Сонував како татко ми исчезнал и јас мајка ми, сестра ми и уште една комшивка сме го барале насекаде но не сме можеле да го најдеме никако. На крајот од сонот влеговме како во една просторија, подрум, магацин не знам што беше, но беше полн со стари работи: колички, кукли, книги, картони, стари кревети и сл. Не го најдовме татко ми и цело време во сонот чувствував некој страв од загуба, дека сум го загубила.
Сонував- Јас и едни познанички сме биле дел од некаква тајна организација. И така не повикале во една просторија и сме седнале на столче. Дошол еден човек(мислам главен бил во организацијата). Ни рекол дека нашата партија (тајната организација) ќе отпушти некој од работа. Ние сме се исплашиле и сме останале во прашалници. Тој си отишол и толку од сонот ~ Што значи ова Сноу ?
Многу сонови сонував,или беше еден дооолг,незнам,ама само на некои делови се сеќавам. Првото што ми текнува е дека со братучетка ми сме се скарале нешто,ми била лута,оти некој таму ја замарал што ме познавал мене,па демек требало јас да му кажам да ја остави на раат. После ми текнува дека со дечкото на другарка ми малце исто сме се подскарале,за Милка чоколадо бе,дека имало и некои си други милка чоколади што не биле оригинал,абе 300 глупости,за милка сме се карале Следно на што ми текнува е дека со другарка ми сме се туширале јас и она кај неа во вецето...и незнам од каде овоа,ама после сум се нашла некако стуткана во ќош,заедно со другарка ми,оти дечко и го фрлил мобилниот блиску до нас,и телефонов можел во секој момент да експлодира ама за среќа не се случи такво нешто...и мислам дека во ќошот каде што стоевме со другарка ми,имаше многу фустани и паднаа некои од нив кога се збуткавме таму,па ги кревав јас. И овоа е последното на што ми текнува...како сум седела на тераса кај едни комшии,една висока,ама во сонов мислам дека тарасаата беше моја...и чадор за сонце сум си пуштила,ама чадорот точно над главата ми бил,скоро ниишто не сум гледала пред мене...и дошле мајка ми и една комшика и нешто сме зборувале да патувам некаде во Франција,заедно со една помала братучетка,на посета да сме отишле кај нејзиниот дедо и баба.И толку. Eдит:ми текна на уште нешто....сум си ставала од тоа бебешкото пудро во косата пред огледало,и многуу бело ми се истурило,сум го тресела ама нејќело да падне
Што значи ако сонуваш како некој другар пробува да ти каже дека те свиѓа, сме биле на некоја забава и он пробува да ми каже, а јас знам што сака да ми каже и мене ми станува непријатно. А не сме нешто мн добри другари и втор сон што сонував беше како некој маж не брка мене и мојата другарка на Водно, и сме трчале се до доле и за малце ќе не фатеше ама му избегавме
Пред три вечери сонував како сум барала розеви штикли низ цел град и не сум можела да најдам.. Дури во сонот ми било тешко и мачно.. А завчера сонував еден човек кој мене фактички ми се паѓа дедо (на дедо ми брат му), кому во неделата му вадеа 40 дена, значи го сонував него како поминувал низ едно место блиску таму кај што живее и имало доста луѓе ама никој не можел да го види освен јас. Ми се чини дека бил дух. И едно време сум викала абе еве го дедо Ѓорѓија, и сите биле со wtf фаци, не можеле да го видат, т.е демантирале дека е таму. И на крајот дошол позади мене (ама јас не сум знаела) и ме бацил во вратот. И во сон се исплашив многу и се разбудив..
Мајками сонувала.. Имала бебе ама таа не го родила само и го остајле ко во некоа кујќа и и рекле дека е нејзино, била трудна ии и го дале.. Бебето било големо и пиело млеко од кај неа, во моментот наишол татко ми и побарал црвен кромид за да јадет татко ми бебто.. и таа кажала дека Немат црвен кромид.. (На сонот и викале дека пред тоа и бил голем стомакот , таа викала дека нее не било нејзино , викала јас си имам 2 деца не 3 нее е мое..)
CIA - кога ќе дојде декември 2012,во темата форумџики на годината,дефинитивно ќе те пишам за сонувалка на годината 2012 -болка на љубовен план -неочекувани случувања на љубовен план -Ненадејно,неочекувано признание за одредена работа,изненадување -биди внимателна,во непријатностите, ќе најдеш лице кое ќе ти пружи разбирање и помош -Внимавај на трошењето,колку повеќе ќе заштедиш толку посреќна ќе бидеш
Jaс сонував бааги грд сон. Прво сонував една познаничка како била убиец и сакала да не убие, не ми текнива баш како беше. После сум се набодела на едно огромни трња, цели раце ми биле избоцкани, а од такви трња се умирало, па се чудев дали ќе успеам да ги извадам или толку ќе биде од мене. После сонував како сме биле во некоја продавница и една другарка разгледуваш прстени, па и јас пробував, прво некаков си сребрен, после нешто бижутерија и еден ко со бисерчиња. Не ми текнува дали нешто воопшто купивме.
