sajonaramucaca- сонот со Fb сум изумила да ти го протолкувам ,значење: грижи другиов сон, неочекувана пресврт на настаните Nastjaaa4- кавга,тага Sara123- се брзам морам да излагам,штом ќе се вратам попладне ќе го протолкувам (зошто е поголем) фала за благцето l..o..v..e - семејни грижи
Што значи да сонуваш дека те каснало куче ? Изгледаше многу мило,личеше на човек во главата сакав да го погалам а тоа ме касна.
Сонував дека правам свадба, само веселбата на крај, на отворено, како во парк или шума така нешто, бев облечена во бела огромна венчаница со црвени чевли и црвен букет, така стоиме со дечко ми (маж ми во сонот) и доаѓаат гостите да се сликаат, ама мене не ми се допаѓала позадината и зeмам црвен тенок материјал и ја закачувам на оградата да не се гледа позадината на сликите и така се сликаме, кога завршува сликањето дечко ми ми вeли "ајде да се видиме со гостите да не стоиме тука додека некој друг не дошол да слика", се тргнуваме на страна и се проближуваме на некои клупи каде што седат многу непознати луѓе, во еден момент се вртам и ја здогледувам баба ми, потоа му се обраќам на дечко ми и му кажувам "види баба дошла ајде да се поздравиме", но тогаш дедо ми ме фаќа за рака и ми пружа пари, јас ги зимам парите и тој ме прегрнува, кога ке пробам да се пуштам тој силно ме повлекува накај него и ме прегрнува уште послино и ми вели "не ме пуштај керко, сега те прегрнав па кој знае кога пак ке те видам откако ке заминеш". тогаш се рабудив
Sonuvav kako se shetam so eden drugar i toj mi pokaza slika. Na slikata bea edni decki sto gi poznavam i toj mi rece deka edniot mu e drugar a inace vo realnosta ne e taka. Znaci gi vidov na slikata. Potoa sonuvav kako od zabot kinam konec i mislam imase malku krv ama so toa mi pominala bolkata od zabot. Se izvinuvam za latinica.
Го сонував татко ми како ослабел многу, пуштил брада и као болен изгледаше и го гушнав и плачев кога го видов таков..А потоа се најдов во една продавница и пробував многу маички ..
Сонував како јас спијам во еден кревет а мајка ми влезе внатре и ги тргна грицките пред мене ги стави на маса, после јас се разбудив и видов дека ги нема до мене и станав си зедов една бела чинија и од масата си земав грицки, пица имаше разна вкусна храна. после ова видов како брат ми станува од спиење среде нок, како да сметаше некој надвор пушташе музика, неможевме да спиеме од него, и отиде да се расправа со него и одеднаш ја слушнав мајка ми како вика по мене да сум отишла таму бидејки почнал да се тепа со тој човек брат ми, и јас бев многу исплашена во тој момент, и само знам дека истрчав во собата кај што спиеја тетин ми и тетка ми, ги видов легнати во спална и го тапкав по лицето тетин ми да се разбуди, да дојде со мене....
Веќе втор пат сонувам како носам црно бел невестински фустан. Првиот пат сум била дебела на свадбата и сите освен мене знаеле дека ќе се мажам.Снаата на дечко ми ми врзала бела лента околу колковите на сонот и ми рекла демек ,ако немаш време да купив бел фустан , барем имај нешто бело на тебе .Сум побегнала со полна чанта пари и подароци ( под изговор дека заминувам да си купам бел невестински фустан во последен момент ) и не сум се омажила. Вториот пат (на синоќешниот сон) сум била слаба и многу свесна и среќна поради свадбата. Фустанот бил на црна основа со белузлави овали низ корсетот (кој ,патем ,ми бил преширок и кројачката морала да го тесне во 5 до 12 ) и нај на крајот ,ми стоел баш по мера. Арно ама ,сум немала чевли и ми запнале сите оди та купи си. И одам чевли да си купам ,наоѓам едни бели ,ко со дијаманти ,ги пробувам - ко лиени ми стојат! Ни нога да боли ,ни мака да ми е (а височки биле ) и велам овие се идеални и готово ,мои се! И некој батка ми запнал демек "можеше да земеш нешто погламурозно ,овие малку ко старски се " и како да ме премислил за момент , ама сум си останала на своето и триста мераци сум им истерала!
Ах да , и друг сон кој го сонував - отворам фрижидер и во него наоѓам сендвичиња со малеци плескавички.Лепчињата биле мувлосани ,па сум си рекла "ај нема везе , ќе ги изедам само плескавичките"
Ја сонував брачеда ми како прави свадба(во реланиот живот таа е веќе мажена), но немаше музика туку еден куп народ и се движевме накај ќуќата од брачеда ми(кај што живееше пред да се мажи)? Ме плашат ваквите соновии
јас па не сум човек секоа вечер сонувам по еден куп соништа, и тоа од глупи по глупи вчера го сонував татко ми како навечер станувал волк, денес пак јас бев самовила абе незнам што мозок ке беше ова моето супер активно работи
Sara123- Сара извини што доцнам со сонот, па затоа еве ти тебе благце 1Сон-кавга со некоја пријателка 2.Сон-задоволство во блиска иднина 3 Сон-внимавај неважни рабти да не ти го одземат вниманието girl-miri- мали шанси за подобрување на некои планови
Сонував дека сме знаеле сите од фамилијата кога чичко ми ќе почини и сум правела се да го сменам тоа да не се случи. И сабајле кога станав многу бев растревожена, што може да значи?
