Сонов го сонела мајка ми. Ја сонувала мртвата свекрва од нејзината сестра како дошла кај нас и била многу дотерана. И рекла на мајка ми јас ќе ја верам ќерка ти (мене) оти остана неверена, ама ќе ја верам во друг град. Потоа и рекла на мајка ми не можам пред вас да зборам ќе зборам на само со неа, па мене ме земала и сме заминале. По некое време таа се вратила и земала два чадори со неа, ама јас не сум се вратила повторно. Ај ве молам толкување за сонов оти малку сум исплашена.
Совував како мајка ми седи со наведната глава во мојата соба а јас сум спиела, и кога станав гледам надвор бура.... крововите од куките летаат , се рушат, страшна глетка... и одеднаш мајка ми се онесвести викав ПОМОШ!!!! ама никој не ме слуша (знаете како е во сон сакаш да викаш а не бива.... ) Ајде некој да ми го протолкува Сноу?
Прв сон-Се наоѓав во дворот во нашата куќа а татко ми стоеше пред вратата, баба ми преку оградата од другиот двор не канеше кај неа. Викаше ќе ја славиме нова година кај мене. Втор сон-Со сестра ми и нејзиниот бивш дечко се возевме во кола и сите се смеевме. ТРет сон-Имав празен паричник кој го криев и го закрпив ама не паметам кај го сокрив. Благодарам...
Сонував како мојот сакан и се вратил на бившата девојака заедно,биле во кафич,јас само стоев и тажно гледав во нив ,тој ме погледна рамнодушно како да сакаше да каже дека е крај готово е со нас не сака да биде со мене .???
Веќе втор пат,едноподруго сонувам како го гушкам дедо ми (кој реално е починат). Во сонот чувствувам огромна тага и си викам да го погушкам уште малку зошто после никогаш повеќе нема да се видиме, ќе си замине. Што значи?
Што значи свеќа да палиш во црква? Ноќ беше, а свеќата беше многу мала. Прво големи купив ама не знам како стана мала после
Неколку пати имам сонувано дека доцнам за некаде(а многу е важно да стигнам навреме), знам и свесна сум дека доцнам, ама сепак ништо не преземам. И не само доцнење, правам нешто погрешно во сонот и свесна сум дека грешам, сакам да се поправам ама сепак неможам. Еве на пример, последно сонував дека било празник нешто и требало да одиме на панаѓур. И сега си чекам јас си чекам цел ден поминал и веќе кога се стемнало ми текнало дека треба да одам. Знаев дека кога ќе се сноќи го затвораат панаѓурот и дека треба да побрзам ама сепак си одам пополека А, да, и уште еден сон кој го сонував порано ама сакам да знам што значи. Вака. Сме биле нагости со мама и тато кај тетка ми. И јас си седам така и гледам долу во ќошот една мала дупка. Се наведнав малку да видам поубаво и од неа излезе баба ми (покојна). И нејзината големина беше колку едно глувче. Ми се смееше и ме гледаше право в очи, а јас пуста викам ама никој не ме слуша. И после таа од дупката почна да истава мали кукли (безброј ги имало). Јас викам „помошшш“ ама никој не ме слуша, сите ми се смејат Сноу???
на сон бев бремена отидов се породив,родив ќерка и ја оставив таму и после се јавував да прашам како е..можеби дека две жениски имам па тоа го оставив во болница
CIA- CIA ако сакаш пиши ќе ти го протолкувам, но сигурна сум дека тоа е само страв и психа, а не значења. cigarce- кавга дома CaperucitaRoja- испланирај го подобро времето и искористи го подобро sajonaramucaca- биди внимателна болест/несреќа
Сонував сум одела во библиотека и сум се качувала по некои скали. Со мене имаше машко (ни го знаев ни го познавав) и идеше со мене. Потоа сум јадела ѓеврек И не го дојадов, ме разбудија.
Го сонував братот на дечко ми, плачеше и беше многу лут на мене сонував дека воопшто не ме сакал, прекинал со девојката со која одат 4 години, му зборел на дечко ми да прекине со мене и слично..?
Сонував дека со уште 2 другарки сме биле кај чичко ми на гости, куќата нив му е на 3 спрата ние сме седеле долу под скали, а на 1 спрат тие имале многу луѓе ама ептен биле весели, после то излегоја да испраќат луѓе, и не виделе дека се криеме, и после дојдоја се поздравија со рака и знам ни рекоја аа не е убо вака. И Толку беше сонот
JuLleE-твоја или свадба на некој близок (се надевам денес беше на гробот кај дедо ти, ако не си била,деновиве барем свеќа запали му) mims-89- неискрен пријател/ка Smurfette.M- и самата си кажа дека си под стрес, не ти треба толкување и да му ја мислиш green.eyes- е само еден знак,имаш голема развиена потсвест qqq- за првото, неможам да ти кажам точно, има разлика автобус/воз -а второто, со малку повеќе труд ќе успееш
Zaliha-радост по тага S-Sister.91- те очекува тежок период HurremSultan-пази се од сопствената љубопитност -и покрај одреден напредок,ќе чувствуваш тага -ќе најдеш/добиеш пари fallenangel-изненадување на љубовен план Look- ако сега за задушници не го посети,тогаш отиди деновиве запали една свеќа за него
мене често ми се случува тоа што го сонувам послем кога ќе се разбудам стварно да се случи што значи тоа ??
Епа вака - Јас во сонот не се гледав.Сонував некое елитно училиште каде што учат милијардери. Имаше и женски и машки. Клупите беа како во полукруг.И сега таму на крајните редови седеше една девојка во плетенки (прв пат го гледам тој лик) И таа од ташната извадила една скапоцена кутија и кога ја отворија внатре имало прстени со дијаманти огромни и со разни скапоцени камења. Имало 8 прстени од кои 2 со 2 биле исти и во иста боја. Значи имало 4 редови со прстени а во еден ред два исти прстени од ист драгоцен камен. Ама прекрасни биле.Камењата биле во пурпурна боја,зелена,сина,виолетова,тиркизна. Имало еден преголем дијамант што блескал. И таа извадила еден и пробала.Потоа дошле некои лоши две девојчиња и ја издале таа девојката дека со себе носи кутии.И ја земале кутијата и ја дале кај директорката. И директорката и рекла (на таа девојката) друг пат не ги носи овие бидејќи се премногу вредни,можат да ти ги украдат. И толку..?? Што значи ова Сноу-Квин??