^мал лош период неверство-но не значи прељуба, на пример не одржано ветување, потоа болест....но сето тоа кратко ќе трае....ќе добиеш пресврт на настаните каде ти ќе бидеш задоволна и среќна
Сноу -Квин ќе имаш многу работа. Пред да почнеш да читаш напиј се- Епа ваков е мојот сон денешен : -Јас сум била некаде на океан или на море (не ми текнува баш добро) Таму било преубаво,прекрасно.Сончево време-палми плажа сино море,ресторанчиња кафичи,а местото каде што сум била сместена било на самата плажа нешто ви стилот на див запад. Сум погледнала во небото-прекрасно.Ама не сум се смеела. И потоа сум си седнала на плажата(се гледав некако од позади не во лице) Сум рекла-Уф колку сум уморна,да си седнам јас.Морето беше чисто,сино,убаво а подоцна и малку бурно. И наеднаш од некаде ми излегла Величествената Султанка(од серијата величествениот)ама нормално облечена во кратки панталони,апостолки и маичка сиво-жолта. Потоа влегла во една кола црвена многу убава и нова со две седишта а позади ваква била. И наеднаш со колата влегла во морето/океанот.Отишла во длабокото со колата и за пет-шест минути се вратила со брзање (со колата возела по вода) И опп се појавиле бранови. И јас сум сакала да се спасам некако и сум скокнала во тоа позади на колата а со мене дошла и форуџиката Глоси-Грл. Секако не ја видов во лице(бидејќи не ја знам) само како мистериозен лик-Глоси-Грл. И така..што ќе кажеш сега ти ?
^ааа вака веќе може, воведувам ново правило за секој подолг сон за толкување мора нешто благичко или сокче вака биди внимателна, самите новости ќе си дојдат, и тоа убави. не плаши се од малите падови, бидејќи на крај па ќе биде по твој план.
Што значи да сонуваш земјотрес? Синоќа ужас ми беше сонот, дрмаше силно земЉопотресение и тоа два пати. А ние се смеевме ко луди и трчавме низ станот (со друштво бев) да застанеме под тоа рамките (како и да се викаат) на вратата. Многу беше језиво, а цело време се чувствував среќна. Creepy.
^си го предвидела земјотресот во подрчјево Битола-Охрид има две значења: брзи неочекувани промени, или должности спрема црквата
Добро што е финтата со соновникот? Синоќа сонував дека сум излезена некаде, и одеднаш тргнавме како по една угорница со друштво како што е накај споменикот Македонија во Крушево и гледам дека сум гола, и сите ме гледаа и ми нудеа да се покријам оти требаше да се сликаме, а мене ми беше сеедно дури и убаво- се чувствував како девојките од рекламата за Орка од пред некоја година што се сликаа само по патики, ама на крај облеков еден дуксер од некого. И сега пишувам во соновникот гол и видете која контрадикторност А не е ова , затоа што јас не се обидував да се покријам, пријатно ми беше и гола во патики И сега се прашувам што ми значи сонот?
Сум сонувала дека ќе се мажам и идната свакрва ми рекла дека она ќе ми купи венчаница ама до денот на свадбата не ми дава на денот на свадбата ми дала црна долга венчаница и црн букет
сонував како сум дознала дека татко ми уил човек ц ц ц и тоа татко на моја другарка...................човекот не бил некој добар ама пак човек................................ па дури и роднините на човекот не беа многу потресени и не биле многу лути освен една мислам дека му беше жена ама беше мн млада и убава а мислев дека и на ќерка му не и е сеедно..............................и јас мислев на тато нешто му направил па затоа а тоа на татко ми му наредиле некакви мавиози па сум му рекла на тато дека е глуп........................ јас сум била на факс (тогаш уште не знаев за татко ми) па таму дошол да студира симпатијата од основно и сум рекла леле шо бара овој тука (пошо многу кратко ми беше и тогаш симпатија после не можев да го поднесам) каков лош сон да му кажам на татко ми ќе се навреди.................................... а пред тоа............................ ................................сонував како патував во воз..........требаше цела ноќ да патуваме........... и во возот имаше некој наркоман ама апла исушен што изводеше нешто..........................како шоу да правеше и сите го сакаа и сакаа да го слушаат а јас само правев некакви фаци ама глеав да не ме примети да не излезам невоспитана и почна да ми приоѓа тука као ја да бидам дел од шоуто и си реков леле овај ќе ми се пушта ама тоаш дојде типот шо се свиѓаме и седна до мене и со тоа го избрка и толку на друго не се сеќавам матен ми стана сонот.
