Сонови

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од Claudia, 22 ноември 2009.

  1. xxAngelxx

    xxAngelxx Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2010
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    968
    Пол:
    Женски
    Сноу сонував како гледам две аптеки, после бев во кола со една плавуша, се возевме одевме некаде, беше навечер и одеднаш на патот пред нас видовме друга кола како застана(како да беше нејзина) одеднаш и ми вика женава леле мора да излеземе да ја паркираме и ми покажа еден пат и ми вика еве тука нагоре имам гаража. и јас излегов од колата и почнав да ја туркам сама колата, а патот до гаражата беше како брег, и од доле до горе ја туркав колата се додека не се качив горе. и после ова видов едно многу високо зелено дрво, на него имаше змија која се врткаше, и одма после тоа до мене видов уште една црна змија долга беше бајаги, и рипна на мене одеднаш ме боцна на задникот, ама не и беше тоа јазикот, боцкање од неа почувствував и толку не се секавам што понатаму, веројатно се разбудив од боцкањето.
     
  2. theAristoCat

    theAristoCat Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2011
    Пораки:
    442
    Допаѓања:
    384
    Пол:
    Женски
    сонував дека сум враќала некој долг.
    Ама долгов не бил нешто којзнае што, туку кај нас на училиште сум била запишана во кујна па сум плаќала.
    што би можело да значи? :)
     
  3. sweet25

    sweet25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    318
    Сонував како сум била во некоја кола со некое друштво , и ми дале многу голем куп хартија сеуште не била исечена, само испечатена со банкноти од по 500 евра :D .
    Сме требале да ги пренесеме преку некоја населба и сме поминале на време и останале за нас, и плус ми рекле дека ќе ни дадат затоа уште :D .
    Значење ?
     
  4. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    го сонувавв бившиот сме праеле мубает и му виам а какко ти е со новава женска и ми вика ако ти кажам деками е убаво ќе те излажам а воопшто не мислам на него и сега како сум исплашена душава ми се треси
     
  5. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.058
    theAristoCat- внимавај на некој да не му дадеш на послужавник тема и материјал за да те оговара
    sweet25- и ти исто пази се одмуабети. Во принцип парите значат оговарање.
     
    На sweet25 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.015
    Пол:
    Женски
    xxAngelxx-од туѓо влијание ќе ти се расипе некој план, но ќе имаш ненадејна среќа
    kikav - за одредени работи си омилена
     
  7. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    a vo koja smisla omilena?
    :D :D i kade
     
  8. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.015
    Пол:
    Женски
    ^на некој план што го работиш,нешто каде што моментално доминираш....друштво,спорт,дома(ти најубаво знаеш каде си сега најдобро посветена)
     
    На kikav му/ѝ се допаѓа ова.
  9. mamma-mia

    mamma-mia Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    1.039
    Допаѓања:
    2.274
    Пол:
    Женски
    Сонував дека пред мене имало шарена кутија. Кога сум ја отворила имало некои малечки, интересни работи. Во сонот сум имала професионален апарат, ама за чудо откако ја отворив кутијата го загинав апаратот. Го барав, но како во земја да пропаднал. На школо сум била од поручек и другарками ми ѕвонила за да излезам и заедно да одиме. Сум го игнорирала повикот, зошто не сум била спремна сеуште. Кога го видов часовниот беше 13:25. Сум отишла в спална, сум зела долна облека. Мајка ми викала нешто. Сум го зела домашниот телефон, сум и ѕвонила на една од најдобрите другарки и сум и закажала средба, и одма сум и го траснала телефонот. Следно што знам било некаде 18 часот, ама веќе било стемнето, што најверојатно сонот ми бил во зима. Температурата била ниска, иако тоа не се чуствувало, и немало снег. Сум се нашла со професорката по Македонски, со една другарка и со девојчето што ми ѕвонило за да одиме заедно на школо. Тие две заминале, а јас сум продолжила со професорката. На крај сум заклучила дека професорката е вскушност RainBow :?:
    Потоа се најдов во една шума, а до мене два автомобили. Еден црвен, а друг бел. Црвениот наводно бил полиција, а белиот такси. Со мене беше и татко ми. Нешто му викаше на таксистот, мислам нешто да му врати пари ама не сум сигурна. Таксистот се согласи со таткоми макар што не знам за што стануваше збор. Потоа татко ми му намигна на човекот во црвена кола, а тој замина. Ние влеговме во таксито, а таксистот беше мртов. Одеднаш татко ми веќе не беше до мене, туку момче од 17тина години. Ме фати за врат, почна да ме дави и ме прашуваше зошто сум го издала и зошто сум викнала полиција. Му одговорив дека не сум го направила тоа и тогаш почна да ме притиска до вратата и сакаше да го бакнам. Мислам дека ми беше бивш дечко, ама ни во ова не сум сигурна.
    Snow-Queen знам дека е долго, но што би можело да значи?! Во последно време само некои глупави работи сонувам |(
     
  10. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.015
    Пол:
    Женски
    mamma-mia- те очекуваат итни работи,некој ќе ти помогне во невоља,ќе бидеш среќна поради тоа.
    после сонов зимам целодневен одмор :lol: ;)
     
  11. LaBella

    LaBella Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    1.053
    Допаѓања:
    1.102
    Пол:
    Женски
    Се изнасонував сиви глувци денес, знам дека е лошо, ама ги сонував после 12- не се важи :lol: :lol:
    така имам прочитано негде
     
  12. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.015
    Пол:
    Женски
    ^грижи
     
    На LaBella му/ѝ се допаѓа ова.
  13. girl23

    girl23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    33
    Сонував испреплетено,дури и лошо спиев некако,...Прво како сум јадела и требало да јадам риби ама големки беа...не се секавам на вкусот занм со луѓе бев...па се навраќам нон стоп на една стара зграда а не се сеќавам ни чија е ни што барам таму,и претходно имам ја сонето истата зграда и си се чудам.Па со баба ми се расправав отпосле,а починета е веке 5 месеци...и така турли тава направив сонувајќи.Некој превод на сето ова,благодарам однапред. :tmi:
     
  14. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.015
    Пол:
    Женски
    ^веселба,радост,успех
     
  15. Diamondkiss

    Diamondkiss Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2011
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    39
    Дали знае некој да ми каже што значи следниов сон:

    Сонував дека зборам на мобилен со Роберт Петинсон, и гласов му го памтам и ми зборуваше британски баш како него, и зборувавме нешто не знам не се сеќавам и на крајот јас сваќам дека уствари мојата братучетка ме зезала дека усварни она била...и се нервирав во сонот, а исто и сега хахахах што не е вистина ! :D
     
  16. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.015
    Пол:
    Женски
    ^те очекува лош период
     
  17. girl23

    girl23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    33

    Фала Сноу,мислев да не е нешто лошо.
     
  18. smiley22

    smiley22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2012
    Пораки:
    670
    Допаѓања:
    350
    Што значи да сонуваш силување,односно како некој те силува?? :lol:
     
  19. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    а кучина да идат така по тебе потоцно моето куче и уште 2-3 бели малецки
     
  20. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.058
    smiley22 -ќе ти се деси некоја непријатна случка, можеби ќе се засрамиш за нешто.
    kikav- куче значи верност, доколку можеш да си ги претумачиш кученцата, според приајтелите, тогаш можеби ќе откриеш од кои блиски личности би очекувала верно пријателство.
     
    На smiley22 му/ѝ се допаѓа ова.