сонував дека паѓам во несвест. т.е. чуствував како да паѓам во несвест, незнам, многу чудно. Инаку јас многу често паѓам во несвест па сонов ми беше ептен реален
Sweety-Tweety - ќе ти биде нанесена штета поради туѓа вина simonice - продолжен живот за бебушот,а и можеби е знак за надминување на некаква болест/проблем на другарка ти
Секогаш сонувам.Понекогаш дури се плашам,но си ги сакам моите сонови!Но,синојка сонував еден чуден сон.Го сонував момчето што го сакам,периодов сме малку под налутени.Се најдовме на едно место јас,тој и една друга девојка негова другарка.На почетоков од сонов јас и таа неговата другарка седме чекавме нешто,и потоа дојде тој.Кога се доближи до нас,појде и ја бакна во уста прво другава девојка,а потоа мене но бакнежот со мене траше подолго,девојкава само не гледаше и молчеше.Потоа се разбудив,и не се сеќавам што беше понатака.Има ли некакво значење сонов,или е само обичен сон?!
леле и јас сонував некои глупости...хаос беше сонот. Нешто демек кај мене биле бившиот (али не овој со кој последно раскинав, туку еден што одевме порано, има 2-3 години кај што не сме се ни виделе ни збореле) ама со него биле и неговиот најдобар другар и неговата девојка. И сме седеле онака кај мене, нешто сме лежеле и некои безвезни муабети сме праеле јас и бившиов, а другар му и девојката некако све се шеткале од соба на балкон па во друга соба и така се смешкале ко две заљубени птици. Јас и бившиов сме имале некој напнат муабет и некако ко да сум го избркала од кај мене. Напната бев. И после со мајка ми се расправав и точно со овие зборови и се обратив према татко ми “оваа мама цело време ме турка према овој ХХХХХХ, а јас него не го сакам, неможам да му бидам девојка, едноставно е - НЕ ГО САКАМ!“ И сум треснала врата од соба (демек лута и ставам крај на муабет) ама ги слушам моите дека зборат нешто (или може само мислат) демек “неможеме да го натераме девојчето да биде со него, па без разлика колку добро и одеше на школо во тој период“. Напнат сон беше тоа. Тумачење некое?
teddygirl - ќе направиш некоја глупост rici.aaaaa - ќе се вплеткаш во невољи cigarce - помирување, и време за старт tonicka - ќе бидеш наградена за твојот труд,успех во љубовта martinuska - ќе се смириш со некого
Сонував како косата ми била подолга од сто ми е сега..и ми била пеглана и густа..и сум си ја гледала во огледало ?????
Денес сонував- Јас -во мојата куќа.Стојам пред плакар и се мислам што да облечам.Прво сум извадила едно розово сако и сум го комбинирала со една розева блуза со дупки по долги.Сум нашла и едни тесни фармерки (темен тексас) и бели балетанки.Ама некако не ми чинело и сум пробувала уште `1005202585214896321482148752 милиони ` парчиња.Инаку јас немам розево сако и таква блуза како на сонот.Само фармерките беа мои. Spoiler Сноу Квин-ако имаш време протолкувај ми го сончево глупо и тој од вчера.Па да ти кажам право ти треба да почнеш да наплаќаш.Барем и работава ќе ти се исплати.
Сонував како сум нашла 500 денари и уште неколку железни по 10 денари пред влезот на предавалната на факултет.Прво се мислев дали да ги земам но на крај ги зедов.И до дека ги ставав во џеб си размислував како добро ќе ми се најдат.По некое време влезе едно девојче да праша дали некој видел пари оти ги изгубила.Мене ми падна жал и и ги вратив
Сме биле впродавница јас стринами и другата стрина и сме купиле 3 еуро крема еден за мене пола црн пола бел (сум рекла дека брат ми сакал таков, инаку за мене би купила само црн , чоколадото го обожавам а од тоа белотоо Бласк ) едната стрина (таа шо ми е поблиска по брат му од тато (сеа сме скарани) купила црн)), а другата стрина(та што ми е по братучед од тато купила црн со бело со рендани бисквити во него)). . И ко сме дошле дома сме пошле кај стринами и чичко ми(братов од тато) Братучедка ми ми намачкала 3 кришки од нивниот крем јас 2те сум ги изела а за другата не сум сакала.. Таа ме молела и јас сум и рекла ако сакаш да е делиме таа рече Нее. а после прифати и незнам како се деси јас не е изедов си забегав и си заминав дома....
