Сонував дека сме имале уште еден стан и сите мои алишта сум ги спакувала во кутии и сум ги однела таму!?
Cонував како сум се возела во автобус со еден бивши ... и он се симнал, ја си продужив, требаше да се симнам на следната станица, ама сум се заборавила и не сум се симнала
ВаЛда си идела изна*бана од кај дечко ти,па не ти се сакало уште и си си продолжила Се шалам нормално,ама секогаш кога ќе видам твој пост ми текнува како ни се фалиш дека си идеш изна*бана од кај дечко ти
Сонував како сум јадела лук, ама оноа со сласт сум го јадела, и тоа само лук, без нешто друго. Што ли значи ова?
Јас денес чуден сон сонвав сабајле...Вака,незнам како почна,ама ова памтам Бев Бг,во собата на 11 спрат и градот се поплавува,јас слушам и одма си ги спремам работите,грабам чанта и пикам внатре,пасош,пари и две три алишта,на мене ставам капут и блуза дебела над пижами ли шо беа и некој имаше во собата,ко женско да беше,викам ти нема ли да се спремаш,ајде шо чекаш,ми рече ааа па нема врска лажат...А јас отварам вратата и пред мене долу течи вода,пополека,чиста,ама брзо течи...Во меѓувреме од помошта што се јавив викаат качи се на покрив ќе те земиме со хеликоптер,а зградата 15 спрата...И качувам јас нагоре,зградата поинаква,гледам училници,нареден спрат ко градинка,а најгоре библиотека огромна (нереално поголема од зградата,ама јбг се е нереално ) и викам можи да одам,натаму,кажете ми од кај да излезам,и ми покажаа соба една,стара неотворена,а внатре ко музеј со резби,ама ми рекоа опасно е...Влегов јас и ги разгледував работите и одам кон едно незнам ко важен предмет а од таму ми се нафрлија ко духови и се борев,а потоа ме маѓепсаа,еден ми збораше нешто,ама јас сум зела тој предметот стаклен и сум го распарчила на парчиња и исчезнале...Се освестив во сонот...Сум останала сама и го барав сеуште излезот ми се чини,ама уште бев во зградата...Тогаш се разбудив. Незнам денес ете така си го запамтив сонот,чуден беше...А денес цел ден нервозна сум. Ајде Сноу,помагај Да го растумачиме
Divinebutterfly, аууу ме препоти, сонов твој ќе го копирам во последен гледан филм -Добивка,но не се нервирај на туѓите реакции.Бидејќи и ќе почувствуваш неспокојство.
Татко ми убил две кучиња на сон, сум го молела да не ги убива, ама сакал да им ги скрати маките бидејќи биле со скршена нога. И?
Сонував како професорката по латински ми предавала и хемија..и јас на тестот сум добила слаба оценка( а мн ми иде хемија уствари) и нејкела да ми стаи 5ка..и јас сум почнала да ја молам нешо и се разбудив...?
Jас сонував дека сум и пишувала писмо на сестра ми,ама не сум и го испратила туку сум го ставила во една книга,за никој да не го види. A и сонував дека сум гледала во небото и наеднаш се појавил еден авион и пагал надолу и се срушил,ова повеке пати го имам сонувано
АКО ЈАДЕТЕ МОМЕНТАЛНО БИ ВИ ПРЕПОРАЧАЛА ДА НЕ ЧИТАТЕ. сум си го дувала носот едно 15минути можда..ама такво беше течно и се повише искачаше.
Сонував како сум во еден воз и внатре во возот од една жена купував билет, цигари и нешто друго ама не памтам што. Жената беше свртена со грбот а ас ги вадев парите од паричникот и и ги подавав, мислев нема да стигнат ама ги дадов сите до последно и стигнаа а таа ги китеше на три места. Паричникот ми остана празен. После тоа во сонот готвев, пржев јајца во тава и ги разделив со раката за да се спржат убаво и така излезе. Татко ми беше во дворот и чекаше да му го фрлам клучот од горе низ прозор, му го фрлив ама застана на шаторот и плус во кал. Татко ми се качи го извлече клучот и пак го фрли на друго место, во дворот наш течеше вода ама клучот за малку не падна во водата за да го однесе. Исто така покасно седев на некое место а до мене седна млад пар, дечко и девојка. Момчево беше многу младо ама имаше многу мил поглед, цело време ме гледаше.
Сонував како купувам карта за концертот на Заз. Еве подетално. Облачам кондури и дуксер и излегувам низ врата.Правец-да купам карта за на концерт--- Им викам ми треба карта.Тие ми викаат нема-се потрошија.И јас- Што ????????? Нема карти ??????? Како може за мене да нема карта ????? Вие знаете ли дека јас сум и братучедка на Заз ?? Сум ги излажала некако,и ми дале карта. Нивната ми ја дале,поточно. И јас така си се враќам накај дома.И сум почнала да плачам бидејќи ќе сум закасанела за на концертот.