Сонував двокатен автбоус ноќеска, ама беше и бајаги широк. Го видов само накратко во сонот, можеби 2-3 секунди, ама убаво забележав внатре дека имаше младоженец и невеста, со музиканти, венчаницава лелеава, невестата весела и прекрасна. Потоа сврте на кривина и си замина. (ова можеби е добар момент да кажам дека на сонов му претходеше муабет со другарките, коментиравме како ЈСП ги изнајмувале автобусите за родендени, прослави и фотосесии за нововенчани парови). Па?
Сонував како влегов во една продавница, требаше да купам подарок за нечиј роденден, и купив една машка плишана маица сина со бело беше, имав многу книжни пари во паричникот, имаше еден човек внатре како да одеше цело време по мене, како намрштен беше, ми викаше нешто и после него му ја платив маицата,и потоа одев по една улица сама и покрај мене помина еден автобус. Влегов во една соба, а таму спиеја тетка ми и брат ми и до нив имаше нешто благо и си зедов неколку парчиња и си јадев, потоа се вртам само и видов една фотеља, и пред мене имаше еден шифоњер така убаво наместен со миленца и видов моја фотографија кога бев помала, беше во рамка., потоа ја видов мојата симпатија и слушав некоја пријатна музика некои балади.
Сонував како на таванот имало голема пајажина и сама на себе си викам утре кога ќе чистам да не заборавам да ја соберам.
xxAngelxx - неочекувана добивка,но на крај ќе дојде до пресврт,внимавај поради гордоста да не ја загубиш добивката tonicka - самата ќе се вмешаш во непријатности
Не се сеќавам баш јасно на сонот,ама ќе напишам на што ми текнува...мислам дека сме биле во некоја како стара куќа и дека таму имало лешеви од луѓе...следно на што ми текнува е дека другарка ми ми кажувала дека кога си одела навечер осеќала како некој ја задева по рамото...и една вечер сме се договориле јас да минам по тој пат,а она да ми каже кога ќе има некој позади мене...ми кажала и кога сум се свртела сум го видела X (тој еден што се смував,ама многу ми беше досаден и го избегавав)...и сум го рекла неговото име онака изненадено и поcле тоа сум и рекла на другарка ми дека мислам дека ме следи он каде и да одам.
Значи нокеска сонував како сум дошла во Скопје, сум ја гушнала мајка ми, и сум сакала да се вратам во Хаг инстантно. Сум ги замислувала убавите моменти во хаг За сега сум во Холандија, Хаг, но одличив да продолжам да живеам во Скопје летово... Дали сонов значи нешто...
Сум сонувала како сум била на вечера и пред ресторанот сум видела еден од моите омилени пеачи и сум била многу возбудена,сум се мислела дали да одам да се сликам со него или не.Одлучно сум истрчала,сум го гушнала и таква пресреќна сум го прашала дали може да се сликаме а он ми одговорил "Вчера раскинав со девојката,неможам" (нешто во стилот не сум расположен).И јас сум се разочарала и сум почнала многу да плачам.И исто така почнало и многу да врне,знам мокра сум влегла внатре...
Сонував како сум невеста и ме прашуваат дали ќе го земам неговото презиме - јас кажувам дека го зимам неговото, но си го оставам плус и моето и толку беше од сонот, а човекот со кој треба да се венчам не го знам.
CIA - Те очекуваат доста невољи, но некои од нив можеш да ги избегнеш. cveke123 - скоро па сигурна сум дека нема значење и е психа.А и да има значење, тогаш е среќа
Ме сонувала другарка како ме чекала да дојдам и после тоа сме отишле некаде да и покажам некое школо, и таму се појавила некоја змија и другаркава се исплашила а јас сум и кажала да не мрда и сум ја утепала змијава. И нешто како демек сум испаднала херој во сонот... Знае некој што значи ова??
Elina - Ќе имаш многу чуден период, еден ден ќе добиеш прекрасна вест,друг ден лоша,трет ден па нешто убаво.....буквално испревртено Aneta88- веселба,некој ќе се мажи/жени, или принова во семејството Pirana- триумф над непријателот
Сонував како бифшиот ме адднал на фб(од нов профил) исто и неговата другарка..и ја сум му пишала демек може да се запознаеме..и он ми рекол ке те барам утре сеа сум мн пијан ? ^.-
Го сонував брат ми со мојот бивши дечо (за кој што тој не знаеше) со кој што се шетаа низ мојата населба а јас сум пошла по нив и нзм што му кажав на брат ми и си заминав.. Што ли ќе биде ова??
priti - свое тело? убаво витко,дебело,разголено, туѓо разголено? qqq - ќе ти биде нанесена штета по туѓа вина
КРАДЕВ!!! и тоа, си купив ланче прстен еден лосион и купка и алка, али многу беа убави со розеви црни и бели циркони а лосионот и купката бебеско розеви во преубаво паковање, а другарка па моја купила нешто за јадење од истото место и на каса коа дојдовме сметката 399ден, сто немасе шанса да е толку, и она ми вика плати си ги ти тие ја моево, а цело време прстенот на рака си го носам, и после гледам дека јаденјето и ланцето не го наплатил???? КОЈ ЗНАЕ ШТО БИ ЗНАЧЕЛО ОВА НЕКА НАПИШЕ