Пред некое време една моја другарка, се смува со бившиот мој. Е сега сонував како познаничка (најдобра другарка на другарка ми) Spoiler ама какво објаснување ви дадов! ми кажува дека вистина се случило тоа, бидејќи во сонот не сум била сигурна што точно се случило. И одеднаш преку прозорецот почна да влегува змија. Ама не обична, туку огромна, чиниш анаконда бре! Со змијата понатаму не знам што се случи, само знам дека излеговме надвор во еден двор, и се најдовме со моето друшто. Седевме покрај една ограда, кога од позади се слушна глас од лав. Срипавме сите, лавот ни се доближи, ама ништо не ни направи. Сонов како да сум гледала animal planet!
Adi888 - ќе слушаш лаги Sara123 - ќе се извлечеш за влакно од некоја работа/случка, тоа ќе ти биде голема среќа B.Waldorf - ќе загубиш нешто долго очекувано Anna-Banana - како ти се чувствуваше додека траеше бакнежот?
сонував како со вереникот одивме да купиме спална па он додека возише колата јас го гушкав а он ме избегнуваше,па се тргнав,и потоа кога стигнавме таму он ги виде едни мои роднини и почна како а ме гушка и за рака ме фати..... хм
Bubbi - надминување на тежина qqq - имаш луѓе околу тебе кои многу строго се однесуваат кон тебе,некогаш и тие те спречуваат/кочат Sara123, сарчи мислам дека сите сонови ги имам протолкувано, ак сум испуштила цитирај го,ќе ти го протолкувам. иначе да да кога ќе размислам по 5денари да зимам у ќар ќе сум -сонот- имаш неостварени тежнеења teddygirl - новост
сонував како сум правела муабет со најдобра другарка на мојот бифш( уствари и она се има мувано со него) и она не знаела дека јас уствари сум му бифша..пошо се знаеме само од фб и не ме препознала ?????
Сноу пак невеста сонував, аман! Беше црнка замисли, облечена во бел невестински фустан, заедно со неа јас и тетка ми бевме во некое козметичко студио, и таму една ја шминкаше за свадбата. ама на крај кога ја видовме ич не ни се допадна како ја нашминка, очекувавме нешто поубаво да испадне, а инаку шминката не беше лоша, паметам и ги видов очите црни и беа и косата исто, и носеше многу долг вел. После рековме сите, не бе ок е добра е шминката, и после јас извадив еден гердан ми се чини сребрен и го ставив врз косата како круна, го пробавме првин на челото како и стои па на косата. После ја видов нејзе и братучед ми заедно под рака како младоженци....???
тоа у продавница со стрина ти и купувањето ке разбереш некои збориви од неа ,тоа што си изела круша со крем ке ти падне тешко нешто ,јадови се тоа
...........со другарите се најдовме сред напад од терористи исламисти арапини или шо и да е.......... на една мала грда плажичка беше......... јас прва приметив дека не во ред нешо тука и им реков да си одиме а коа станавме беше касно.............имаше и други луѓе и болница и џамија тука........... а дури бегавме една досадна другарка беше многу бавна а не кочеше и туркаше сите другари поготово мене као она прва требало да избега губев време со неа дури ја тепав како ме нервираше и тука рековме низ шумичката да бегаме и тоаш почна да гори шумата.......... глуп сон се исплашив за џабе дури се свестив дека е сон...............
женски не сум ве заборавила, гледате по 3/4 сона објавувам верувајте сакам на сите кога би можела од еднаш да ви одговорам, но само што се вратив од медитација,има мир во себе се,почнав овдека со сонови и одма глава ме заболе,верувајте неможам сите одеднаш Или ако треба сите одеднаш,ќе треба да ме заболи глава- ај то мање више, ама се мешаат сонови што сум читала детали еден со друг,па пет пати предчитувај за да не згрешам. И времето одвоено за фемина ќе помине само на сонови, затоа поишувам по 2/3/4 кога како можам, па после одам малку по други теми,ете само од таа причина + во ЛП што ми стигаат сонови од девојки кои неќеле јавно да пишат,и нив морам да ги испочитувам Уживајте и не се сикирајте,нема да ве заборавам, се трудам од кога сте напишале во нередните 24ч. да биде одговорено. Macushkaa - daddys.princess ,многу убаво толкување ти дала:тоа у продавница со стрина ти и купувањето ке разбереш некои збориви од неа ,тоа што си изела круша со крем ке ти падне тешко нешто ,јадови се тоа. Јас само би додала, лично ќе мораш да се соочиш со одредени факти blueeparadise -те очекуваат пријатни вести од околината -ќе чекаш некакво одобрување од личност со авторитет -со тоа што ќе мислиш дека ако одбегнеш некои работи и проблеми ќе се решат со негирање,запоставување,по кажано заташкување...ти ќе го одбереш тоа решение, иако не сум баш сигурна колку добро и правилно решение си одбрала mamma-mia - несреќа,загуба (најверојатно на пријателски план)