Вчера сонува чуден сон. Купиле сме куќа јас и маж ми ама била крива. И имало снег во собата и јас сум се лизгала накај терасата и сум викала „ е нашта куќа е стрмна дај ке ја купеме таа на комшијата он секако се исели„ Отиделе сме да ја видеме и сон. Купатилото го сонува цело време, како имало теписи, па свеќи па сауна..... Спојлер Ај сноу срце си ако успееш да ми кажеш има ли значење или само безвеза
MiniMouse7391- среќа во пријателство, а ако си во брак тогаш среќа во бракот Smurfette.M-...јас мислам дека ти сега радо би да си пак таму п.с. сонот - превземање на важни чекори SanjaKirchner- благосостојба, е сега дали за тебе или некој близок незнам blueeparadise- тоа што моментално го посакуваш нема да ти се оствари
Се преплашив! Во двор кај мене имаше змија. И јас место да поминам околу неа, јас ја бркав. Изгледаше мала. Фрлив со камен и ми текна дека ако нападнеш таков вид змија, таа мора да ти врати. Леле кога се исправи, огромна! Како кобра беше со такво околу главата. Веднаш истрчав со цела сила. Кога мислев дека далеку сум се свртев и таа беше до мене, трчав пак и таа се подготвуваше да скокне да ме касне и јас скокнав од страв се разбудив. Иначе беше како повредена, како исечена на неколку места и страшна. Да не знае некој значење ? Ако воопшто го има..
Сонував желка бе. Беше мала, па стана голема, моја си беше и никој не смееше да ја чепне. И еден ден почна да раѓа желчиња, не јајца туку буквално мали желки. Се пораѓаше на прагов од мојава соба и прво се радував, а после имаше премногу мали желки па се уплашив, и се зголемуваше бројот постојано и постојано додека не се испаничив и скокнав од кревет. И што значи? Јас многу ретко сонувам и вака некоја глупост кога ќе сонувам ептен се нервирам.
^прекрасен сон, синбок на виталност,безсмртност,плодност....следниов период ќе ти биде феноменален на многу планови во животот,највеќе во љубовта
Пред некоја вечер сонував луд сон.. Со мојов сме биле на гости кај некој постар пар од 40тина години. Мажов излага негде и остануваме јас,дечко ми и таа теткицата сами во дневната. Наеднаш седнува таа до него и му ја стави раката на колено, почна до го милува и да оди знаете кон што... Јас сум полудела и сум почнала да и се дерам и на тоа очекувам поддршка од мојов (нели), а он ми се врти и ми вика е добро де, може тројцата да... И тука ми се спојуваат жичките и си одам,а овој трча по мене и така и некако ми заврши сонот,во мољакање да му се смирам. Ама не му се смирив.
Се сонував себеси, многу бев убава и насмевната, сета блескав. Мислам дека стоев на некој шанк сама и пиев нешто ама онака сосема сигурна и со самодоверба.
Сонував како една другарка,добро не ја глеам и баш како другарка,дошла кај мене на некоја прослава и сме се лапале у некоја соба .Сме се криеле од мајка ми,послем тоа сум отишла негде и кога се вратив неа ја немаше. Што значи ова ако знае некој нека ми каже.Проверив во соновник ама нема ништо во врска со тоа.
Сонував дека сум билан а фризер, таму била брачеда ми и си праела фризура, после наеднаш се најдов дома, сме имале многу гости масата била преполна со кифли салами, и сум јадела кифла и салама, толку беше сонот.
сонував како забот ми се изронил малку значи ке стиснам со забите и осекам како имам ронциња заб кога станав и цел ден некао стварно ме заболува забот на тоа место а во сонот не ме болеше само се ронеше
Сонував како требало да одиме некаде со една другарка,така поголемо друштво, и на крај сум им рекла дека не одам оти не сум можела.Другарка ми ми се налутила и почнала да ми вика како секогаш на крај јас заебувам воа ноа...и мене почнале да ми течат солзи бидејќи ми се развикала. Сноу?
eva11 - штом на сон не те болеше забот, немај гајле. Зависи и кој заб ти се ронел, ако е преден некој близок можеби ќе се разболи но нема да е страшно , ако е катен некој далечен... CIA- ќе се радуваш нешто, можеби некои радосни вести ќе ти каже другарка ти, па во друштво ќе биде среќата MiniMouse7391- зависи и како си ги сонувала умрените, дали ти збореа, дали ќутеа, што ти кажаа, правевте нешто, ти кажаа да правиш и сл