Јас сонува голема кавга со брат ми за куќата. Пудила сум го викала сум му да се излезе да си траже нов стан, и сум плакала многу, а целата кавга била оти некое малчко куче не сакал да живее со нас Што може да значи ? Spoiler Во реалноста брат ми не сум го видела 1 година не ни живееме заедно не во иста држава а камоли град Ни сум се карала нешто со него, ни па сме правиле муабет на тема за куќата
Совував со моите другарки сме биле на базен во нашиов град.. инаку јас требело да одам научилиште од 3 (и денеска бев од 3, иначе одиме од 1ипол значит нз како во сонов сум била свесна дека првите 2 часа нема да ги одржиме) и таму на базенот мислам дека сме се капеле(не се сејќавам баш на тоа)..и сме останале до 16 часот.. кога сум видела дека каснам (исто така бев свесна дека мат. прв час правам тест) одма сум заминала сама..иако тестот сум го пропуштила. одејќи за нашколо го сретнав и брат ми ме праша нешто (не ми текнуват што ме праша,ниту пак што му одговорив) хД .... ако можеш протолкувај го сноу..многу измешан сон
Сонував како јас, брат ми и уште една непозната особа сме стоеле на еден дел со цименто, а околу нас се било езеро и тоа матно валкано езеро.. Сме се спуштиле сите во водата, ама брат ми почнал да вика дека не е добро и дека тони, јас одма сум се спасила сум се вратила на циментото, а тој не можел. Другата особа не можела да му помогне, па потоа јас сум се спуштила во езерото и му помогнав... На крај сите сме се спасиле и сме излегле од матната вода.
Прв сон: Сонував како едни пријатели на моите кои патем живеат во Мајами, дошле тука и не замолиле да им го причуваме бебето, дур тие отидат негде па ќе го земат, а не ни имаат бебе, туку ќерки тинејџерки. И дома имаме претсобје и околу соби и сите врати биле затворени, во претстобјето беше малку темно и ние долу на тепих го оставивме и ова само седеше, многу беше мало, мило такво.. Ништо не правеше, имаше моменти така кога право во очи ќе не погледне, дури чудно ми беше, еве сега дури језиво ми е кога ќе се сетам, такви плави очи имаше.. Значи, ни гугаше, ни зборуваше, како немо беше и само гледаше. И наеднаш мајка ми со татко ми излегле од мојата соба и рекла мајка ми насмеана ајде да му дадеме благо да јаде бебето нешто.. И јас таква, абе мамо како на бебе благо да му даваш? И она е ако де што има врска, еве ќе видиш ќе му дадам ќе јаде, и му давала со рака да јаде.. Втор сон: Го сонував дедо ми, центар на сонот ми беше. Беше зима, надвор имаше снег долу и бел ама и на растпоување, раскашавен , и вода доле од растопеното.. И ние во нашата улица имаме една фирма за мебел и таа вратата нејзина за во дворот била отворена и дедо ми бил во дворот, седел на стол, а надвор снег. И само седел, молчел, гледал ,нешто слично како со бебето. Јас нешто сум му зборувала, сум го прашувала и мислам ништо не ми одговори, само ммкаше, мафташе со главата, незнам.. Па после отиде негде, читаше весник а јас знам дека требаше да одам негде. Па имаше како еден голем ѕид, заградено беше од едната страна ништо не се гледаше, па имаше некоја тетка што чуваше едно куче, со средна големина накај големко, црно како бул дог нешто ми се чинеше, со ланче на врат за кучиња.. Па после пак го сонував дедо ми, сум била кај него во двор сум излегувала он ми отварал врата и околу мене многу луѓе имало, десетина души, деца, повозрасни.. И пак молчел. Ух, многу се загрижив..
Сонував дека со другарка ми сме биле на гости кај едни нејзини роднини во Кочани.. Тие имале 4 деца и тие родителите си живееле, сме седеле со нив муабети.. После сме седнале на компјутер, и јас добив порака од дечко ми, не се сеќавам што пишуваше , но ако ми текни нешто ќе напишам
Сноу сонував дека сум била на некое поле кај што имало многу змии и сум трчала, сум бегала од нив и неколку успеале да ме каснат. И осетив огромна болка кога ме касаа
Сте сонувале ли како ви паѓаат заби или ви се кршат ? По толкувањата тоа значи смрт ( ту ту ту не дај Боже) ?? Малку ми е страшна темава ?? ве молам за одоговор
Јас имам мал милион пати сонувано какоми паѓаат заби. Еднаш дури сонував како сите ми паднале и ги држев во дланките, крвави целите. Ама , за среќа, до сега никој не починал. Некаде, не се сеќавам точно, читав дека воопшто не требало да се толкува како смрт на роднина, или близок, дека имале сосема друго значење. Туку, да прашам јас за тазе соништата. Прво, што значи црно, големо куче да ме касне на лицето? Потоа, да сакам да си ја исечам цела коса? И на крај, што сакала мојата психа да каже, со сонот во кој го варам дечко ми? Ако знае некоја, учитво замолувам да ми помогне.
SanjaKirchner - ќе осетиш некаква болка Macushkaa - грижа во семејството BabyD0ll - има некое зло околу тебе
starfish јас кога сонувам дека флертувам со некое машко или се мувам со него потоа нешто навистина ми се случува со тоа машко што сум го сонувала,немора да значи дека за сите е тоа исто но ете мене ми е така хехеххе и предвреме си знам
Март месец комај цело време сонував дека каснам на школо. Синоќа па така. Сум закаснала 2-3 часа, и кога сум отишла уште не почнале часовите немало никој. Шо е ова?
Бев со сестра ми на шопинг. Прво сакав да купам некоја маица ама се одлучив за балетанки. Во сонот ја видов балетанката на мојата десна нога скината, па купував други. Тие што ги пробав мислев дека се ефтини ама продавачката ми кажа дека се поскапи а јас немав пари да ги платам ама сепак многу ги бендисав и не знам како ама останаа на моите нозе и откако излегов од продавницата ги имав.
blueeparadise- новост во семејството Втор сон: ти претстои долг живот Adi888 - оговарање Lady-in-white - внимавај да не те ограбат/оштетат belieber - некои озборувања ќе ти наштетат во иднина
Не се сеќавам многу на сонот како беше, само знам дека видов свадба и оро, свадбата се одржуваше во една голема ливада, а татко ми не присуствуваше, во орото не играв јас...
starfish- да те касне куче- победа на конкурентите pamelche- навистина ќе задоцниш HurremSultan- некоја парична добивка Sara123- психа е тоа
Хахаха, а јас што сонував денес дека се мувам со еден асистент од факултет? Добро е што знам дека нема да се случи, али што може да значи?