Баење??Ме плашат тие работи,но сум размислила и за тоа...знаеш некоја бајачка,некаде?Јас немам поим искрено.Не сум имала никакви трауми во животот во тој период,обично тој период ми е многу депресивен,времето е ладно,на факултет...ама мислам дека тоа нема никаква врска...знам дека звучи премногу чудно,претерано,преувеличено...ама ви ја кажувам вистината...и покрај сите кошмари што ги имам тој период се обидувам да не мислам на тоа,несакам да мислам на лоши работи,но знам дека таа една недела кога ми се случува тоа се плашам дури и да ги затворам очите,спијам со упалено светло,се вртам на сите страни мислејки дека има некој до мене,на прозор...ужасно се чувствувам...
Сонував како сум на одмор со едно девојче од основно што не ја сакав многу,а во сонот бевме најдобри другарки.Заедно бевме со тој што го сакам сега,и нејзиниот дечко. Ние си легнувавме и некој кажа со бакнеж за добра ноќ полесно се спие.Јас реков - Сега јас ќе го бацам ...(тој што го сакам) и го бацив во образ,тој ме гушна и отиде во кујна. Јас го чекам,го чекам тој не дојде,не ме баци,иако јас очекував. Толку се сеќавам,ако знае некој да ми го протолкува ?
Сонував како пешачиме накај Водно јас татко ми и тетка ми. Преморена бев и не можев да се искачам никако. И така додека се мачев волци не нападнале, знам се бранев дури барав и шкорче да запалам демек огнот ќе ги избрка. На крај ни помогнале едни луѓе и бевме кај нив дома, ама луѓево беа ептен чудни. Дури повеќе ми беше страв од нив отколу од волците.
Сонував како еден мој пријател бил со семејството на брод, ги фатило бура, и само тој починал. Веднаш ми се јавиле на мене, јас сум отишла и сум била на брегот, кога сум се свртила сум била пред некоја црква, а мајка му била облечена во црно и ми рекла да не плачам, дека тој е на преубаво место, и дека ми посакува да бидам среќна, да го довршам тоа што тој го започнал, да не тагувам бидејќи тој е одлично. Откако ми го кажа тоа мајка му, се префрлив кај нив пред куќа и сум читала кога е погребот, кога сум влегла внатре, наместо кај нив, бев кај мене дома, и бев целата мокра, изнемоштена, со црвени очи, а мајка ми и татко ми седеле во дневната. Кога сум влегла, татко ми почнал да ме теши и ми рекол дека гледале на телевизија што се случило, да не се секирам дека другар ми е добро и дека ми посакува се најдобро. Јас сум го прашала од каде знае што ми посакува и ми рекол дека другар ми дошол за да се збогува бидејќи требал да оди на далечен пат, а јас сум почнала да вриштам и да плачам и сум отишла накај мојата соба, и кога сум влегла сум била на погребот. Имало многу луѓе, никој не плачел, некои биле насмеани, само јас сум плачела и пред да го закопаат го отвориле ковчегот, јас сум седнала покрај него и сум почнала да му зборувам колку ми фали, зошто толку рано отишол, зошто ме оставил сама и многу други работи, а тој ми се насмеал и ми рекол : *** пази, околу тебе има секакви луѓе. И јас сум се свртела и сум почнала да викам дека не е мртов, дека зборува, а тие ми рекле дека од голем замор ми се причинуваат некои работи. И кога сум дошла дома, сум легнала на кревет и сум почнала да вриштам во перница и сум го слушнала неговиот глас како ми вели: „Немој да плачеш, јас сум на убаво место, секогаш каде и да одиш јас ќе те следам, ќе бидам твојот ангел“ , откако ми го кажа ова се разбудив, перницата и образите ми беа мокри и кога се погледнав во огледало очите ми беа премногу црвени. Знае некој да го протолкува?! Знам дека доколку сонувам некој како умира или е умрен, дека ќе му го продолжам животот, но ме интересира што значи тие гласовите, неговата посета, неговите пораки до мене..
