Сонови

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од Claudia, 22 ноември 2009.

  1. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.015
    Пол:
    Женски
    Lady-in-white - добивка,стекнување на добри пријатели

    Underbelly - те очекуваат итни работи,кои ќе се завршат со успех
     
  2. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    е многу ми беше лош сонот значи
    сонував дека никако не сум можела да кренам глава од едно шугаво маче,такво едно мало жолто,прво сум го сакала ама потоа ми рекоа пази се ако те изгребе на левото уво ќе престане да те сака,само што ми го кажаа тоа мачето ме изгреба баш на левото уво,е од тогаш цел сон се борев против него,дома на вратата сум почнала да ставам штици за да не може да влезе,кога сум одела до продавница сум брзала накај дома ама џабе,секој пат ме чекало пред куќа за да влезе,потоа ме јадеше ме гребеше,мислам дека не ме болеше кога ме гризаше
    е така за мачката
     
  3. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.015
    Пол:
    Женски
    ^ ќе бидеш повредена поради неверство (е сега неверство на кој план незнам)
     
  4. rakce69

    rakce69 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    231
    Полош сон немам сонувано мислам дека...
    Како јас знам дека татко ми ја изневерува мајка ми и си молчам и во една семејна караница, јас му викам или оди си сам од дома или јас ќе те кажам, доста правиш проблеми веќе. Му кажувам на страна тивко, да не слушне мајка ми, да не дознае. Ама она незнам како слушнала што сум му рекла, почнува да плаче, а татко ми излегува од дома и само рече јас си одам имаш право. И тука плачки, тешење, јас почнав да се тресам, паднав на под но не се онесвестив и тогаш се разбудив, целата се тресев.
    Но, на изглед не беа моите родители, имаа улога на мои родители, но не беа они...
    Што ли значи?
     
  5. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Ау !
     
  6. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.015
    Пол:
    Женски
    rakce69 - семјството ќе открие некоја тајна, или некоја новост ќе пристигне и ќе бидете среќни

    cigarce, може не е на љубовен план, затоа и ти потенцирав
     
  7. rakce69

    rakce69 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    231
    Да си ми жива и здрава Сноу, ме израдува :) :) :) :*
     
    На Snow-Queen му/ѝ се допаѓа ова.
  8. xxAngelxx

    xxAngelxx Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2010
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    968
    Пол:
    Женски
    1.Сонував како одев сама низ чаршија, и после како да стигнав на Калево наше, многу високо беше и видов исто и зеленило. после како да се изгубив навечер и сретнав една жена и нешто ми кажа не памтам што, нешто во врска со тоа каде да одам, поради тоа што се игубив, и после се свртев и продолжив да одам, и знам со нозете преминав преку некоја мала ограда железна, и видов едни три деца како стоеја и ме гледаа, а мене како да ми беше незгодно или срам што бев изгубена, и сето тоа се случи приквечер.После сево ова, како да беше веке ден, видов многу широки улици патишта, целиот град го видов пред себе???
    2.Исто видов и еден лифт, стискав на копчето да се отвори, ама лифтот беше расипан, се движеше цело време де горе де надоле...? :?: :^)
     
  9. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    16.150
    Сонував не знам како се најдов во еден луксузен стан ,во него имаше луѓе меѓу кои повеќето од нив не ги познавав но со нив беше и сегашната девојка на мојот бивш партнер,таа беше многу убава , убаво нашминкана ,убаво дотерана,беше насмеана а јас пак бев сосема спротивно од неа ,бев грда ,ненашминкана и не убаво облечена , бев разочарана и тажна .Девојкава и на еден тип му даде знак и тој проба да ме силува,јас врискав за помош ,неккао го оттурнав тој од себе и побегнав,го земав мобилниот да му се јавам на бившиот ми партнер да ме одбрани но тие не ме оставија ме стигнаа и ми го земаа мобилниот .Какво значење има овој сон?
     
  10. Sweety-Tweety

    Sweety-Tweety Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2009
    Пораки:
    994
    Допаѓања:
    502
    Сонував една роднина, која за жал неодамна почина, како носи колачи и некакви пити на некоја прослава на отворено, дојде и ги стави на една маса. Премногу беа. Појма немам што се славеше. Имаше многу луѓе, а меѓу нив и вујко ми, пијан. Го гушнав за да се поздравам, ама толку беше пијан што не ме ни позна. И вујна ми само прокоментира - срамота е, ама не знам што да му правам. Се радува многу.

    И ова што значи???
     
  11. simonice

    simonice Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2012
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    99
    Страшноооооо....
    сонував како и поцинало бебето на една пријателка,а она онака ладна,јас се стресив дури и на сонот од оа каква е....
     
