Сонував дека ми правеле операција на срцето. Некако беше чудно, многу луѓе беа присутни на операцијата и гледаа како ми ја прават, а јас бев будна. Се плашев, ама ништо не чувствував, не ме болеше, мислам дека на крај се добро помина.
Ух,јас не сонував баш убав сон. Сонував како од џамот сум гледала во куќата спроти нашата што е,ама куќата е стара,и плус пожар ја зафана пред една недела,така да пред распаѓање е.И сум гледала како на скалите седеле мали деца,околу 5-6.И наеднаш скалите се срушиле и сите деца паднале надоле,како во дупка...сум истрчала надвор,дошла брза помош,сите деца биле со крв,и сум почнала да плачам,и мама испаднала и она почнала да плаче и сум се вртела да видам дали некое е мртво,ама не сум успеала. Сноу?
.................. што значи да сонуваш како те гледаат коа се пресоблакаш? прслук облекував а двајца типови беа и ме гледаа........... се обидував да се затскријам со грб им бев свртена а пак гледаа мајка ми беше во истата соба и не ја интересираше................. и многу често сонувам како облакам градници што значи тоа........? и влакна........? сонував како иам многу влакна и мајка ми ме кара за тоа..........?
CIA- ќе имаш некоја невоља,кавга...но најмалку кога очекувашќе се усреќиш sajonaramucaca- се виде ли себеси гола,како од мајка родена? Glossy-girl- ќе се одтргнеш од некои грижи
Сонував како сум ги паднала сите колоквиуми што пред неколку дена ги полагав Дали е тоа добро или лошо?
..........значи како шо напишав.......пробував прслук во мојата соба, само горе бев гола а тие двајца ме гледаа, седеа тука со мајка ми таа нишо не преземаше, јас се затскривав коа видов дека не престануваат да гледаат отидов во тоалетот да се облечам............ и многу често сонувам како облакам прслук само овој пат и овие ме гледаа............ а тоа со влакната е друг сон...........многу влакна имав а мајка ми ми викаше за тоа, ме критикуваше......................
Е вака прво вистинската ситуација да си ја кажам.. на полугодие се преместив од едно средно училиште во друго, али ептен у првото школо ми беше погодено друштвото и сеуште патам што се префрлив од таму. Вчера сонував како сум во некоја просторија со големи прозорци и бели ѕидови, поранешната класна(у првото средно кај што бев) ми ја пеела онаа песна од Дивље Јагоде - Једина моја, а ја сум се утепала од плачење и тука другарките од таму(првото средно) ме тешеле ме гушкале, знам дека една другарка(многу бев блиска инаку) само не присуствуваше на настанов у просторијава, ама по некое време ми се појави на врата и сум и се стрчала да ја гушкам ептен силно и сум и плачела. Никад до сега вака се немам видено да плачам. Ајде чекам толкување(особено од Сноу ) ?!
Goddest, можно е зошто да не...ретко но сепак сонот може да е визија,барем јас така сум читала. А пак некои велат, по 3 пати сонување на ист сон се остварувал. За вечер толку од толкување, продолжувам утре
Многу кучиња сонував, прво сакаа да ме каснат ама после само дојдоа до мене и сакаа да си играм со нив. М?
Не се сеќавам кога го сонив ова точно, ама знам дека во сонот видот ми слабееше сѐ повеќе и повеќе, и како последица на тоа нели ми се матеше пред очи многу. Шупав сон беше, ама ме интересира што (би можел да) значи.
Jас сношти сонував дека некој дечко ме гушкал,т.е пријател наш Jадев многу чоколади,паметам дека беа фереро роше и рафаело Hосев неколку марами,и трчав се криев од еден човек,и на крај во одбрана го убив Hе знам само колку сонови имав сношти
сум видела во двор црн глушец со зелено-жолти очи и сум ја пуштила мачката да го изеде но она го удавила само и си се вратила дома.