имало војна македонци со шиптари..јас сум била од кај македонците и цело време сме воделе али на крај мене ме виделе и они победиле :О
Леле прашањето е што не сонував ноќеска? Уште се плашам од сонот. Сонував како си идам од град за дома, туку одеднаш ме нападнаа кучиња. Знам дека седев мирна, демек да не ги лутам, ама едното ме касна за рака. Немаше нити болна нити крв. Појдов на лекар и ми рекоа дека имам туберколоза. Смешки. И лежев во болница. Сега кога се читам, навистина ми е смешно како може од касање на куче да се добие туберколоза.Тоа само на сон е можно. Туку шала на страна ај некој нека го протолкува сонот. Не ќе да е нешто убаво.
Другарка ми го сонувала бившиот,со кој одеа подолго време (околу 5 години),ама еве сеуште комуницираат онака,како во сонот биле испаднати заедно,или на било кој начин во сонот бил до неа,ама не и зборувал воопшто,не и се обраќал...и нејзе и во сонот ептен криво и паднало тоа,се разочарала....повеќе пати има овака сонувано да се испаднати заедно во друштво,или било како,а тој да не и прозбори,само да ќути...што би можело да значи?
во сон,како да бев со една девојка и таа имаше едно девојче мало и јас као да си играв со него и потоа она како да не беше се во ред,како да му болише нешто,па тоа дека било од што јас си игарв.... заборавив што поточно беше
Гладна кокошка - просо сонува, па и јас. Сонував дека сум добила незнам како 4500 денари, поточно дедо ми ги добил благодариение на мене и ми ги дал, шо ли е?
Јас сум родена во Сабота. Велат дека таквите многу сонуваат и ги памтат соновите. Синоќа сонував еден многу чуден сон. Го сонував Исус како ми кажал непто и ми казале што значи тоа. Исус не го видов, само сонував дека ми кажал нешто. Знае ли некој што значи тоа? А заборавив што ми кажал Неможам да се сетам....
pamelche - трошоци и лаги Lady-in-white - штета што не се сеќаваш, инаку значење има остварување на желбите и среќа во врската/бракот п.с. отиди си до црква, запали си една свеќа
јас многупати сонувам како доаѓа ангел ме зема во прегратка и летаме не само во сонот туку и кога се разбудувам имам убаво чуство.А,пред некој ден сонував прекрасно небо со ѕвезди,а јас застаната како на тераца мала од некој дворец,но дворецот не го видов.
rici.aaaaa - сонот со ангелот - нон стоп некој те штити и чува,внимава на тебе иако ти не си свесна за тоа другиот сон - пази, ти претстои опасност, некоја кавга ради некое наследство/добивка
Сонував како седам на кревет во една темна соба, со затемнети прозорци, едниот беше отворен, и пред мене имаше едно прекрасно полно сонце, а околу него мали бели облаци.Надвор беше прекрасен сончев ден. Потоа станав и видов една голема зелена планина, и од врвот на планината се симнуваше еден голем слон, јас многу се израдував кога го видов. Исто влегував во една продавница, ,видов надвор многу списанија, и едно си земав во раката, после тоа некој донесе една гајба големи праски?
^ Или ќе отидеш во посета на некој болен, или некој тебе ќе ти дојде на посета. При таа посета ќе чуеш новост што ќе те развесели.Новост во врска со иднината, навистина голема среќа и успех за се што ќе почнеш да работиш.
Сонував како еден многу близок другар,седел на некоја клупа и јас незнам сум налетала од некоја страна и сум му рекла:еј,ама си се исунчал бе А он еднаш ми има кажувано дека никако неможел да поцрни,колку и да седи на сонце
Сонував како се искарав со другарка ми на школо. Потоа ја грабнав за коса и почнав да ја влечам и корнам. Ми возврати и таа, па почна тепачка. Не знам како не разделија. Понатаму не се сеќавам, ама мислам дека ме однесоа кај дирекорот.
Сонвав дека сум била кај другарка ми дома, и во дневната ние сме седеле на кревет, а бившиот со друштвото, сите машки, седеле на маса и не гледале само, и после другарка ми не ме пушташе да сјодам. Во последно време многу глупи соној сонвам
Последнава недела 2 дена по ред ист сон се нешто безвезе..сонував како братучед ми умрел во сообраќајка..Толку глупав и морничав сон.Кога се разбудив целата бев вознемирена и напната. Гледав низ соновници на интернет за значењето и секаде различно пишува