Дали некој знае да ми каже што значи да сонуваш како имаш многу долги влакна на нозете и да ги галиш?
како сум трудна веќе 3 пати по ред сонувам тоа а еднаш носев куче еднаш го раѓав детето .....знае некој?
^^^Beatris, да сонуваш дека си трудна се грижи, тежина некој, ако раѓаш, ќе ти поминат тежините. Јас пред некое време на сонот речиси се породив, дури и болки истрпив се, и навистина ми се погоди, кога ме зафатија гајлина цела недела, едвај се прибрав. Пошто верувам во пораките кои ги носи сонот, секако не сите, така од искуство ти кажувам. Инаку, батерфлај, влакна се болест мислам
па сигурно си разоЧарана и сега стом пак те бара се двоумис дали да му се вратис едноставно не си сигурна...мислам дека тоа е пораката на сонот
прстен да добиес како поклон мислам дека знаЧи свадба а ако изгубис прстен неверство...може во скоро време ке имас понуда за брак бидејки сонот некогас има спротивно знаЧење ако си рекла НЕ во реалноста ке биде ДА..
Веќе неколку пати ја имам сонувано мојата симпатија. Имам прочитано дека тоа значи возвратена љубов. Последниот сон кај што го видов беше дека тој имал натпревар (кошаркар е) и кога си одел бил испотен но дошол да се поздрави со мене и си замина. После ден два се видов со него откако поминаа 2 години кога последен пат го видов. Ме изгушка. Како само јас и тој да постоевме во тој момент иако имаше ептен многу луѓе околу нас. Дали ова е само почеток на остварување на соништата? Би сакала да е и толкувањето да ми се исполни.
Веќе долго време, секоја вечер ја сонувам мојата најблиска другарка. најчесто соновите се како нешто лошо и се случува и како јас плачам заради тоа
Јас сонував синоќа како сум во некој нов стан и како постојано местам една слика. Но кога и да се свртам сликата во рамка одма паѓа на тепихот. И цело време така јас ја закачувам за ѕидот, а таа паѓа....
Немав сонувано ништо подолго време. Сабајлево сонував како тргнувам до продавница да купам нешто но несвесно го грешавам патот. Со трчање стигнувам на друго место. Забележувам дел од моите пријатели на 100 метри од мене но не одам да се поздравам туку се завртувам и се пазам да не ме видат исплашено. Таман тргнувам да се вратам се будам Значи нешто сонов
сега проверив во соновник.. ако закачувате слика на ѕид - ке добиете признание.. Изгледа ти повеќе признанија ке добиеш
Девојки ноќеска сонував глутница кучиња околу мене,разлутени ми покажуваа заби ама ниедно не ме нападна. Кучето значи верност да,ама ова којзнае што е Исто и пред некој ден,го сонував еден поранешен другар со кој немам никакви контакти, го сонував со црвена маичка трчаше по скали,ме поздрави набрзина и ме праша како сум а јас во сонот стаписана,а знам дека во реалноста тоа нема шанси да се случи. Утредента видов плаката од татко му дека починал.
Сонував многу чуден сон...сум била трудна и кога сум го погледнала стомакот, сум го видела отчукувањето на срцето на бебето. Дури и го осетив срцето со дланката. Неможам ни да претпоставам што би можело да значи ова.
Разлутени кучиња што лаат значат многу грижи... Инаку црвената боја значи среќа во љубовта Тоа што те поздравил другар ти значи некои непријатности.Плакатата значи некоја загуба.
Јас не верувам више у соништа. 2 години по ред сонував свадба, мојата свадба, во сите соновници пишуваше дека тоа значело ке се мажам...али за кого????? Ја ни дечко немам.
Се надевам дека има некој што ке ми помогне овие "соништа" да ги сфатам...незнам ни дали се сонови,се чувствувам како во некој полусон...инаку не ми се исполнуваат сонови(викаат дека тоа зависи од хороскопскиот знак,а јас сум бик,така да скоро никогаш не обрнувам внимание)...значи вака-гледам цело време слики од гробишта,гледам попови околу мене,се гледам себе во ковчег,како ме закопуваат,крстови и некои слични глупости...ништо не е поврзано,само слики...кога ке почнат да ми ги сонувам овие работи ги сонувам околу една недела и после тоа престануваат и она што најмногу ме плаши ги сонувам во ист период во годината,не дека мислам на тоа,едноставно заборавам на тоа и кога ке почнам да сонувам сфакам дека е 19-ти декември...Знае ли некој да го протолкува ова?
јас сонував дека сум била на море, фамилијарно и одеднаш додека пливав во морето (каде што немало многу народ) се појавила една бела голема риба мислам дека беше ајкула и јас почнав да викам ама не бев испаничена, како се вратив до брегот се обидов да излезам а татко ми и вујко ми ми давале совети како да се тргнам од неа и деднаш се појави уште една таква ајкула ама слаба и долга црна со долга уста нанапред некои чудни риби и на крај излегов и тие по мене, некако ги турнав и тие заминаа во морето, само на крајот се осеќав чудно додека ги гледав влечките со кои се бањав како пловат во далечината и душекот за пливање со нив.. незнам што значи ова, моќе некој да ми протолкува?? однапред благодарам