Забарот значи некаков бес и јад.Штом си отишла да поправаш заби тоа значи дека ќе ги поправиш односите со член од твоето семејство,а ако си вадела заб тогаш ќе ги прекиниш односите со член од семејството.
oooooo девојки па добро значи не е ништо лошо мада не би сакала сега за брзо да се мажам, зошто прво факултетот да го завршам па после постдипломски, ама ништо во животот не се знае, нели така да ќе си ќутам фала ви многу во секој случај
Знам дека соновите имаат врска со потсвеста,но да сонуваш како некој умрел тоа никаква врска нема со потсвеста.Дали некој знае што значи да сонуваш како умрел некој од блиските? Бидејки ноќеска тоа кога го сонував и кога се разбудив се расплакав неможев да издржам,многу реално делуваше сонот.
кога сонуваш дека некој умрел тоа значи дека ке живее долго . така знам. а дека имаат врска со потсвеста тоа сум сигурна зошто секоја вечер сонувам другарка со која престанав да зборам пред 3 год и во соновите се смируваме,заедно сме, ја гушкам....и во сон сум мн среќна кога ја сонувам неа ама кога ке се разбудам свакам дека се тоа е само сон...еххх да стане тоа вистина....ке бидам најсреќна
Знае ли некој што значи да сонуваш како береш јаболка, круши... Значи се сонував со татко ми како бериме овошје А пред некој ден сонував како со дечко ми сме преминувале една длабока река. Ајде толкувачи
IKONA - Videti ikone - ljutina i briga. Ikone u crkvi - veliki problemi. Kupovati ikonu - radost i sreća u porodici. Stavljati ikonu na zid - čast. Skidati sa zida - smrt u kući ова само има а за крешење не најдов нигде
Доколку сонувате поминување преку река, симболизира некаква пречка или проблем со кој треба да се соочите, со цел побрзо да напредувате кон својата замисла. Исто така може да симболизира и настапување на нова етапа во вашиот живот.
Значи последниве денови сонувам најразлични глупости, ни сама не знам како може толку неповрзани работи да сонувам.... Свеќи запалени, море, куќи, некои неповрзани настани. не знам дали е тоа производ на мојата психа од умор, нервоза или сл.ама се будам уште по уморна
Во последно време го сонувам бившиот дечко со кој раскинав на многу болен начин ( а во последно време пак почна да ме бара).Во соништата цело време тој ме следи,дури понекогаш и се плашам Знаете ли што значи тоа? поздрав
Јас во последно време само крајот на светот го сонувам, за тоа што зборат дека ке се случи во 2012. Сонив како загинува светот, како се сруши земјата, како ги снема луѓето... уфф. Иако не верувам а и никогаш не сум размислувала за тоа, стварно не знам од каде волку често ми доага на сон .
Берба на овошје значи среќа во љубовта,додека самото овошје значи радост. Длабоката река значи благосостојба но треба да вложиш труд.
Дедо ми е починат пред некои 20тина години.Ама ноќеска сонував како е починат и му правиме погреб.Што значи ова? А и минатата ноќ сонував како косата напред ми е побелена така прилично..и ова?И прекин на врска во сон исто дали знаете?
Сонував дека на дечко ми му ги земале дрвата што би биле пред кука. Дрвата биле исечени а двајце ги товарале во приколица. Што значи знае ли некој?
Погребот обично означува долг живот,но во случајот штом човекот е починат означува трошење на многу пари за непотребни работи.Затоа внимавај каде ги даваш парите. Дрвата значат кавга,а самото нивно товарање означува дека со повеќе труд ќе се средат работите.