Јас сакам да прасам за еден сон..... Една братуцедка со која се немаме видено од многу одамна ме сонувала како сум била бремена .....други детали незнам за сонот.... ти благодарам однапред ....
мајками сонувала.. Дошле полно луѓе (фамилија од мајками) кај нас на тараса (тука кај дворот пред влзната врата се наоѓа).. луѓето ги викале татко ми и мајками на свадба..мајками и таткоми им викале дека не се спремни ..и се разбудила .. ???
Сонував јас како шетам низ населбава моја и наеднаш плукнувам крв и три заба во крвта.Сум извадила огледало да видам и двата предни сум ги немала и 3јката исто така ми била извадена. Наеднаш слика од мене кај забарот мој матичен што ми е како ми вика не се секирај ти ги напраив многу јаки нема ни да се познава дека претходно си ти паднале,инаку ти ги ставив истите заби што ти беа паднале.Сум се погледнала на огледало и сум ги имала сите ама скроз сите заби нови....??
Сонував дека се тепам со бифшата на влечкоми ама немав сила, ниту ме боле нејзините удари ниту пак можев јас да удрам силно (онака како што знам јас) а тој стоење и гледаше, не се ни подмрдна.
Сонував како ја гледам мајка ми од прозорец како трча кон татко ми кој го косел дворот, и наеднаш вика нешто по него и одеднаш гледам огромна змија завиткана зад него.. и тој се врти и со косата ја боде неколку пати на крајот мислејќи дека е главата, ама тоа било опашот и почнуваат да бегаат, ама змијата ги стигнува и се нафрла на мајка ми и јас почнав да се дерам "Нее" и се разбудив Спојлер (со отечен заб и силна забоболка )
јас сонував како една кола( не видов кој ја возеше )паднала во езеро и потона ,јас се исплашив и јас некако паднав во езерото и почнав да се давам арно ама мама и тато ме спасија .
Anonnimna - ќе почувствуваш лутина, поради тоа што ќе дознаеш нешто што досега не си го знаела IvanaMkd - на крај кој победи?
Сонував како влегувам дома во станот кај мојата симпатија, и си ги собув чевлите, и веднаш до нив видов чизми. Потоа влеговме заедно во една соба, и на една наткасна со огледало, ја оставив мојата црвена чантичка и црвен ремен. излеговме на балкон, требаше да ме запознае со татко му, ама уствари татко ми го видов ми направи една сериозна фаца. После тоа пак се вративме во соба, седнав на црвена гарнитура, и почнав како да плачам, како да се разочарав, затоа што помислив дека татко му не ме бендисал? Сноуу??
па ми реце те сонував дека си бремена....не ми даде овјаснуванје те видов бремена дека си или ми каза дека си бремена....само ме праса дали сум бремена...и реков не ....па те сонував дека си бремена....
(pisuvam od mob,sorry za latinicava) Sabatini,stom neznaes ne bi mozela da ti kazam bidejki,bi bilo pogreshno.Bi ti stavila pogresna misla vo glava.
Јас како и секогаш, пак сонував глупости. Мајка ми пошла накај продавница и јас сум и рекла да ми купи бикче, и она ми рекла дека неможе само сожилет, демек бикче ако ми земе ќе сум сечела вени. Шо ли ќе е ова?
Малце ми падна чудно. Сонував како до некоја црква стоеле Спојлер шиптари и јас сум се прекрстила и сум сакала да влезам во црквата ама некако мала ми била вратата не сум можела да влезам и имало некој стуб не баш пред вратата туку малце на десно. И се појавила на моја другарка мајка и и ми рекла влези од позади и пред да влезам ми се појавиле двајца со калаши
Испитот за кој што очекувам резултати сонував дека сум го положила со 68 бодови.Дали ова значи дека ќе го паднам
Сонував сум била нашколо и мислам дека сум имала спорт ( еден од изборните предмети) и проесорот ме викнал на катедра и барал некои ливчиња нешто по ташната кај дневникот..и ми покажал со прст демек бакни ме и ке ти пишам плус или ќе ти дадам потпис за да поминш (зошто ако не добиеш потпис од проф. по изборен предмет, можеш да полагаш) и јас сум го бацила пред цел клас после ми било мака..... и се разбудив..