Боже, боже. Синоќа сонував како идеме со другарка ми у продавница да купам сочке, и ми се паѓа шмек. Ако некој сонувал поглуп сон, нека ми се јави , важи ли?
сум немала стомак рана бременост била не видов голем стомак него видов како со раката си го галам стомакот онака рамен
Сум сонувала како сум била во Њу Јорк со баба ми и покојниот ми дедо. Сум била превозбудена, и едвај сум чекала да посетам некои места. Само чудно ми било, повеќете збореле на македонски по продавниците по кои сум шетала. А јас па упорно сум зборела на англиски! И мајка ми сабајле кога ме разбуди и реков чекај за 15 минути.Така си го продолжив моето патешествие низ Њујорк.. Во секој случај, сонов мислам дека е само последица на мојата потсвест.
Сонував како во окото ми се појавила црвена линија со крв и како да го пресекла окото на пола,многу грдо Сме трчале по доктори ама немало никаде !
Епа онував пред некој ден, влегував во влезот на тетка ми во Скопје, и личеше на карневал. Имаше играчки секакви, па исо така, место скали за први спрат, имаше лизгалица шарена. Многу чудно.
anabel-a - покрај тоа што и самата си велиш дека е потсвеста, најди време деновиве отиди до гробот на дедо ти,или в црква запали му една сваќе. cigarce - те очекуваат некакви последици од минатото eli25- само со претпазливост ќе успееш да горазрешиш проблемот
Spoiler Јас конкретно,татко ми долго време не го бев сонувала,сакав ама не ми доаѓаше на сон едноставно.Едно добри 3,4 месеци воопшто не отидов да му запалам свеќа,зошто си реков до свадбата не одам,претешко ќе ми е.Се додека онаа недела не го сонував како влезе во соба кај мене,седна на фотеља и тажно,многу тажно ме гледаше ,и ништо не зборуваше. Значи обично ваквите сонови значат дека треба да го посетиш,сака да те види барем јас така го доживувам.......
Јас нокеска сонував чуден сон: Мајка ми и татко ми правеле свадба,а јас сум имала 13 години на нивната свадба.Една жена (која што не ја познавам) ми го пуштила нејзиното куче да ме изеде,а мајка ми само се смеела на тоа. Знаете што значи?
Snow queen, Помагај! Вака, сонував најгрд сон што може. Бев излезена со дечко ми, и во еден момент се издаде несакајќи дека имал нешто со една девојка. И јас почнувам да плачам и да бегам од него и така трчам,трчам ко мува без глава,кога случајно наидов на девојкава.. и ја прашав што било-како било, и она "ме утеши" со тоа што ми кажа дека не бил само со неа, туку со уште неколку девојки. Абе збеснав. И само што тргнав да му пишам дека е готово меѓу нас, ме разбуди алармот. Пу!
сонував нешто како сум се возела со автобус и сум сакала да видам колку е саат, видов на мобилниот и беше 28:08, а после кога повторно видов беше 12:02
сонував како да сум ставила боја или колор шампон на косата и ке ја миев и кога ја миев си реков леле види како е црна косав..од една страна ми се допајгаше а од друга страна како не ја ја сакав како да не ми стоела убаво
MandyLane - одредени пречки во врската ќе ги совладаш, и ќе бидеш многу среќна Smurfette.M - не дозволувај неважна работа да те преокупира, и да ги занемариш поважните работи girl-miri - колку подолга ти била косата,толку поголема среќа
Сонував како да бевме во една соба и како да имаше две фотејли на едната јас сум дремела покриена со ќебе а на другата еден мој школски другар (кој што ми се свиѓа) исто така покриен..И нему му зазвоне тел и јас сум му рекла дане е сања (поинаку се вика,неговата бивша) и тој демек не слушнал и продолжи разговор на тел. MI ZVONI ARALMOT I TUKA ZAVRSIII PREKRASNOTO SON4E.. А пред некоја ден сонував дека кај мене дома сме биле со една школска другарка и таа седнала на креветот јас до неа така доближена а до нас бил и брат ми...(брат ми и се пушташе инаку пред 1 месец..) и така само седевме и нешш муабетчина теравме не ми текнуват шо
Некако не верувам многу дека соновите имаат некое значење, но секогаш се најде некој сон да ме вознемири. Сум слушнала дека сонување невеста значи смрт или нешто лошо и затоа сум исплашена. Сонот е следен: Моја другарка која е мажена пред 2 години ја сонам како сега да се мажи, ја сонам како да прави свадва како пак е облечена во невеста, а после тоа исто во сон се гледам со друга другарка и и кажувам дека сум ја сонила Марија, а таа ме кара да не го кажувам сонот дека е лошо да се сони невеста, и за крај јас пак бев на свадбава кај другарка ми. Сон во сон. Загрижена сум, молам некој кој знае да ми го протолкува.
Macushkaa -имаш можеби малку некоја нескромна желба, па поради тоа за некоја добра работа нема да добиеш ни едно благодарам -многу повеќе ми наликува дека е преживување на моментот отколку симболика, ако е симболика тогаш....те очекува лош период ana-banana - и го виде ли ти лицето на другарка ти, или само знаеше дека она е невеста