xxAngelxx - Ќе почувствуваш некоја длабока љубов, или некое сврзување кон некои работи кои ќе те направат многу среќна. pamelche - на некои работи ќе им ставиш крај
Ќе може некој да ми каже што значат следниве работи на сон: Сонував како сум изгубила багаж во едниот сон, неможам никако да го пронајдам терминалот каде што ми полетува авионот, неможам ни да стигнам на аеродромот, неможам да го најдам автобусот кој води до аеродромот затоа што на секој автобус бројките и буквите се до пола напишани, мене ми требал автобус број 8, а сите броеви биле како 3ки или пола 8ци (наскора навистина треба да патувам и сеа се испаничив) Во другиот како ненамерно им ги сечам главите на моите папагалчиња (појезив сон не сум сонувала никогаш!)
Сонував како со сестра ми сме излегувале, сме отишле на некое место кафич мислам дека беше и таму ја видовме нашата другарка како во некое вц има секс со непозната личност и после дојде кај нас и беше насмеана.
Ај еве ќе го копирам сонот,бидејќи Ади ме замоли,па ако има некакво значење кажи ни сноу Сме биле во некој воз,некаде сме патувале изгледа,ама возов имал кревети триста работи,како некој хотел бил.И јас сум си седела во собата и ти си дошла од некаде (изгледа од матурската) целата изморена и си се испружила на креветот Ама фустанот многу ти беше убав,циклама боја,долг и широк,и на косата си имала исто венче како фустанот,како некоја принцеза си била и тука до тебе си легнала и Дивајн,и толку беше почнав нешто друго да сонувам
belieber - озборување од страна на пријатели, тоа ќе доведе до кавга. teddygirl - верувај дека е психа Macushkaa - задоволство околу некоја завршена работа, дури сите ќе околу тебе ќе бидат сконцентрирани на тоа. во сета таа работа ќе имаш и минимални проблемчиња.
^ Ајде девојко и мене да ми гаташ... Силни бранови кои носеле големи парчиња лед и удирале во карпа...Пари ли се?
Скорпионка,смири ја возбудата и инсистирањето,нетрпеливоста во врска со нешто,за да ти дојде убавото на душата. Мора да бидеш трпелива и смирена,само така ќе можеш да реализираш нешто или некој да ти направи услуга за нештото.
Скорпионка, имаш бурен период, смири си ги страсите, вишокот енергија ако ја насочиш на погрешна страна може да се одрази лошо. Собери си ја силата и фокусирај ја на потребните работи во животот. CIA - чек чек, ова Ади ти го пишала тебе? Она те сонувала тебе и Дивајн? Glossy-girl - некој ќе си удоволи,ќе си заврши некоја работа преку твој грб
луѓе јас сонував дека сум трудна 3 месец од дечко ми, абре радости сум била, на сите сум се фалела,еејјј видете ми го стомакот, трудна сум 3 месец...
Сонував ноќеска дека сум дознала дека сум трудна, не знаејки од кој и сум требала некои страшни тестови да правам за бебето дали е здраво, требале да ми зимаат крв од вратот ?
CIA - дефинитивно кафе собиранка друго ништо не би значело CIA, разрешување на моменталната ситуација...на подобро,а можеби и некој мал пат те очекува(собиранка ) ludoto19 - мала тежина
Сум имала бубашваби (гоооооооолеми црни) низ дома, ама некако не била мојата дома, туку куќата кај што сме живееле ни ја земале за нешто, па ни ја дале оваа заменски. Бубашвабите излегувале од секаде, и ОК било додека сум можела да ги избегнам, ама наеднаш излезе ОГРОМНА црна (30-40цм голема ), мажот ми успеал некако да ја избегне, ама јас не и ме каснала за стапало (имала напред и такви штипалки, значи комбинација од бубачки била ). Почнало да ми отекува стапалото, јас во паника за одма на болница да одам, ама после некое време видов дека почнал да ми се намалува отокот... Никако не можам да најдам што значи.....
Moira, ќе има некаква нервози,омрза, немир во наредниов период, но пак 2013 ќе ја запаметиш по многу убави работи. И се ќе се среди. sweet25 - болест
Сонував како со сестра ми и нејзиниот бивш дечко се шетаме кај еден парк. Сестра ми ќутеше а јас му објаснував него за еден проблем што бидна пред некое време со него и му објаснував дека не сум крива. Тој се тоа го сфаќаше и се сложи со мене и се насмевна. Ама ова е само на сон оти реалноста е сосем обратна од ова. Па ако може да го знам значењето на сонов. Фала многу...