Сонував како сум родила машко здраво бебе. Мајка ми ми кажа (во сонот) дека морал да се вика Димитар, зошто така требало Пораѓајот ми бил мноу лесен, за 5 минутки сум родила, а и го држев бебушот во раце. П.С не сум трудна
блонд едни викаат дека машко е ангел, други спротивното.... доколку името Димитар ти значи нешто тогаш поврзи го ангелот со него, а доколку не, отиди до црква(ако си верник), па запали свеќа на св. Димитрија. Од друга страна, можеби второто дете ќе ти биде машко Јас да ти кажам ич не верувам во сонови, иако понекогаш знаат да ме предупредат за нешто што следува. Сепак мислам дека се тоа ’вести’ од потсвеста . Се надевам дека ти помогнав некако со тумачењето
Името воопшто ништо не ми значи. Во право си, можеби сонот ми е плод на потсвеста. Последно време постојано ми се врти во глава идеја за второ дете.
Не се сеќавам целосно на сонот, само знам дека наеднаш се најдов на железничка пруга и БАП.. ме штракна возот а јас се разбудив испрепалена
^Означува хаос. Твоите планови и цели нема да одат по планот. Од друга страна, можеби ти недостига самодоверба и имаш дилеми за тоа каква е твојата способност во достигнувањето на тие цели.
Сонов го сонувам втор пат. На парцелата до нас (практично гооолема ливада) наеднаш доаѓаат многу болнички возила. И во едно од болничките возила била и мајка ми (иначе е докторка) и излегла со трчање и кога ја прашав што се случува, ми рече само "немам време, сега треба да пристигнат" И по брзо време, пристигнаа други болнички коли кои носеа изгорени луѓе. Целите со изгореници, од глава до пети. Згора на се, беа живи и постојано викаа. И двата пати кога го сонував сонот, токму тогаш се разбудив. Може ли некој да ми каже што значи ова? Spoiler И не, немам гледано хорор филмови и си немам замислувано такви сцени И уште едно нешто што не можам да си го објаснам. Ми се има случено три-четири пати, и ми се чини дека имам пишувано на темава за тоа. Сонувам дека ме повредиле, скршеница, било на рака или на нога и потоа се будам со големи болки на истата рака/нога.
аууууууу сонови не се издржува вака таман ке престанат и по некое време ете ги пак претскажувачки лоши сонови
FortuneTeller.xD -непријатни новости и случувања -има разлика дали е рака или нога, или пак и двете.како било едаш едното друг пат другото,или како?
Денес сонував многу хаотичен сон, како постојано пешачам(а не смеам), како од една на друга страна одам, таман ќе стасам на едно место, веќе се наоќам на друго. Е добро сеа нормално ова ми е се од секојодневието, од психата и сфаќам дека морам да се средам малку со мислите. Како и да е, соновите кои не знам што значат ги читам од ваму http://riznica.com.mk/Sonovnik/ . Еднаш сонував цунами, барам и му викам на маж ми , така и така , сонував цунами, а го нема во соновникот. Он се замисли и ми вика, “па тоа е нов поим, оф пред некоја година, затоа го нема“ Во реалност за мене значеше уште еден турбулентен период во животот, па така скоро секогаш ако имам некој сон кој ме замислил, си барам како можам да го поврзам со мојот живот, впрочем се е тоа од нашето секојдневие, само во друга форма, по филмски
Последниве неколку месеци само земјотреси сонувам... според соновникот на фемина, значат големи промени во животот (тоа може да биде точно, со оглед на тоа што се селиме наскоро), и убави вести, бидејќи јас во сонот само ги чувствувам земјотресите, не бегам, ниту пак нешто се руши, не знам. Ете и ноќеска сонував земјотрес, силен, ама многу краток (да не здрмало некаде случајно? )... во други соновници пишува дека тоа значи да не ги заборавам своите должности спрема црквата... ????? не ми е јасно....
^да да или пак ако си се зарекла за нешто дека ќе отидеш,ќе оставиш во црква, ќе постиш а не си го направила тоа
Мене ако ме прашаш кога сонувам земјотрес, редовно е некоја промена, а ти доколку веруваш во црква, тогаш отиди си, запали свеќа, посакај си мир , среќа и спокојство во новата средина за која се подготвуваш.
