qqq- среќата ќе ти избега за влакно што се вели inspired - тежина која долго време ја осеќаш ќе ти се одтргне
ajde snowqeen те молам протолкувај го и мојот сон ,сонував како дечко ми ми рекол да си одам од кај него и јас сум се налутила и се расправав со него ,си дојдов дома бев лута и ја видов неговата бивша девојка со едно дете ми рече дека и е брат ми рече дека дечково мој ја викнал и таа оди накај него и останав целата тажна и гледав само таа како заминува и оди накај него
crazyinlove19- среќа и убави мигови со пријателите fallenangel- некаков неуспех/кавга со некој пријател
Денес го сонував она што се случи откако станав.Или пак можеби не било сон.Ама ајде сега да си претпоставиме дека било сон.Е сега како е можно да го сонувам она што ќе се случи откако ќе станам сабајлето мене навистина не ми е јасно.А не верувам дека прво сум станала па после сум сонувала со отворени очи. Ама еве да речеме дека е вистина ова што го кажувам. Епа драга моја Сноу-Квин,мојот привиден `сон` или што и да било ваков е : Станувам сабајле,се будам,и си ги облакам влечките.Одам во веце и толку. По глупаво нешто АМИН. ~ Чао.
^ се надевам те сватив како што треба, и воопшто не се чуди ако си сонувала т.е ти се предвидело нешто што ќе се случи, тоа е многу многу ретко, но сепак се случува
Ова сум го сонувала кога дремев оти ме мрзеше да станам за работа. Сонив како одам на матура, мои роднини имало, незнам на кого, па после свадба ли било, па слика од невеста, не сум сигурна дека сум јас и на сликата сум додала рамка со пенкало на фустанот. Претходно сонував со сестра ми сме биле некаде, на ливада или не знам каде па не заборавил автобусот. Имало снег мислам, ама потоа времето било топло. Не се сеќавам баш убаво. Инаку за сонот со матури и свадби е бидејќи периодов е таков, бев на две дури, па се замислував и јас , па и психа може . Сноу сфати нешто?
JuLleE-aха сватив се потрудив како што самата рече тоа за амтури и свадби не толкувам,туку само вториов дел. -Непријатности на одредена средба
сонував како одам сама по една улица(инаку позната) и видов еден војник и полицаец, како да се слушуваше нешто, јас поминав покрај нив а полицаецот држеше пиштол, беше вперен во мене и се исплашив кога поминав помислив дека ке пука во мене, но ништо. потоа влегов во една продавница и после мене влезе една моја другарка, купуваше чоколатца, и не ме фермаше како да ми беше налутена нешто, исто и јас видов разни чоколатца. и ништо не купив и излегов, поминувајки го видов чичко ми и влегов во мојата кука ја затворив вратата со клуч, се симнав доле во подрум исто затворив една врата ама без клуч. па после се качував нагоре по скалите и кога гледам на нив некое си купче од ѓубре, и на него златен и сребрен рачен часовник, и јас го видов тоа и веднаш и се јавив на мајка ми зборував со нејзе. друго сонував како ја бркам мајка ми од купатилото, за да влезам јас и си го измив лицето со ладна вода, а пред да влезам видов една девојка со црна коса лицето и беше поспано.
Јас денес сонував како со другариве од средно, не ни ги памтам кои беа, али знам дека со нив сум била, и сме можеле да се телепортираме и да летаме. Тоа било дека сме бегале од некој лош, или што знам. Знам оти сум имала натприродни моќи. Не сум здрава јас.
Јас не го памтам целиот сон како беше, ама памтам само дека рацете во сонот ми биле цели со меурчиња Грозно ми беше ауфф Сноу?
xxAngelxx- имаш опасности околу себе,ќе наидеш на препреки со непријатности(непријателство), но чест ќе си ја задржиш. -веселба moonlight-girl.55- блаженство Shpagetta - мислиш на нешто како плускавци?брадавици?
Прв сон- Ја сонував мојата поранешна другарка со која не сме во добри односи. Во сонот се смешкав и и покажував некои места кај што излегувам а таа ми се смееше мене. Втор сон- Во некој тоалет видов многу пари, книжни пари мислам дека беа по 10 денари ама ги имаше многу. Тоалетот беше нечист мислам дека видов и измет и тоалетна хартија па како некој да прокоментира дека некоја девојка пред мене тука живеела и го оставила така.
Сонував дека сме се спремале нешто со моите како да ќе сме иделе на некоја матура, и при излегување од дома си најдов во ходникот ланче долго и обетки беа мислам дека виолетови. јас сакав да ги земам но татко ми ми рече да не ги зимам бидејки биле валкани. потоа сме отишле во еден бутик и таму си разгледував некои кратки јакни. беа само две . сакав да ги купам но не го сторив тоа. Некој да протолкува?
Сонував дека сум си нашла новчаник...во него имало 500,1000,100 и по некоја 10ка и 50ка (на прв поглед немало ич пари,ама биле сокриени во други џебчиња во новчаникот па сум ги нашла)...ама највеќе имало 500ки и 1000ки...сум си ги собрала во џеб парите и сум отишла дома и сум им кажала на дада и мама и сум им рекла Конечно и мене ми се насмевна среќата. Сноу?
Underbelly, подобрување на моменталната ситуација, но биди внимателна од одредени луѓе да не те прелажат
Сонував дека со дечко ми сме се шетале фатени за рака, сме се гушкале, бацвале и сл.. После сме седеле на една маса муабети едно друго со полно луѓе.. И Сме гледале после свадба, после то сме седеле на крлешка и сме се бацвале, толку беше сонот