смрт не знаев каде да ја ставам темава па... тука се решив... денес сонував како умрел дечко ми и мислам дека кога станав очите ми беа залепени од плачење... исто ми се случило, и моите ги имам така сонувано и брат ми! кога ке се разбудам пресреќна сум дека е само сон, значи од среќа заплакувам! но, еден ден тој сон ќе биде реалност дали некогаш сте размислувале на оваа тема, дека еден ден нашите родители ќе си заминат... а исто така и ние.... мене многу ми е страв, некогаш навистина мислам на оваа тема, и на тој ден кога мајка ми или татко ми ќе почине... не ми е толку жал за мене, како што ми е за најблиските...не знам како ке биде .... но многу ми е стравввв
Да ти го објаснам значењето на твојот сон Немаш потреба да се плашиш бидејќи значењето на соништата е сосема обратно од тоа во реалноста. Значи со тоа што си го сонувала дечко ти како умира во реалноста значи голема среќа истото важи и за другите кои си ги сонувала во тој контекст..Нема место за паника и солзи А инаку за темата дали сум размислувала дека еден ден ќе ги нема моите родители,да сум размислила и сум заклучила дека треба да ја создавам мојата иднина уште од мала и да вложувам во себе.Еден ден ќе ја нема мојата заштита и ќе морам да се борам сама и да се осамостојам,за да можам подоцна да створам семејство,а и да се грижам за мојот помал брат Ти ? Имаш ли размислувано? Имаш ли замисла и план за твојот живот потоа?
да да, знам дека сонот значи обратно демек носи среќа, ама мене мислите ми отидоа во реалниот живот....да сум размислувала, и тешко ми паѓа, не е дека нема да можам сама да се борам, но сепак ќе ми фали нивното присуство ама знам дека како што сме дошле, сите ке си отидеме, и подобро е децата да ги испратат родителите, него ли обратно
Да,значи дека ќе му го продолжиш животот и истотака значи голема среќа (на тој што си го сонувала како умира).Исто така една жена ни има кажано на мене и моја другарка дека ако сонуваш жена во црно и ако ти е позната не е таа што мислиш дека е туку е Света Петка.Една моја другарка ја има сонувано така баба и но таа жената и кажа дека е Св.Петка и дека треба да оди во црквата Св.Петка на влезот на населбата Црниче и да запали 3 веќи и 3 пати да каже :Прости ми Света Петко.Малко чудно и језиво звучи но другарка ми беше и ништо страшно..
Нормално дека ќе ти фалат,но убаво си рекла,еден ден сите ќе си отидеме но таков е животот Биди среќна и радувај му се,учи што повеќе работи од твоите родители и внимавај на себе! Ти посакувам секое добро
Ама работата е што јас не ја знам неговата мајка, само ја сонував, всушност не и го видов убаво ликот, но знаев дека е таа. Исто така не го сфаќам тој делот, каде што ме предупредува дека околу мене има секакви луѓе, дали тоа нешто значи или .. ?
Дечки баш вчера сонував еден сон кој ме баш загрижи. Сонував како носам маичка и на ракавот имав тетоважа од ликот на дечко ми и мајка ми ме виде и ме праша кој е тоа и јас ја излажав измислив таму нешто. А во јаве мојте родители не знаат за дечко ми бидејки ми забрануваат да одам со некој од друга вера .Ај некој ако знае нека го протумачи сонот. Позз
Девојки еве ви линк од страна на која можете да ги протокувате вашите сониви http://www.360macedonia.com/macedonia/mk/sonovnik.php
Фала , имам проверувано таму ама јас сакав ако некој знае да може да објасни што би можело тоа да значи.
значи мене многу често мисе слушува да сонуван нешто,и понекое време тоа да се отствари.коа се случува мене ми е страв.чуствувам ладен воздух околу мене..дали може некој да ми каже што е тоа!!!?
Сонот е веројатно поттикнат од твојот страв да не дознаат твоите родители,немај гајле не е ништо страшно Сепак би било подобро да дознаат од тебе,отколку од некое трето лице бидејќи може да биде погадно. Мене оваа ноќ ми беше многу продуктивна штом затворам очи нешто сонувам. Но овој сон најмногу го запамтив,и ме стресе богами. Е вака,сум нашла некоја небесно сина маичка,ми се допаднала и ај велам ќе ја исперам и ќе ја спружам надвор. Додека ја спружив се појави една девојка,штознам дали беше девојка или некоја жена во 30тите,со сива коса,јас на тераса таа на уличката,ме виде дека ја спружив,и ги рашири рацете и како да слета на балконов мој ја облече маичката и се претвори во гугутка,оние сивине стоеше така на оградата,јас исплашена сум влегла дома и после одлета. Којзнае што ќе беше,па и сабајле ме испотресоа гугуткиве во маало кога се развикаа