  12. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.015
    Пол:
    Женски
    xxAngelxx - некој ќе збори лошо за тебе, ќе ти биде тешко зошто најверојатно ќе бидат невестини, за среќа ќе најдеш излез од ситуацијата, и ќе бидеш безгрижна
    2.ќе надминеш препреки но со туѓа помош

    fallenangel - биди внимателна од личностите во сонот
     
  13. teddygirl

    teddygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2010
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    618
    Сонував како брат ми бил излезен во кафана заедно со дечко ми и друштвото а јас сум останала да и помогнам на мајками да спремаме дома затоа што после кафана требало да дојдат сите дома кај нас да спијаат.Е сега дури беа таму ми се јави брат ми за да ме замолел да не се разочарам од тоа што ќе го дознаам а не ми кажа што е тоа што ќе го дознаам.Потоа сонував како сме исто во кафана и на дечко ми му се залепила некоја па почнала да му се гали да го гушка, милува по образ а јас седев на истата маса али неколку стола подалеку од него и можеше да се запримети дека му годеше тоа што таа го правеше.Се налутив станав и си заминав.Трчаше по мене но не ме стаса, потоа ми вртеше на телефон и му се јавив и му реков да си седе со неа а мене да не ме бара и го исклучив телефонот.
     
  14. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.404
    Оваа ноќ сонував како сум во ерусалим во некоја стара трошна куќа во стара соба како оние од филмовите имало постар човек кој носел облека како во старо време таму но некако блузата му била како измеѓу бела и сива боја и цела ноќ ме убедуваше дека треба даостанам таму да живеам јас се противев и така застанати еден спроти друг успеав да ме остави намира полека поминав покај прозорот низ вратата и се разбудив
     
  15. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    а тоа што се мував со владо од преживеан а :D
     
  16. tonicka

    tonicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    13
    Сонував како во земјата најдов златен прстен,и копав со раце и пронајдов уште неколку од кој едниот имаше голем,црвен камен.Ги сокрив во џеб за некој да не ме види.
     
  17. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.748
    Сонував како татко ми ме викна на тераса и ми подаде мало кученце. Го земав во раце.
    После видов дека во пакет има и други уште помали кученца и ко демек ги окучила кучката и сега немало кој да ги чува.
    Јас ги земав и тоа поголемото низ прозор влезе во дневна соба и мајка ми почна да вика што ќе им правиме, а јас и реков ќе ги чуваме и ќе ги вдомиме преку странине на интернет. :?:
     
  18. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.191
    Допаѓања:
    23.256
    Пол:
    Женски
    Сонвав дека ми стигна порачката од Авон :lol:
    И внатре имало полно работи шо ми биле од порачката и некој гратиси, лосиони шампони такви ми ти ствари и сум се чудела откаде тие внатре :?:
     
  19. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.306
    Пол:
    Женски
    Мојата прва братучедка ја викнала мојата најдобра другарка на забава (Новогодишна)
    И така играле и двете облечени во зелени фустанчиња.И јас се чудам од каде тие две заедноо.. ??
    Во сонов јас не бев присутна,само нив ги гледав.И така тие се забавуваат на големо..и играат постојано.
    ?????
     
  20. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.741
    Допаѓања:
    6.738
    Последниве три дена интензивно сонував, па еве..
    Последниов сон во моментов само ова го паметам, дека сум имала алергија во вид на пликчиња или онакви црвени кога ќе те касне комарец на коленото, ногата и сум се чешала. А стварно имав алергија пред едно две недели.
    Вчера сонував еден дечко што порано многу ми се свиѓаше, турчин е инаку незнам дали прави некаква разлика, и сега ми е убав и се тоа ама сватив дека не е добар за мене и така.. Е во сонов мислам сме биле како на улица Македонија и јас сум му рекла чекај да те бацам пред да си идеш,као пред да се разделиме. И сум фатила да го бацувам сегде што се вика, сто пати го бацив по образ.. А многу сум се осеќала приврзана кон него и сум сакала да ме бакне во уста, и јас таман да се тргнам он ми рекол чекај! ме фатил за лице и ме смувал. И многу беше убаво.. :$
    И третиот сон. Пак сонував нешто со трчање, со бегање. Прво како во мојата населба немало никој, бар јас по улиците не сум сретнала и сум бегала од другарка ми, страв ми било да не ме фати ама незнам зашто, не сум се плашела дека нешто ќе ми направи, ама дека ќе ме укорува и кара. И сум трчала, а неа не ја гледав отпозади и сум отишла кај една жива ограда, во некоја куќа и сум се скрила во некое ќоше. Па поминала некоја девојка и јас сум и рекла шшт жити се, не смее да ме најде а другарка ми веќе пристигнала и наѕирала.. и девојкава ми се насмевна. И не ме најде накрај другарка ми. После сонував сум била во ГТЦ, и еден дечко со кој се смував пред една недела одел се по мене, сакал да зборува со мене а јас сум го избегнувала, сум влегувала по продавници, сум бегала од него и како сум влегла во Космофон :^) , не Оне, па сум одела од мобилен на мобилен само да го избегнам а овој упорно одел по мене и накрај ме престигнал дошол до мене и ме фатил за рака. Јас сум му рекла нешто во стилот,леле добро ајде ќе излезам ќе збориме, ајде излези надвор жити се! И сме излегле, зборевме нешто кратко не памтам и се разбудив.. А јас и во реалноста го игнорирав дечково, он ме молеше да излеземе на кафе, јас не му враќав, накрај му вратив нешто па он пак ме молеше.. и така.