Омг ,што ми е со соновиве.. Пред неколку дена беше па го подзаборавив малку ама најбитното беше ова. Сум била со вујко ми во некоја куќа и иако сум го гледала по фаца дека е вујко ми, сум знаела дека е он но од друга страна сум мислела дека е мојот бивши и онаква сум му викала како дојди ваму и Spoiler сме се смувале ама во сонот он беше некако помлад и таков ми се смееше, бог да чува. После како сме биле во некоја соба и на кревет Spoiler сме се мазеле, мувале а вратата била подотворена. А јас всушност за тоа време сум требала да бидам во школо ама сум рекла демек нема да идам на историја, на 2-3 часа па ќе се вратам.. што се неколку изостаноци. Ова изгледа малку од реален живот исто И како што сме биле на креветот, ме викнал дедо ми, таткото на вујко ми ајде излезете побрзо, секако он мислел дека ние само сме седеле, и после дознав дека и мајка ми дошла во куќата и она ме викна а кога ме викна она буквално се стресов, од една страна да не ме види а од друга дека не сум во школо. (не ме виде што правиме, станав одма..) И таква се појавувам пред неа и она кога ме виде фати да вика па ти не си во школо, зашто не си што правиш тука, имаш часови! И јас таква сум фатила да дткам и сум и рекла ама мамо губиме историја, затоа дојдов ќе се вратам на голем одмор накај 4, еве сега ќе тргнам. И сум тргнала ,имав време а сепак подзакаснив малку, па неможев да си ја најдам училницата (а тоа некое си друго школо беше на чудно место..) накрај ја најдов па празна беше, и ок се најдов после со соучениците рекоа дека нема проблем, не сум закаснила сме немале час сега ,уште малку. Значи, незнам што ми е со соновиве, стварно.
Ноќта пред први мај сонував како разговараме со другарка, со која сега не збориме, а претходно бевне неразделни. Таа ми вели ајде можеме да одиме заедно некаде, ке дадеме повекје пари и во година нема да одиме... И јас и викам, да ама не е до нас проблемон (мене и дечко ми), до дечкоти е.... и толкуу А сабајлево сонував, како јас и дечко ми стоиме до некоја чешма и во мрамотор има порцелнаска столна ламба, многу убава, ишарана нежно со цветови. Му велам на дечко ми, види колку е убава, а тој ми вика, Игор (негов другар, пријател) и ја донесе на сестра ми за свадба....
Сонував свечени долги фустани(уствари биле на моите братуцедки) и сум сакала да ги пробам али никоја да не ме види..и меѓу тие фустани имало и еден невестински ??? После сонував како сум била на граница со моите..и имало деца мали многу..требало да ги префрлат преку граница на црно..и после им ги сечеле половите органи..многу беше језиво..
passion.for.fashion - ќе се обидеш да дознаеш некаква тајна - ќе успееш да избегнеш проблем anabel-a кавга - ти претстојат среќни денови п.с. доколку немаш отидено на погребот или на 40дена, отиди барем во црква запали му свеќа Macushkaa - мајка ти ќе сноси некој голем товар, некоја тежина
Нокта пред први мај сонував како моите комшии со куфери се спремаат некаде да заминат женаму на комшијата се дере ли се дере понего.Одеднаш заминаа,а јас застаната на џамот забележувам дека куќата не е празна во неа мојот татко приготвува шпагети,некако радост почуствував и му побарав на татко ми да ми даде од приготвените шпагети ,тој ми рече како да не овие се замене.Цело време ме одбегнуваше,а на крај се сретнавме на улица сонот заврши само со разговор.
blueeparadise - неочекуван пресврт во животот t.i.n.k.e.r.b.e.l.l - вести кои ќе те збунат -среќа во љубовта qqq - ново пријателство, или убави мигови со пријателите rici.aaaaa - семејството го очекува неизвесност
Сонував дека им било годишнина на моиве и ме однеле во ресторан да ме почастат. Брат ми фалеше на масата инаку, не знам дали има некаква врска во сонов. Самиот сон си беше смешен и тооолку нетипичен - мајка ми асално си се опи и ја тресна чашата од земја, а една жена од соседната маса само ни се смешкаше и доаѓаше на нашата маса да праша дали нешто ни фали. Уат да фак из дис !? Мислев да не биде као ќе се скарам со мајка ми, ама денеска си беше супер.
Сонував како дошла една другарка до кај мене до дома,заедно со симпатијата мој и ме викнале некаде да одиме...патот некако у природа беше,се околу нас беше зелено,дрва,вамте тамте...и сме застанале блиску до некоја пекара (стварно незнам од кај испадна пекарава) и другарка ми ми рекла абе шо ќе јадеме и сум и одговорила што ќе јаде Х(симпатијата) тоа и јас ќе јадам.И после сум се нашла во една соба,и во натре имало огледало.Е незнам стварно на косата што сум и направила,ама се сеќавам дека кога сум испаднала од собата,надвор у природава,седела една другарка со уште некој и сум и рекла види ма косава шубава ми е,си ја пуштив(оти целата ми била виткана,онака скоро ко афро,ама ич не ми текнува каква ми била пред тоа фризурата,оти нели на другарката сум и рекла си ја пуштив,па сеа дали пред тоа ми била некако собрана нз,ама нема врска )...и сум отишла под некој водопад,ама многу нејасно се сеќавам на овој дел,знам само дека се вратив и реков уф,овоа е најдобриот поклон што некој може да го добие(за бањањето под водопад)...волку ми текнуе сега за сега на сонот,знам дека имаше еден друг дел пред овој,ама никако да ми текне,уште не сум убаво рассонета
Mishela - непријатности,тага...сите ќе ве зафати,ама мајак ти највеќе CIA" - повторна средба со изгубената љубов,убав тек на настаните на таа средба....но биди внимателна таа средба да не донесе непосакувани последици,доколку бидеш внимателна и предпазлива, се ќе се заврши со убаво-радост