Сонував како со мојата баба и уште една личност со нас машка беше но не ја паметам одевме некаде. Баба ми ни го покажуваше патот, таа веќе била таму,исто така ни кажуваше по која страна да одиме, таму каде што е чисто. Стигнавме до местото а таму имаше два бунари, нешто како дупки. Ни рече е овде можете да ги фрлите парите што ги носите и да си замислите желба, Јас за мојата желба фрлив 150 ден. потоа замислив желба и за друга личност и фрлив уште 100ден. Истото го направив и во другата дупка? Значење?
Барав во соновникот, ама значењата малку се контрадикторни, па решив овде да си прашам. Сонував како мајка ми ни родила братче, машко бебе. И сеа, за бебе наоѓа ова: Симбол на невиност, топлина и нови почетоци. Во вашата куќа ќе царува среќа. Колку посреќно е бебето, толку поголема ќе биде среќата. А за брат: Ќе се скарате со ваш роднина. Ова соновников поише ме збунува, отколку што ми ги разјаснува соновите
Убаво е тоа што не си се видела во бела венчаница, обично значи смрт. А ова црното хмм, црна боја не е убаво. Ако имаш свекрва(идна, која ја познаваш) може ќе сака да ти наштети.
sesilija- дали ти се виде себеси гола, или само како поим знаеш дека во сонот сибила гола? sajonaramucaca- долг живот - патување LaDyDoLl- дупла среќа веселба AnaKarenina- новост која ќе донесе добрини во семејството
сонував како сум присутна на свршувачката на братучедка ми, беше облечена во бел невестински фустан, со долг вел и мала круничка. се поздравуваше со сите и честитаа, и сите и ставаа по една златна алка на раката, а некои и златни гердани и ланци, вратот и беше преполн со злато а и раката со алки. потоа јас бев влезена внатре во една соба, имаше и две стари жени со мене, јас ја слушав од надвор живата музика како играше со сите, и си викам игра со сите а мене заборави да ме викне, и бев многу лута. дојде некој и ми рече ајде те вика братучедка ти да играш, и јас и реков на таа, не не сакам. вториот сон ми е како брат ми имаше голема продавница. јас памтам ги редев производите, беа тоа сапуни, кафиња, разни прехрамбени продукти. еден човек внатре влезе и побара да му дадам кашкавал. третиот сон е како се качувам по скали нагоре, во некое школо а позади мене одеше другарот на брат ми. стигнав пред една училница и отворам врата,јас мислев дека влегувам на предавање, ама кога влегов видов цело одделение мали дечиња, се изненадив, после сфатив дека сум требала да им држам час, и ги прашував како се...
xxAngelxx-радосни мигови -потешкотии и неуспеси во плановите поради љубоморна пријателка/пријател -залудно вложување труд
само што сонував дека со мајка ми сме влегле во една продавничка за чевли и во неа продаваа една жена и маж, мајка ми подигна една виолетова чизма ама беше скината и ја остави, јас бев жедна и дечкото ми понуди шоља со лимонада, ја испив и се свртов да излеземе со мајка ми и тогаш жената што продаваше викна да ја платиме лимонадата што ја испив. Има некој што знае да ми го протумачи сонов?