Сонував како сум била во некој голем маркет и сретнав човек кој го познавам само од гледање.Му реков здраво а тој ми се развика како не ми било срам сум му викала здраво само кога мене ми одговара а кога не не сум го познавала.
Јас пак ја сонував сестра ми нешто јадеше и одеше на некој пат и наеднаш излезе една пожарна кола и од неа еден човек рече ,,Тебе те барав" и немаше ни секунда,ја згази Многу се исплашив,дури кога станав имав солзи на очите Има некое значење сонов?
Сонував како дечко ми ме изневерил со најдобрата другарка. Двајцата ги видов вчера, а со дечко ми пред заспивање игравме бизарна игра по мое барање - кого од нашите женски познаници би ги легнале, т.е. ги сместувавме во групи fuckable&unfuckable. Убаво ми рече да не играме глупости такви, ама не послушав и сега сонов... Никој не ми кажа, ама јас во сонот веќе знаев. Прво го прашав него и ми призна. Ми призна додека бевме во кревет инаку и се сеќавам дека му удрив многу шлаканици. Потоа со неа бев на журка, со неговото друштво и забележав како сите се врткаат околу неа, ја поздравуваат, ко малтене да идат со години. Ја фатив на еден тревник фино лепо, и почнав да ја давам Ми кажа дека една вечер не можела да најде превоз од град до дома, трета другарка присутна со неа не сакала да и' ги позајми последните 1000 ден. (и ми се заврте со прашање - А ти би ми позајмила да беше?) и морала да му се јави на него (дечко ми) да ја однесе, се замуабетиле и сфатила колку е прекрасен. И ете - се десило.
Cacy - среќата ќе те заобиколи Trendafilka - сигурна си дека сакаш да ти го протолкувам сонот? Џабе ќе си ставаш мисли во глава, кога од авион се гледа дека е потсвесно резултат на вашиот вчерашен разговор
ја прасав како ме сонувасе дека сум бремена ме виде со стомах или ти казах јас......малку се помисли за сонот и ми реце знам дека бесе бремена изгледа сум ти го видела стомацето.......
На некој пат го сонвав другар му на татко ми а потоа татко ми и двата живи и многу млади ,помлади од мене..Сум го гушнала цврсто татко ми и убаво се сеќавам на чувството толку беше реално и сум го прашала како тоа да е жив и толку убав,дотеран и мнооогу помлад од мене ???Само се сеќавам на насмевката негова додека го гушкав ама на одговорот не се сеќавам..
^извини можеби сум сватила погрешно, татко ти е починат? Зошто ако е така тогаш дефинитивно,треба да му го посетиш гробот.
сонував како во некој двор, неколку девојки се фатиле за оро играа, а првата што го водеше орото држеше тепсија полна со железни пари, ама и пред себе нешто држеше завиткано во црвена марама, или нешто слично не ми текнува баш што, ама важно црвено беше. Многу силно ја пееше македонско девојче хаха?? Исто памтам и една од девојките што игрше носеше бел краток фустан и бели сандали.??
Сноу Квин денес сонував : 1сон-седев дома на фотеља или на стол незнам што беше-и валда сум јадела нешто(ама тоа на сонот не се прикажа) и сум се фатила за хеланките и сум оставила прсти.Знаеш оние мрсни траги од храна кога ќе се допреш после јадење. !??
Лелеее мојот сон.....Сонував како мојот бивши и јас сме брат и сестра ..............Хахаха глупов сон,знаете што значи...????