сонував како типот што ми се допага дојде кај мене дома. го видов седнат надвор во дворот со моите, на маса како јадат нешто, ја само го гледам и си викам што му е на овој. после влезе внатре јас си бев легната во кревет(црвен беше) имав и чаршаф бел, и ми вика ај потргни се малку и јас да си легнам, и ја само се тегнам нешто низ целиот кревет за да нема место тој да легне. како да ми беше срам што дошол кај мене дома, така се чувствував?
k.i.m- пронаоѓање на вистински пријател во вистински момент Shpagetta- а во животот често доцниш? -(заприметувам дека 90% од соновиве овие два дена се,некои починати луѓе од вашите животи),дефинитивно тоа значи треба да ги посетите, или барем свеќа да им запалите. emocija- олеснување, одтругнување на тежина/проблем Annie.mk1- среќа на њубовен план Adi888- оговарање
Јас сонував многу чуден сон. Мајка ми ми кажала дека сум имала ќерка, која била веќе голема. Ко божем јас на 18 години сум ја родила, ама не знам како не сум се сеќавала на тоа. Сум била под дејство на нешто, или не знам како. И сум почнала да и се дерам како можела да не ми каже до сега за таква работа. Не знам за друго, мислам дека се видовме на кратко, ама не ми текнува баш. Бррр, морници ме полазија.
Сум прочитала оглас за работа за во кафич, кога сум отишла на местото тоа не било кафич туку затвор насила ме пикнале внатре ама некако сум се извлекла и сум побегнала
А јас па сабајле сонвав дека бегаме со сестра ми,се криевме од некој,како некои агенти и на крај сме успеале да ги заблудиме. Сонвав и планина многу висока (т.е. врвот со снег го видов,ко да летав) и тоа била во Јапонија сонвав и некој кој требало да ми покажи како се ловат риби,ама сум му рекла кој си па ти незнам што и ми покажал дека е принц Главно тоа се сеќавам,изгледа повеќе сонови биле
Ова со наоѓањето пари точно испадна А и уште многу други работи Прв сон-Влегував во нова, бела и голема куќа со многу големи скали. Јас ја разгледував куќата а горе пред скалите стоеше еден мој симпатија со кого почнав да се дружам во последно, беше облечен во одело Втор сон-Пробував во некоја продавница да украдам нешто, а во исто време гледав кој ме набљудува. Ја начекав продавачката како излезе и отварав по фиоките ама не најдов ништо. Трет сон-Овој е најважниот сон за мене. Дечко што го познавав и со него сме поминувале убаво, не го имам видено и немам никаков контакт со него. Е сега го сонував како ми дошол дома, ама многу бил изменет, во фацата како да не беше тој. Малку остарен ми изгледаше, па со долга коса и ми се чини брада, а иначе не е таков. Дојде со една жена со бела коса и мало дете со бела коса. Мислам дека во сонов таа беше негова жена. Беше многу насмеан и се правеше незаинтересиран што ме гледа па и јас го правев истото.
јас ја сонував бабами ама умрена е еве 1 година како стој во кујната и знам ко ја видов ептен се исплашиввв а па до мене стоеше тетками
ana.8- тоа не значи ништо, освен да го наречеме визија Sara123- среќа, и мнооогу успеси xxAngelxx- добивка,исполнување на желба на љубовен план Shpagetta- донесување на права одлука во прав час
Го сонував бившиот кој е починат. Не го мислев претходниот ден, всушност веќе месец дена немав помислено на него, а го немав сонувано неколку години. Сонот беше како он доаѓа до мене, ме гушка и ми кажува “Немој да се грижш секогаш сум со тебе“. НЕ ми беше чуден сонот се до моментот кога ми текна дека е прв ден Духови(во четврток наспроти петок).
Elenuskaa- те очекуваа неприлики/опасност Divinebutterfly- грижи и тешкотии HurremSultan- ти претстојат радосни мигови -кавга со драго лице -веселба kikav и meU, ови 2/3 дена повеќето од нас, слободно можам да речам 90% од нас ги сонуваат починатите, такви се деновите. Единствено што можам да ви кажам е дека ако не сте ги посетиле, барем една свеќа запалете им во црква.
сонував дека ме понижуваат две девојки од мојот град од кои со едната имам само едно здраво, а со другата ни тоа.. Многу ме понижуваа па почнав да плачам.. што би можело ова да значи?
абе незнам што ми е ама во последно време само кучина сонувам. Еден ден кремово друг ден бело...Во сонов на име ги знам ито иминава кики, рики, пики и некој такви глупости
сонував како сум била на одмор на истото место каде што бев лани...сум седела на плажа лежалка на оддалеченост од некои 6-7метри од морето..ама имало огромни бранови што стигнувале дури до мене...