Не сум се зарекла, ниту сум ветила нешто. Ама секако викендов ќе одам в црква, и онака имаме крштевка, па ќе запалам свеќи. Не сум некој голем верник, во Господ си верувам, венчана сум в црква, сакам и малиот да го крстиме, ама дека нешто редовно одам в црква - не баш. Само за големи празници. Кога бев во Охрид, одев редовно, ама сега не. Изгледа ќе мора тоа да се промени. Мене поверодостојно ми е тоа дека ме очекуваат промени, не само мене, сите тројца, и најверојатно потсвеста ми работи поради грижите околу тоа што и како ќе биде, особено за малиот, дали ќе се прилагоди и како ќе го поднесе тоа.
Забегавме малку со темава, но сакам уште ова да ти додадам, нека не ти е шубе ако не одиш во црква, тоа не те прави помалку верник од оние кои одат секој ден. Впрочем верувам дека и сама знаеш што има кажано Исус, црквата е во секој човек. Твојата душа, вербата во Бог, благодарноста и почитта кон него, е она што е потребно. Немој да се зарекуваш, а после да ти биде шубе.
Последно што сонував беше како шиптари ја напаѓаат мојата куќа (кај што живеев со моите), поставиле динамит од нашата страна и го активирале ама не видов дека се сруши куќата, туку цело време бев уплашена, бегав, се нервирав, од секаде бев опколена со шиптари кои пукаа од секаде, не знаев што да правам, така престрашена не сум била никогаш на сон. Имам слушнато дека ако сонуваш шипатари, не било лошо, светци те чувале а и пукотниците веројатно би биле гласови. Гласови имаше, новости да, ама тие ни нај малку не беа убави. Затоа не сакам да сонувам, зашто после треба да толкувам што ми значи сонот и да го поврзувам со настани со мојот живот. Некои велат дека сонуваш тоа што ти е во потсвеста или некој настан што ќе ти се случи. Напад од шиптари не ми бил во потсвеста, ниту ми се случи.
Сонував како сум си седела во собата и така ненајдено дошол нагости еден шо се смувавме...и седнал во собата и почнал да ми свири на гитара и да ми пее (ама траума било тоа за моите уши ) и така целата кисело насмеана сум му рекла ее нели ми кауваше дека ќе зимаш часови по гитара...И во собата дошла и другарка ми,и почнала таму нешто да раскажува,не запирала,и јас со овој сум си правела фаци,како демек што и е на оваа нека не остави сами,ама уствари сум нејќела да си замине другарка ми од собата...и мислам дека овој мувачов на крајот видел,невидел дека нема да останеме сами и си заминал (фала богу) И после како што сум си седела во собата,сум слушнала од џамот,како во таа куќата што изгоре,тропал некој во натре...дедо ја отворил вратата од куќата и кога видел во натре седела некоја наркоманка,и мене многу ме фанало страв,да не ми направи нешто,оти ми го видела лицето од џамот,и знаела каде живеам.
Сонував долг сон, во неколку фази, ама се работеше за една ствар само - вереникот ме изневерувал и јас го фатив на компјутер кога таа му пишува пораки на фб, нешто како - колку ми беше убаво со тебе бла бла чувства некои. Јас без разочарана, неможев да верувам дека навистина го сторил то, а ме убедуваше колку ме сака. Кога го фатив стана без да се правда и замина без да се соочи, замина кај неа. Низ сонов многу тагував, плачев, многу плачев, ја барав неа. И го дознав иднентитетот и накрај, пред да одам да ја запознам дознав дека скоро настрадала во поплава од брана. Одеа мажи да ја спасат, меѓу кои и мојов. Заминав со нив и јас. Едно дете ја извади и ја донесе пред мене. Јас ги растргав сите и и давав брза помош, ја спасив. Ја качив на рамо и ја носев по патот. По истиот пат по кој ја носев на рамо читав порака на ѕидот за благодарност од неа и извинување за болката што ми ја нанесла, нели и го спасив животот. За момент се гледам си одам така дома по бањарка и водена, по улици, пред да влезам во улицата каде живеев кај моите (изгледа сум си заминала кај нив) ме застанува комшивка и ми вика - видовме известување дека на испитите си имала најдобри резултати па те избрале да полагаш за адвокат. (ова без врска). Во главата ми се вртеше само мислата дека ќе го напуштам вереникот и ќе заминам далеку од овде да си ја барам среќата... Абе сонов, морници ме лазеа кога станав. Мразам кога сонувам лоши работи, цел ден се осеќам лошо после. Ќе ми даде некој толкување?