И го видов и лицето се изгушкавме и она си влезе в соба да го чека младоженецот а јас стоев надвор пред врата да ги закитувам сватовите.
Сонував како од еден автобус сум се симнала и во него сум ги заборавила торбите.Сум се качила во такси,ама таксистот почнал да ме вози во непознат правец.И ми ги заклучил вратите.Сум седела до него,напред на совозачкото седиште.И сум почнала да мавам по џамовите за да ги скршам,ама овој не престанувал да вози,сум мавтала со раците,за другиве коли да ме видат,ама ништо.Стаклава биле некако како од пластика,тешко се кршеле,ама се виткале.И сум почнала и неговиот џам да го кршам и сум си го отклучила некако вратите.Он не приметил,и сум го прашала колку брзо вози колава и он само ми се намсевнал или не ми одговорил,не знам,и сум ја отворила вратата и сум се фрлила од колата на патот.После незнам каде отидов,тука на овој дел не се сеќавам баш,се сеќавам следно дека бев со една другарка(ама оваа другарка е голема озборувачка,сигурна сум дека има нешто лошо зборувано за мене) и она испадна дека била договорена со таксистот да ми го направат тоа.Незнам не ми текнува на крајот како беше,ама мислам дека сум се спасила. Сноу?
Не беше сон беше кошмар, мајка ми ме разбуди расплакана и целата бев испотена срцево ќе ми излеташе од градиве Кошмарот е Сум се пријавила на некаков си натпревар без да знам за што се работи кога почнал натпреварот ме ставиле во една огромна сала на која на средина имало ѕид требало од голем кош да земам топче да го пуштам по топоган откако ќе го фатам пак да го преминам ѕидот тек потоа следувало најстрашното требало да го пуштам топчето во устата на крокодил откако крокодилот ќе исплива еден круг во базенот да го земам топчето од неговата уста па да преминам преку истиот и како тој шета така и ја по него Се било супер додека не сум дошла на ѕидот кога сум го видела крокодилот сум рекла не не одам натаму НЕМА ШАНСИ јас не влеувам таму но тој главниот ме фатил за коса и ме пуштил доле кај крокодилот со плачење, со страв сум го пуштила топчето, крокодилот испливал јас сум го земала топчето и сум сум шетала исто како и крокодилот Ноо сето тоа за долго време па како казна ме ставиле во кафез заедно со крокодилот сум пискала да ме пуштат сум плачела сум молела а крокодилот ме бркал олоку кафез ми текнало да се качам по мрежата и сум се качила но кога сум се завтрела крокодилот со раширена уста идеше по мене Потоа мајка ми ме разбуди сум пискала у сонот декја ми е страв дека сакам да излезам
ana-banana - не се плаши, во твојов сон не е таква симболиката.Сонов е симбол на основање на семејство,брак, или ти или некој близок
Сонував како јатрва ми била умрена,значи не ја видов но била умрена и сме биле на гробишта.Беше сончево ,насекаде цвекиња,баш убав ден и никој посебно не беше тажен.Јас му велев на мм како ми е жал за неа иако и во реалноста не стојам добро со неа. Вториот сон ,или продолжеток беше не знам,се наоѓам во темно место,како да беше автобуската под железничка станица,и еден пар,најверојатно странци ме прашуваа дали знам каде има менувачница.Јас ги однесов неколку метри понатака и им ја покажав менувачницата. Во првиот сон имаше сонце и буквално го чувствував сонцето,а вториот баш беше мрачен.Помош при толкување ако може.
Сонував како дедоми ѕирнал низ вратата од кај него не ме видел мене јас сум била всоба но сетив некако дека тој излезе во ходник и нешто направи. Ко појдов ходник имаше мн лигавци мрсулии уфф. блацк. и сум се развикала знаејќи дека е тој (постојано од цигари се гади во вц..) и после сум пошла негде ко се вратив вејќе беа исчистени..?
CIA - Не дозволувај одредена работаа да те преокупира,таа ќе си има напредок.Ќе имаш малку и други гржи и тешкотии, но сепак работите ќе се одвиваат како што треба. Elenuskaa -Поради лажни обвиненија ќе имаш некои мали непријатности, но и финансиска добивка
Snow ајде те молам за помош за толкување на мојот сон значи сонов го сонувам 5 години секогаш на иста дата - 15 Мај Јас и уште 2 други лица сме извалкани и врзани и одиме низ шумско патче. Јас одам најназад. Всушност не водат 4 бугарски војници (облечени како оние во втора светска војна). Наеднаш војниците застануваат и 2цата кои се најнапред се вртат и им велат нешто на 2цата кои се најназад т.е зад нас. Тогаш еден од дие кои се напред вади пиштол и ги застрелува двајцата кои беа со мене и беа врзани. После ме застрелуваат и мене, и можам да ја почувствувам болката во челото и крвта како тече. Е сега, колку повеќе го сонувам овој сон, толку повеќе тој се претвара во луциден сон. Знам дека сонувам знам што ќе се случи но колку и да се обидувам да побегнам или да сменам нешто не можам... што е работава со сонов знаеш ли? И зошто го сонувам на иста дата толку години со ред?
^колку време го сонуваш?мислам колку години? и да не ти се случило претходно нешто токму на 15ти мај?
па баш оваа година беше 5та по ред ...... ништо не ми се има случено на таа дата а и со моите зборував да не знаат тие нешто и ми рекоа дека и тие не се сеќаваат да ми се има нешто случено тогаш ...
^искрено незнам што да ти речам. Несакам да ти спомнувам нешто во кое не сум сигурна,и да ти ствара непотрбни мисли,за нешто што можеби не е точно
Сонував дека управувам со брод Ама така по улиците, голем беше многу и перфектно се снајдов. Е сега пишуваше во соновникот успех (ако си на брод), но немаше по детално ако го управуваш, па на суво Имаше и зад мене некои личности кои ми значат во животов, и позади мене стоеа така и ми даваа по некој совет, каде како да свртам и т.н.
океј срц фала во секој случај доста луѓе сум прашала за ова ама никој не знај хаха доста зезнат сон е изгледа
Мојот сон беше следниов. Одам на гробишта кај баба ми , која ја закопавме пред еден месец и на местото пред гробот гледам паркче мало заградено со тараби, ама тревата толку беше зелена што очите ме болеа. Тарабите беа ниски колку до колена и внатре три петлиња, ама не обични туку од оние како украсни што се, не знам како се викаат. и тоа едното поголемо и две помали. Што може да е ова? Што е петел? пшто е трева зелена?
сонував како влегувам со другарка ми во продавница за шминки, се симнав надоле по скалите видов многу пудри, шминки, и како се симнував го видов мојот мобилен како да звонеше и името си го видов на него. после тоа купив една маскара и некои четки за шминкање. се разделивме со другарка ми, како да и се налутив, и и пишав смс да ми ги даде работите што си ги купив???
FeatherCut, навистина да знаев ќе ти кажев, доколку нешто некаде начекам,прочитам ќе ти пишам ЛП Chupe -Ќе добиеш нешто (најверојатно парична/материјална добивка) што ќе ти наштети во некој сегмент. xxAngelxx - ќе чуеш некои работи во врска со другарка ти