-мајками сонувала.. На cонот била всело каај бабами.. и видела како многу луѓе (фамилија на бабами) викале дека ќе одат кај баба ми ...Мајками рекла што ќе им правиме ние немаме ни леб доволно за да ручаме.., И така луѓето непошле кај Баба ми..... ???
Мајка ми по втор пат го сонувала истиот сон. Значи сонува како и се крши умникот или катникот, некој од крајните заби бил, го зела и го однела кај некој човек, кај сват нејзин и неговата жена да и го поправат ама мислам дека потоа цел се скршил. Првиот пат пред некое време кога сонувала истиот сон но без луѓето во нив. Не ја болел. Ја прашав дали и се случи нешто, ама немаше некоја случка. Скршен заб читам дека се проблеми и грижи, а мајка во овој период и те како ги има. Штом се повторувa би требало да има психичка основа сонот. Сноу што мислиш?
girl-miri - среќа со лицето со кое си се гушкала qqq - за одредена постапка, ќе бидеш омилена xxAngelxx - ќе се случи тотална спротивност од очекуваното
sajonaramucaca - пријатни новости кои ќе ти донесат напредок,дури те очекува и патување-но биди внимателна за да не западнеш во сплетки зошто тоа може да ти донесе несреќа Macushkaa - скромна среќа JuLleE - може да има повеќе значења,грижи/болест/смрт на некој познаник
Сум ја сонувала сопствената смрт поточно сум го сонувала сопствениот погреб, гледав како моите плачат, како ме закопуваат.. Што може да е тоа
Сонував како со сестра ми сме отишле на некое темно место, а пред тоа една другарка не опоменила да не минуваме низ една улица. Ама ние сепак поминавме низ таа улица и беше многу темно. Многу луѓе не гледаа додека минувавме и не допираа и закачаа а ние не ги гледавме нив. Потака влеговме во едно казино ама излеговме веднаш. Сакавме да заминеме ама повторно на опасната улица не бркаше некој, овој пат се гледаа луѓето. Еден сакаше да не убие му побегнавме. Па другиот за маклу ќе не убиеше јас исплашена го замолив да не не убива и не пушти. Ама кога се завртевме мислам дека со нешто ја погоди сестра ми во грбот или мене не памтам убо.
сонував како сум сама во еден голем трговски центар, внатре се беше бело, на горниот спрат имаше едно девојче, ми се смешкаше и од горе истураше вода врз мене, целата ме направи жива вода, јас бегав ама пак пагаше водата врз мене, целата бев потопена жива вода бев, и онака се чувствував изненадена, демек што и е на оваа, зошто го прави ова? е после ова гледам пред мене како закочува една црвена кола и од неа рипа истово девојче и падна на земја, и го видов коленото цело и беше во крв???
Сонував сум продавала во колонијална продавница (која инаку се наоѓа во нашата куќа ама е затворена од пред 5-6 години) и се створило многу гужва. Човекот кој го услужував беше возрасен околу 40-45 години и го забележав како кради. Го опоменав и си ги плати теа производи што ги украде и пред да си оди укради уште 2 чоколатца. Го видов пак ама не му реков ништо и дојде татко ми со еден пријател негов од позади и ми рече што чекаш виде дека ти украдоа нешто и ќутиш. Е тогаш му реков на овој крадецот ајде уште 10 денари должиш. И тој почна да ги соблекува панталоните му ги видов гаќите бели и ми рече е волку пари ќе видиш. Мене му стана толку непријатно што го избркав од продавницата а татко ми само ми се смееја со пријателот. Што значи тоа?
Tamar4ence -ти како невеста,или туѓа свадба а себеси си си се видела во венчаница? xxAngelxx - Те очекува радост(би рекла на љубовен план),некој се лаже самиот себе си во врска со тебе,има погрешен став кон тебе.Од тоа лице ќе чуеш секакви гласини,проблеми. hehehe - опасна љубовна авантура.
Прв сон........ бев во бутик со мајка ми купував и пробував гардероба која многу убаво ми стоеше и бев задоволна........................... Втор сон.......................Со една пријателка.......не ја познавам која е......... сме биле на деловен ручек во скап ресторан и требаше да преговараме за соработка со еден тип шо на мене ми се свиѓа............ тој бил тука со негова девојка а цела вечер флертуваше со мене и јас успеав да изнудам соработка со него............... па ни рече после да вечераме заедно да ги договориме деталите а уствари тоа ради мене го рече за пак да се видиме вечерта............. ја бев онака као ок бев фина и насмеана ама не флертував со него иако ми се свиѓаше ама изгледа тоа упали кај него.......... отидовме горе со пријателката во хотелската соба да се припремиме за вечера и јас почнав као многу да се средувам заради типов па сакав да се истуширам набрзина и да ја средам косата поинаку али дури откако се соблеков го видов часовникот и ми текна дека ќе нема време па и реков на другаркава дека јас не идам и после се осетив глупо коа ми текна дека сум гола пред неа ...........сеедно јас си влегов у када се испружив и си мислев дека подобро е така зашо типов уште поеќе ќе се заинтересира.................. другаркава ме молеше да дојдам, јас и реков да измисли нешто а тогаш дојдоа девојката на типов и некој нивен соработник а дечково не беше со нив, он не чекал долу, да видат до каде сме и кога разбраа дека не идам на вечера си влегоа во купатилото да се договараат со мене околу работа.....................? И ќе била долга соработка А не сме бизнисмени бар не за сега
Ова од синоќа и веќе око не склопив Значи фобијата од змии ми е страшно развиена и ко за беља ги сонував. - Бев дома, спиев. Се разбудив и најдов една голема змија во нозете а над главата имав голем гуштер. Станав од кревет и испискав... После тоа се разбудив.
La.Reina.Del.Sur - загуба sajonaramucaca -ќе направиш мудар потег -внимавај на финансиите и пази се од лаги,за да не доживееш жалост.Но тоа не треба да те натера ти да правиш валкани работи.
пред некој де сонував со маж ми сме пливале во плиток базент, и одеднач во базентот се појавиле маи риби ама мnогу и почнале да не сокоткаат и одвај сме побегнале а вчера сонував сум се изгубила во Грција сум влегла во некој голем супермаркет и сум ја заборавиа ташната, потоа сум излегла на улица и никако не сум можела да го најдам супермаркетот... за срека гледам девојка од Струмица (мојот град) што ја знам, но не се дружам со неа, и ја замолувам за помош.. таа ми вели дека работи таму и секојден патува до Струмица и ке ме врати назад... а ташната не ја најдов Дали има некое значење личноста што ја сонив? ако знае некој нека ми каже што значат ... фала