни наркомани-убијци.Се било мрачно,во маркетот имало многу луѓе и кога се згустила работата со наркоманите,јас сум успеала да наплатам и излезнам надвор.Потоа сум продолжила и на плоштадот,тогаш со еден мој братучед заедно сме свиреле на една гитара,звучеше многу пријатно.Подоцна сум отишла во еден кафич.Таму бил татко ми,имало момчиња и девојчиња и пред мене седнала една моја познаничка со едно момче,нејзин пријател.Тогаш јас сум ја зела гитарата од татко ми и сум почнала да свирам и пеам.Супер сум пеела и свирела...Потоа сум станала и заминала.Бидејки цел град бил во шок поради убиството кое што го направиле наркомените врз некое дете и тогаш сум се ангажирала за спас од убијците...Навистина незнам дали има значење овој сон,не верувам многу во вакви работи но сепак заинтерсирана сум за неговто значење...
Сонував дека мајка ми умрела. Значи влегувам кај мајка ми во дневна и таму го гледам нејзиниот џемпер. Ја барам и чуствувам празнина и ми текна дека умрела и ми беше многу тешко. Се разбудив цела за никаде. Што значи ова? Во последно време не е баш ок со здравјето. и Сега сум исплашена и цел ден ја мислам.
Сонував дека во едно ранче си зедов некој ситници од мојата соба(собата не беше оваа која старно си ја имам него соба од некое куќарче во сонот)и паметам дека зедов еден телефон (кој го имам ама воопшто не го користам) и не ми беше по мерак ама сепак го зедов последен, денек не можам многу работи што ги сакам да ги земам бар него , го помислив тоа и си заминав од местото со ваква фаца
Сонував како сум испаднала во двор ама со скинати чорапи на прстите-кромпирчиња како што си ги викам и таму во дворот бил еден мој симпатија и ми рекол ех на чорапи испаѓаш и што би можеле да значат моите кромпирчиња?
1.Сонував како навечер се симнувам од еден автобус, се симнав пред едно школо, надвор имаше многу снег, а јас носев сини папучи и додека одев по снегот жива вода ми станаа нозете снегот беше длабок.Некои луге видов исто така, носеа јакни од оние монткине. Потоа влегов во школото, беше преполно со ученици сите беа облечени во црно, а и јас памтам дека носев црни панталони, влегов во една просторија и се поздравив со една убава девојка(се бакнавме во образ) и одеднаш трчав срекна и возбудена накај телефонот ја кренав слушалката и само пред мене гледам еден пејач црнец и тој исто држеше слушалка, со него зборував а пред мене беше и се насмевнавме и двајцата, исто држев и розово руменило. 2.Бев сама на балкон и го слушав брат ми како му зборува на другар му нешто лошо за мене, и само станувам и гледам низ балконот снешковци, мислам дека беа два и немаа ни очи ни ништо само обликот беше како снешко. Потоа како да фотографирав многууу малечки жолти пиленца.
Јас па последно го сонував татко ми. Во сонот беше некој државен службеник, не сум баш сигурна. Читав некој весник и пред една колумна, извештај нешто за него и информација дека има љубовница. Кога дојде дома почнав да му викам, тој само ме гледаше и му ги видов солзите во очите, а мајка ми стоеше здрвена цело време без збор да изговори. Ја треснав вратата, излегов и почнав да плачам. Отидов во соседната населба и видов малечко детенце. Почнавме да зборуваме ама не знам точно за што. Се смирив, и дознав дека информациите за татко ми не се вистинити.
smiley-94-ненадејни и неочекувани вести CIA- мир и здравје xxAngelxx 1- преокупација од работа,непријатности...но ќе траат кратко,кога најмалку ќе очекуваш и ќе мислиш дека се е во ред ќе се дојде до пресврт и непријатност/загуба 2- пази се,од опасности mamma-mia - ќе добиеш убави новости,ќе се радуваш
Болен човек да оздрави и да потрча накај тебе за да те изгушка напнав со соновиве, никогаш не сум се замарала не ни верував мн ама ај
Prv son: -Bifsiot mi napravil sopka,ama ne sum se sopnala Vtor son: -Sum ziveela za vreme na prva svetska vojna.Se bilo razruseno,nemalo kukji-samo planini..bfyugfudhs