Пред некое време, мајка ми го сонувала мојот починат дедо, истата вечер по изминатите 40 дена од неговата смрт како само стои, а во рацете го имаше истото кесе и лебче кое го имала земено на задушата...и си рекла: -Леле, само лебче има?!..... ....Дали е случајност, или што може да значи?
Сонував безвезе сон(знам дека во текот на ноќта многу ми беше тешко, како некој да ме згмечува, па се подразбудив па пак заспав)и на сон бев во иста просторија со црна мачка, ама немав контакт со мачката, се плашев од неа и само ја гледав и поминав покрај неа, а таа беше в раце кај едно девојче што го знам само од гледање(никогаш контакт сум немала со девојчето) и после кога излегов од куќата диреткно се најдов пред зграда кај моја бивша другарка(инаку куќата од кај што излегов не стои тука,ама на сон беше таму) и пред зградата беше бивша ми другарка со нејзината кума и уште некои луѓе, се поздравуваа, едни пречекуваа други, а ја само поминав неосетно покрај нив и си заминав. Што би можел сонов да значи? Едит:ова ми го пишува во соновников од фемина Црна мачка Внимавајте! Се крои опасен заговор против вас.
Што ми се случува со соновиве незнам?! Сонував како некој пријател на татко ми (кој во реалноста таков не постои,а јас сум го знаела) сум го замолила да ме однесе кај ена жена (психијатар).А таа жена во реалноста постои,кај неа на психијатар сум одела пред 2-3 години.И тој пријателот ме однел и јас сум ја видела и сум и рекла дека треба да се видиме и толку од сонот.....
Драги феминки вчера сонував: Како сум била во некоја трафика и дечкото што ми се свига(преттходно имаме излезено) бил таму сум стоела на вратата и ме замолил да се поместам јас сум се поместила и потоа сум се вратила во истата положба. Ми рекол нели тргни се од вратава и јас не сум сакала и ми рекол абе ајде тргни се сме се фатиле за рака а преку патот имало како дискотека (на местото на таа дискотека во сонот во реалноста има зграда со продавници) и сме отишле и јас сум му рекал повторно сакам да бидам со тебе а тој лут ми одговорил кога те прасав дали ме сакас ми рече не дали сум ти симпатија уште ми рече не кога ти реков сакаш да бидеме заедо пак не имш ли некој да ми каза епа сега оди кај него и си влегол во дискотеката. Утредента сум и се јавила на една другарка која не ми е во друство да и раскажам што се случило и ми рекла ддека знае сите не слуушнале затоа што гласни сме биле и ми рекла да му се јавам да се извинам и јас сум направила така ама ми рекол да одеме да кафи и да решиме се и се разбудив
.................ахв морав да прашам и за ова језа ме полази долги соништа се али ќе скратам.......................... 1....сонував како комшиката закопувала мртво бебе у двор али никој да не ја види само јас низ прозорец ја видов а после сонував како вујко ми дошол и закопал мртво дете али во нашиот двор.............................. јас не сакав да и кажам на мама, да не се засекира плус си реков да биде тајна шо ќе ја искористам кога ќе ми одговара....................................али си реков ајде па нешо вртев одоколу али уште не и кажав веќе се изнервира и доби хистеричен напад онака као луда се понашаше и така на два пати ја смирив толку........................................... 2....беше велигден ноќта и со мајка ми и татко ми бевме во црква и нормално имаше луѓе внатре али само внатре..... не и пред црква како обично значи не претерано многу као по обичај......... и седев на едно столче покрај масичка во црквата сите се крстеа и повторуваа по попот само ја не бев заинтересирана (не знам шо ми беше али као сатанист се осеќав) али во еден момент станав и се придружив кон толпата и нешо со тато и мама преминавме најназад за први да излеземе коа ќе дојде време да не се туркаме али тато нешо беше мн гласен...... сајонара застани овде сеа ти не вака сајонара онака и попот ме опомена мене сајонара вистински верник почитува литургија не ја прекинува не постапува така.............. и слични предавања..............и ја си реков во себе па татко ми збореше а ја крива испаднав само зашо моето име го слушна.................. 3...пак се разбудив па друго сањав али мн филмски беше од другари, професори, домашни па филмски глумци имаше тука.................... меган фокс ми беше другарка во група................па имаше другарка шо 5-6 години не сум ја видела идевме заедно на предавање, класната од средно ни рекла да донесеме снег и да правиме снешко во школо...................па ја донесов снег............па дома ми кажуваа шо да му употребам и како.........................па мама најми некој уметник шо работел на проект скопје па он да ни направи нешо на мојата група и беше мило али мене ми беше криво пошо јас сама сакав....................................... и класната за среќа дојде и она ни одредуваше шо да работиме...............па на наша група ни рече мерлин монро да ја направиме со снегот..............тоа било мн тешко............ другаркава шо беше као меган фокс ја направи елизабет тејлор наместо мерлин и ја ја довршував али ми го уништија тогаш снешкото другите од групата као на зафрканција се гаѓаа со топки и ја им викав дебили и после класната прашуваше кој го уништи али сите се браневме меѓу себе............... и после почнува филмскиот дел не раскажувам и детали и кого и шо се не сањав пошо мн долго е само бевме у животна опасност ја и другарки па филмски ликови не спасуваат па се борат со други, па политика била вмешана и ја викав па шо ме интересира мене тоа и на крај се спасивме и тоа..........................
..............а и шо е најглупо снешковците у затворен простор ги правевме на маса у библиотека и парно имаше....................идиотарии сонувам.................................